Не знам кога си славела матура, ама јас како што знам 3-4 години уназад сигурно е така, за пред тоа не можам да гарантирам, ама верувам дека било. Демек да не излегуваат надвор да се напијат па да се враќаат, да се глупираат.... Абе добро, можеби звучи смешно ама па замисли на што би личело доколку сите прават влез-излез. За пушење секаде има терасиче направено, така да реално и нема причина за излегување пред да решат да си одат. И не се слави матура 12 саати во ресторанот. Сите доаѓаат околу 11 и кај 2 веќе си одат за да продолжат по дискотеки, никој не доаѓа на време и не седи до крај веќе, за жал, сите со душа како да чекаат да избегаат бидејќи нема алкохол, џабе платиле. Јас да се прашувам би останала до крај, тоа е еднаш а во диско можеш кога сакаш. И за балетанките, не знам што би ти кажала бидејќи не сум го направила тоа, обврска ми било носење два пара чевли, затоа си купувам удобни штикли, а не колци и после да одам како на јајца, па која е убавината и елеганцијата во тоа.
Матурантка бев пред 2 години. Имаше пушачи и имаше такви кои едноставно сакаа да излезат на воздух, да примат честитки од другарки кои задоцниле да го видат свеченото влегување а алкохол се служеше внатре и со право затоа што бевме полнолетни. Прв пат слушам против слободна воља на човека да го заклучат в ресторан. И ти и Марамка сте многу во право за чевлите и се согласувам, ама девојкиве нерационално трошат пари од домашниот буџет. Имам пишано за другарка која на цела немаштија соши фустан од 8000 денари само за да се слика во него, исто купи и чевли кои ги соблече. Веднаш по влегувањето, вечерта ја помина во фустан од Нова Година и балетанки од летото. Тоа мене не ми е во ред, и тоа и сето перчење. Зошто да незнаат да се движат во штикли ? Ако веќе имаат проблем со тоа нека одберат нешто што е нивни стил, во кое ќе се движат и чувствуваат удобно. Вистинскиот избор на чевли е клучен за тоа како ќе ја поминете вечерта. Моите беа 12 +, не само што ја поминав цела матура во нив, по некоја случајност и на свадбата цела вечер завршив со нив. Сандали со ремчиња кои делуваа деструктивно за ногата, а мене ми беа толку удобни. Редакт и Ади потсети ме , влегувањето кај нас беше во 6 или 7 ? Седевме до кај 2 за после да продолжиме до кај 6 наутро по Расчекор, барови...ваму таму...
Феминки хелп! Годинава сум матурантка, шијам долг фустан со гол грб... е сега проблемот е во тоа што имам прилично големи гради, па не сакам ремчето и прслукот да ми штрчи сред грб, не сакам ни силиконско, а без прслук нема шанси, како баба ќе изгледам.... ШТО ДА ПРАВАМ?
Јас пробав на овој начин и функционира. Се надевам дека ќе ти помогне http://www.extrapetite.com/2012/12/diy- ... r-for.html
уште кога го видов фустанот знаев деека ваков ке шијам за матурава и бидејки не најдов сличен на него морам да го шијам па ми рекоа 4500 со нивен материјал и еве ја мојата целосна комбинација(штиклите не се лобутонки како на сликата но моделот и бојата се исти)
Сестра ми така правеше на рецепцијата има место за оставање палтиња и некои ствари ако не си информирана можда во секој хотел не е така но ако има може да си ставе неможат да направат проблем
Незнам од кое градче си,али во Скопје никаде нема.Ни во Палас,ни во Континентал ни во Холидеј Ин. Рецепцијата НЕ СЛУЖИ за штикли оставање и палтиња. -.-
^ нее многу е обично некои вакви по свечени ,оти нели еднаш е матурант http://es.aliexpress.com/item/Male-...s-business-shirt-cotton-CS-211/331589493.html
сакав да пишам ДА, ама кога подобро размислам значи јас сум купила свечен фустан елегантен, накит и штикли исто,шминка се.. и сега партнерот да ми биде во фармерска кошула или фармерки малку не е баш убаво секако може добро да се искомбинира ама ЗОШТО кога може да си земе елегантна кошулка соодветна, фармерското нека го остави за следниот викенд, за искачање, за школо, шетање што и да е лично обожавам вакви кошули и соодветни се ми за се ама за матура некако јок
Па може, секако доколку си ја искомбинира убаво. Ама и вака едноставно изгледа многу убаво. Матура е, не е младоженец до бога, не мора толку дотерано.
Сега секако се комбинира. Не мора да значи дека ако е матурска мора да е свечен фустанот, матурската секој различно си ја сфаќа, некој купува поедноставен фустан на пример, за да го облече и друг пат, а некој и само за таа вечер и никад више. Ако брат ти има желба пред се, и најубаво би се чуствувал во тој стил зошто да не? само треба да биде убаво искомбинирано, така поелегантно на висок стил сега нели зависи и каква е кошулата ама може да стави лептир машна или трегери во комбинација со панталоните или чевлите, ама никако фармерки. И кошулата обавезно во панталони (и каиш пожелно е ) На оваа последнава слика треба да стиснете да ја прикажете цела зашто дечкото на третата слика не се глеа xD
Дечки фустанчето ми е слично на ова во бојата е сега сакам да го искомбинирам со розеви штикли, плик и накит. Кажете ми некоја друга боја што би одговарала а да не биде кремова
Доколку бев матуранка дефинитивно ќе носев ваков фустан...Мислам дека е перфектен за 18 годишна девојка...