Јас на матура се појавив како да поминам од редот. Всушност, и фризурата и шминката беа добри, а и стајлингот, но на крајот направив еден пропуст, речиси не ми остана време за спремање и пред да излезам не можев да си најдам соодветен градник. Пробав еден, се гледаше малку надвор од фустанот, пробав друг - исто. Веќе немав време да менувам трет па си појдов така. Тоа ми беше едно промашување но ете бидна. Сепак никој не ми го спомна тоа вечерта. Важно убаво си поминав.
Сестра ми годинава е четвртматурантка. Јас за четвртматура носев фустан и балетанки. Сестра ми не носи често фустани,и машките во нејзиниот клас секогаш им ги креваат фустаните на женските... Предлог што да облечи ?
Четвртматурантка? Завршува 4 (5) одделение? Нека облече фустанче, а под фустанчето некои шорцеви, ќе ги зафркне машките. (Најсериозна сум, штом такви невоспитани се машките, нека се облече така )
Ве молам за ваше мислење , имам смислено веќе фустан за матура али е бел(еве го на сликата), е сега дали е убаво да се носи бел фустан на матура пошо ме стопира едно мислење или оговарање на минативе матуранти кај нас дека ко невести дека биле тие со бел фустан ?
@Sasha Fierce Лично јас не би носела бел фустан, особено долг на матура. Зошто истиот модел не го сошиеш во друга боја, на пример црвена или мастило боја?
Мене не ми се свиѓа бела боја, невестински ми е. Ако несакаш темни бои тогаш можеш светло розева или сина еве како на сликиве некоја таква боја. А вака како модел е убав, само ракавите долги ќе ти бидат? Можеш таму да направиш мала измена по кратки или по кимоно да го направиш
Сакам и посветли и потемни бои, ако 100% би го шиела фустанов би го направила нешо као плава ко овој првиот на сликава , бордо, или црн...не сум баш миленик голем на розе , како и да е фала многу ))
Има во Сити мол скоро во сите, еве пример Bershka, Springfield, New Yorker, па може и во Теранова, и Калиопе Инаку малку не разбрав, сакаш да купиш подарок за матура на машко или за да го носи на матура?
Дали можи овај период да се најдат фустани за матура во Скопје и на кое место има ако може некој да ми каже,цената не е битна само да има избор?
@Elfie Зошто брзаш? Штом си решила да купуваш и не ти е важна цената, тогаш рано ти е. Не верувам дека сега има некој голем избор.
Како што се наближува, јас навистина не знам што сакам да носиам, за панталони сум сигурна но какви...не сакам некои кој ќе ги облечам само тогаш и никогаш претрупани со светки циркони и др чуда а пак и не сакам некои едноставни како за секој ден... Матурантки вие до каде сте? Што ќе носиме за вечерта??
Јас не сум ни почнала со било какви подготовки, знам дека фустан сакам долг бордо или црн, повеќе ми е страв на полагање како ќе пројдам.Фустани во Скопје инаку не барајте, ги качуваат баш тој период и се изгор, јас мислам да си посетам Софија или Солун, и избор поголем има.