околу 200-400 евра.. на мојата најдобра другарка и го правеа, и да ти кажам за тие пари не беше ништо специјален.. башка кај неа на матура имаше уште две девојчиња со истиот фустан..
Сакам да купам долг фустан за матура ама некоја приступачна цена.Кажете ми некои маалски бутичиња каде ќе можам да најдам нешто евтино, зашто барав во ГТЦ и изгор се
за полуматура оваа година ... што да носам ? сакам да биде нешто така по различно од другите ,да биде убаво ,модерно да можам и натака да го носам не на полуматура само. е сега сакам и да не носам фустан да биде нешто како кратки панталони или незнам може некои така по убави хеланки некоја убава комбинација и вакво палто да носам (за да можам и за натака да го носам ) и каде да најдам вакво палто ?
За шминка имам закажано во 17 часот.. да не е премногу рано? Во колку отприлика започнува прославата во ресторан ? накај 9 или покасно ? Ја мислам дека супер е теминов ама мајками вика дека рано ми било.. па и јас се замислив малце....
Не ти е рано. Таман е. Не можеш да чекаш последен момент. Додека те нашминкаат сигурно еден саат ќе помине, додека се вратиш дома, да се облечеш, да се средиш, ќе те фати сигурно 7, ако не и повеќе. Плус и дома ако ти доаѓаат најблиските луѓе, ќе сакаат да те видат, малку со нив да поседиш, да се сликаш... Инаку во ресторан мислам дека од 10 некаде почнува. Барем на мојата матура беше така, а и кај други кога сум одела знам дека од толку обично почнуваат. Може некаде и порано почнува прославата ама порано од 9 нема шанси да биде. Ама и таму не можеш да бидеш точно до секунда, треба малку порано да отидеш. Сепак додека се соберете друштвото пред ресторан, додека влезете, треба барем половина час порано да си таму. Како и да е, според мене, супер ти е 17 часот. Подобро порано да бидеш спремна, ако ти остане време ќе си поседиш со твоите, отколку да трчаш и да брзаш.
Воопшто не ти е рано поготово ако одиш кај некој шминкер што работи со квалитетна шминка и користи фиксатор. Јас лани бев матурантка а на шминкање бев во 11 бидејќи кај нејзе имаше голема гужва, од 8 имаше закажани. Убаво ти кажа @Daydream ем со твоите ќе си поседиш и со гостите (ќе си се порадуваш на подароците ) ем на раат ќе си се спремиш и нема да брзаш. Ајде честита да ти е матурата, и за поголеми дипломи да си славиш
фалаа и на двете.. епа супер тогаш.. иначе во ФРАН закажав... се надевам дека квалитетна козметика користи
па јас закажав пред недела ипол и ми рекоа дека е 1000.. а една моја другарка праша да закаже денес и на неа и рекоа 1200.. им пишав јас да не ја смениле цената ама рекоа за мене старата си важи.. и доколку закажат сеа три другарки за шминка за матура или па една личност три шминкања тогаш е 3000...
@buba4e89 1200 денари е шминка, а има и пакет што го спомнуваа претходно со три шминкања 3000 ден. А, за фризура некој некое студио да препорача?
Девојки каде се одлучивте да се шминкате или пак вие што лани сте биле матурантки каде сте се шминкале? Јас сакам некој да ме нашминка убаво, ама сепак кога ќе се видам во огледало тоа да сум јас, а не друга личност..
Не бев јас во Фран, лошо ме имаш разбрано. Ама имам слушнато дека и за ревии шминакле па би требало квалитетни и долотрајни (да не се мачкаат и да не се бришат) шминки да користи