Дали некој виде резултати од државната матура на интернет? Мене ми ја отвара страницата, но не можам да ги видам резултатите.
Феминки вие што ги шиевте фустаните, кога ги шиевте? (На почеток на 4-та или второ полугодие). Се мислам да не ми е касно второ полугодие, да не имаат многу работа тогаш шнајдерките?
jas vo bitola go siev vtoroto polugodie, iako snajderkata imase 20 fustani za sienje sepak fustanot bese doma pred edna nedela pred maturata
Мој совет ти е да не брзаш со бирање модел и шиење уште од септември.Почекај барем да помине нова година. Но,ако знаеш каде ќе шиеш,закажи си навреме,а за моделот на фустанот можеш и подоцна да се одлучиш. Јас го шиев мојот фустан на средина на април и беше готов до почетокот на мај,од причина што многу се премислував и не знаев каков фустан сакам. Не велам дека треба да чекаш до последен момент за да одбереш,но и нема потреба да брзаш. Разгледај си повеќе модели ,бои,материјали за да бидеш сигурна дека тоа е тоа и најважно од се,гледај да биде удобен,за да можеш да се изнаиграш. Бидејќи најважно од се е да си поминеш најубаво!
Јас мислам најубаво е за зимски распуст да се шие. Плус ако избегнеш да кажеш дека ти е за матура може и да ти го наплатат помалку. Може да речеш за свадба или сл. Знам дека некои земале 1000 ден плус за фустан за матура, ете така од што знаат дека е една вечер и скоро сите даваат малку повеќе пари за спремање.
Јас крајот на февруари закажав , материјалот додека го избрав и бојата купив 3 материјали , и од крајот на април почна да ми го шие , не се секирај де , на невестите 5 дена пред свадба им го шијат па готови им се.
Ама така ако не ти се допаѓа нешто не може да смениш, затоа не се прави во 5 до 12 па после плачки. Мое мислење порано треба да се почне.
Јас си кажав мене од април почна да ми го шие и без тоа кога и да го почне сите во исто време ги завршува. А невестите што се во поодмината бременост кога 5 дена пред свадба им земаат мерка и им го шијат ? Тие што да речат .
најубавоо е да си купиш...ама ако си имаш замислено модел или толку сакаш да шиеш што покасно тоа поубаво секако дека ќе го добиеш фустанот на време ама ќе бидеш по возбудена
А што според вас е поисплатливо да шијам или да си купам готов фустан? И ако може да ми предложите продавници во Скопје, каде ќе можам да најдам убав, а немногу скап фустан.
Зошто толку многу се замарате со шиење а не си купите готов фустан,поефтино е . По мое мислење за една вечер не би требало толку многу да се ангажираме. Јас си купив готов фустан и тоа беше вториотшто го пробав, ми се допадна + беше ефтин и супер си поминав на матурската. Фустанот не е толку битен, битно е вечерта да ја паметиме.
Има преубави фустани во продавниците во Гтц, конкретно на трет спрат. Има многу модели, елегантни, кратки, долги, има избор.
Ако купуваш ризикуваш да си погодиш со некоја девојка ист фустан, знаеш кај нас како е, сегде носат роба на кило. Подобро да си сошиеш, ако си имаш замислено сошиј си го и порано што има врска... Кога сакаш тогаш сошиј си го... И да се премислиш до матурата сошиј си и друг што, ќе го носиш по свадби ако е некој посвечен...
Зависи каде, оние од креаториве наши се од 100 евра нагоре... Од обична продавница околу 3000 може да се најде, ама ти викам сигурно имаат по неколку парчиња... Евентуално да провериш во некои ателјеа, таму обично имаат по едно парче... Ако немаш замисла најдобро прошетај низ бутициве, пробувај и ќе си добиеш некоја идеја што сакаш и што ти стои најубаво и сошиј го. Ако сакаш препорака за шивачка во Скопје можам да ти препорачам, јас имам доста шиено кај неа и сестра ми исто... Прво сака да види слика па после одиш заедно со неа да одберете матријал, на женски пазар одите и бирате, на некои места ја знаат и и даваат попуст. Мене долг свечен фустан ме кошташе околу 2000 со материјал. Материјалот ме кошташе нешто помалку од 1000 денари.