Во ГТЦ на трети спрат има три или четири продавнички со преубави фустани и кратки и долги, цените до кај 4000 им се @nonamefanatic, @Bojanask,
Тоа е твој личен избор, можеш зашто да не. Можеш да направиш преубава комбинација со пантолони/фармерки што реално може да личи елегантно и убаво. Ако веќе се одлучиш за пантолони или фармерки јас мислам дека е поубаво пантолони да носиш еве можам да ти направам и комбинација што ми дојде во главата откако го прочитав твојот пост. Овие пантолони (Stradivarius), тегет блузичка, бело сако и некое убаво големо ланче Но и јас годинава славам матура, одбрав фустанче кое ми се шие моментално и малку се каам бидејќи е бело и кратко, долниот дел француски тул е и се плашам да не изгледам како невеста Не знам со какви бои да го комбинирам може да ми помогнете?
Пишав и погоре, мене ни за машко не ми се допаѓаат фармерки.. Јас дечко ми го премислив и после тоа ми беше благодарем, сите убави скоцкани, не сакав да отскокнува и да биде обичен, или облечен како за секој ден. А девојка не сакам ни да замислам за матура во фармерки..
Има во ГТЦ, оди во Еуроазија, јас би ти рекла до Куманово да тркнеш во еден бутик Персин имаш фустани какви ти душа сака.
Девојки сеуште немам ништо купено,прошетав секаде ама не најдов сличен на овој,тесен,видов секаде и има широки модели не најдов ваков едноставен тесен фустан,без разлика на боја.Знае ли некоја каде можам да најдам ?
Убава ти е замислата, само ја не би со ракавици, не ти требаат ама ич, плус ќе ти биде топло, а имаш шанса и да испаднеш како преправена ако не ги погодиш. Црната сукња нема многу голема шанса да ти ја утнат, ќе пазиш материјалот да е троа поасален, ама златниот корсет има. Да не ти испадне некое неубаво, турбофолкерско златно, ќе ти биде мака, а ќе немаш многу време да го поправаш.
Да, зошто да не. Со маица/кошула и спортско сако и старки. Сепак зависи до тоа каков ти е стилот. Еве пример брат ми беше со фармерки, маица бела со апликација, тексасна кошула и старки. Не дека е мој, најубав ми беше. Другите сите беа исто те исто, панталони, кошула, кондури.
Исто како Доузи ќе ти кажам. Супер е идејата, ама внимавај при изборот на материјал и изработка на корсетот, оди кај некоја добра шијачка, и без ракавици, плиииз, цела комбинација ќе си ја уништиш. Од аксесорис ти требаат само обетки, некои алки можеш пр. повеќе златни, и/или венче. Јас носев во фризурата ми беше ставено, минималистичко.