дечки да не видела некоја случајно вакво фустанче или слично? очајно го сакам за матура..или каде да го шијам предлог
Здраво девојки, да ве прашам знаете ли каде можам да го шијам овој фустан - за матура, некое место да ми препорачате?
Кај мене на училиште знам некоја Ива спомнуваа од Скопје велат многу убаво шиела, ама овие што се од скопје поубаво можат да ти кажат
Јас едно ќе ви кажам. Не се замарајте. Ќе те гледаат првиот пола саат и толку. После свашта ќе се дешава. Реално, криво ми е што бев, ич не ги сакав децата И едно прашање, абе што им е на некој што викаат да ги сликаат дома, па после не знам каде на сред споменици опнато? Ок, матура е сите завршуваат. Се понашаат ко којзнае што да постигнале.
Ајде и јас да прашам нешто во врска со ова..И јас сум матурантка оваа година и многу му се запнав на еден фустан што го најдов на интернет..Дали знаете каде можам да најдам сличен ваков или вакви материјали за да го сошијам? И кажете ми мислење за фустанов
Слични вакви имаш во Шери Хил во ГТЦ , доколку сакаш да сиеш убави материјали имаш низ чаршија и на женски пазар
http://www.aliexpress.com/item-img/...16861.html?spm=2114.10010108.100005.43.bCnuXb Хмм.. веројатно е истиот?
Има веќе избор на фустани за матура низ Скопје? Сакав да шијам, па сега се предомислив и мислам дека ќе купам фустан. Планирам накај март/април да одам накај Скопје и да разгледам, само кажете ми како се движат цените на фустаните? Не планирам да купувам поскап од 5000.
Потрудете се да изгледате согласно со годините.Многу посмешно е кога повеќето изиграваат тетки. отколку да дојдат понормално облечени без премногу шминка и без торта фризура.Верујате тоа е посекси од првово.Јас ќе барам фустан во што е можно поповолна цена.Ќе се трудам да изгледам поедноставно и пред се мене да ми е удобно во тоа што го носам.
Планирам за матура да купам фустан.И благодарна би ви била доколку ми дадете предлог на продавници тука во Скопје,во кои би нашла соодветни фустани како за матура (долги,кратки).Освен Елена Лука,Кокев,Ламас....
Јас и закажав за шиење на 4 април треба да одам, инаку идејата ја добив од тука: А панталоните се вакви, ги нацртав:
^Јас па уште на прв поглед не го дочитав насловот на темата, ми се виде дека се работи само за облека за полуматура и ваква бев Како и да е, и за мој вкус ми е ту мач дури и за матура, no hard feelings
Толку потресување околу облека за матура и за ПОЛУМАТУРА () само кај нас го има. Облечени ко за на бал, ко за свадба, ко за не знам каде, само ко за на матура никој не е облечен. И јас се замарав признавам, под притисок од сите околу мене, нормално паники те фаќаат леле замисли ист фустан да имаме, леле не ти го покажвам мојот да не ми го преземе некој, лел ако има некој ко мене ќе се обесам пред сите леле партнерот ќе носи црвена машна а јас имам розев фустан ќе се самоубијам, педер, нема осет Глуперди сите. Со перки, со листови, со крзна, со штикли 35 цм, со фризури ко елки, ко зелки
Па знам и мене сега не, не знам што сум мислела тогаш, да можам да се вратам сега би носела нешто кратко еднобојно, обично со некое интересно ланче, плус и не ми го направија како што сакав, џабе фрлив пари, ај идните матурантки нека не прават исти грешки : D