@Anna-Banana Премногу е рано, ама јас со подготовките за вечерта веќе завршив. Сакав се' да средам со време, па веќе во второ полугодие да се посветам на испитниот дел (знам дека ако оставам нешто, мозокот ќе ми лета по облека тогаш кога најмногу треба да се концентрирам). Фустан шиев кај Филиповиќ, после втора проба го зедов. Долг е. Поминав до city mall, во две/ три продавници. Веднаш избрав штикли и плик. Фустанот ми е едноставен, а елегантен. Не сакав да се трупам со акцесоари, купив само обетки. Тоа е тоа.
Знам дека е премногу рано ама јас ептен сум неодлучна,морам да одам до пред Нова Година кај некоја шнајдерка да закажам за шиење,ама не можам да се одлучам :\ Со здравје да си го носите инаку
Јас би ја препорачала Фросина Младеновска од Кисела јабука (после Ѓорче). Јас кај неа го шиев мојот фустан за матура и сум ПРЕЗАДОВОЛНА.
Јас годинава сум матурантка и постојано некои велат поубаво да се шие други поубаво да се купи .... како мислите? Во глобала јас подетално за фустан ќе мислам второто полугодие и би сакала долг тесен, црн фустан ама не се знае што ќе налепам.
Јас цело време си барам фустани Сакам да биде негде до колена или над колена, тесен. За боја немам одлучено, рано е сеуште. Во глава од прилика имам замисла како би изгледал. Сакам да го носам и после, не планирам да ми седи во плакар.. Иначе планирам да го шијам кај Ивана (така мислам дека се вика) во Ѓорче. На сестра ми и има шиено неколку фустани до сега па сите и се погодени, така да сигурна ми е.
ии јас сум овааа година матурантка постојано разгледував различни модели на фустани за шиење несакав да шијам бидеќи на повеќето фустаните не им излегуваат такви како што требало..па затооа го порачав од интернет ии треба да ми стигни за 1 недела мозеби сеуште е рано ноо сепак јас да си имам се предвреме иначе фустанот е долг нее е кич за да несум како некоја теткицаа.на горниот дел има како светки ии надолу е обичен бојата е светло синаа...ии одвај чекам да ми стигне да видам каков ке биди дали сум го погодила
Девојки, почнуваат полека овогодинешните матурски еуфории па би сакала да побарам совет. Сакам да шијам долг фустан и материјалот обавезно од половината надоле сакам да е жоржет онака само пуштено лелеаво. Меѓутоа немам никаква идеја како да изгледа горниот дел од фустанот. Се утепав барајќи по интернет ама не најдов ништо интересно за горниот дел. Ќе напоменам дека не сакам чипки да има или оние цели корсети шљокици и камчиња везени и затворени до грло фустани, сакам да ми е комотно зашто не трпам затворено напред, па ако ви се види нешто интересно или ви падне на ум, споделете. Исто така се двоумам околу бојата. Се мислам помеѓу вино боја фустан со крем штикли-сандали, ташна се тоа додатоци или пак некоја понежна светла розева исто така со крем нешто или друга боја која мислите дека би одговарала. Секоја ваша идеја е добредојдена.
Ако шиеш со време, а попаметно е да се купи зашто нема да се замараш со постојани проби, нервози итн .
Можеш да одбереш некое кратко фустанче ама да не е минич туку да е нешто убаво еднобојно со убави штикли мое мислење е и косата да ти биде со венче плетенка и надоле колкни ако ти е долга косата а ако не тогаш можеш пеглана или фенирана поздрав
Видете ги фустаниве на Валдрин Сахити, дизајнер од Косово https://www.facebook.com/ValdrinSahitiOfficial/photos_stream
Јас го шиев мојот фустан во Сакам Мода и сум повеќе од презадоволна. Тоа ми беше прв пат да шијам фустан и ептен ми беше страв дали ќе искочи како тој што го сакав јас, дали ќе ми стои убаво... Кога ме викна на проба, верувале или не, немаше никаква потреба за било каква корекција. Фустанот беше прекрасен !! И одтогаш нонстоп шијам фустани кај неа, до сега сум презадоволна Еве ви линк на фб, можете да ги видите фустаните https://www.facebook.com/sakam.moda
Душо краток ти треба, а не долг... Кажи ми висока ли си?? Ако си висока тогаш можеш долг фустан, а ниска ако си краток ти треба со убави подпетици не многу ниски и не многу високи значи стандарт...
Кажете ми некој добар дизајнер што прави убави креации може и од странство не мора да е од кај нас Итно е многуу
Јас веќе почнав да шијам фустан. Висока сум доста и ќе носам долг фустан али дводелен ќе е.бордо боја... долниот дел со шлиц а горниот ко корсетче со прерамки .. ќе има едно 3 цм простор меѓу двата дела..без никакви џинџурии по него.. сакав да биде нешто што ќе можам и отпосле да го носам.. си закажав и шминка во фран..уште за фризура се мислам каде... и да прашам дали знае некој дали лани во ФРАН имало матурски пакети некои од типот шминка и фризура . па да чекам или да си барам за фризура на друго место?