Баш напротив, ако носиш комбилизон ќе се истакнеш од сите други, кои ќе носат фустани. Со убава идеја и комбинација може да изгледа многу интересно и несекојдневно. И ич не се замарај што викаат другите, битно ти да си задоволна и убаво да ти стои, батали ги тие стереотипи дека не се носело, бла, бла..
Затоа што гледаат да закажат што е можно повеќе муштерии, нели, за повеќе пари, и тоа им излегува низ нос. Имав закажано во 16:30, а почнаа да работат на мене околу 18:15, и прво ме заборавија со витлерите на глава под она што е за стварање топлина како шлем, не знам како се вика, т.е. не ме ни заборавија туку воопшто немаа време да се вратат на мене. Косата почна да ми пушта и витлерите почнаа да ми паѓаат од глава дури да стигнат пак назад до мене за да ми ја направат конечно фризурата. Шминката ми ја нашлапаа во рекордно време од 5-6 минути, со истите умачкани четки кои ги користеа на 20 девојки пред мене. Не велам дека мора да отвара нов сет четки за мене, апсурдно е тоа, ама бар да ги чисти, или да има два сета кои би ги користела преку една девојка, за да има време да се исчистат, вака беше ептен нехигиенски. Друго околу шминката, колку што можев да забележам, користеше најобични шминки кои и дома ги имам. За таа цена очекував бар да видам некоја квалитетна марка. И не ми направи ништо од тоа што и го побарав - ниту контурирање на лице, ниту smokey eye, a дали поради немање време или незнаење, не навлегувам во тоа. Вака на слики на fb профилот шминката им изгледа супер, ама тоа е веројатно така зошто тогаш немале толку гужва па сигурно посветиле повеќе време. Додека да завршам и да се вратам дома, излезе околу 19:30, значи цел ден беспотребно го изгубив кај нив, гости дома веќе беа дојдени, немав време ни да се видам со нив, ниту да се сликам асално, само фустанот набрзина го натнав на мене и за околу половина час излегов. Фризурата ми испадна како што сакав, но до половина вечер почна да ми се распаѓа, а шминката по околу два часа ми светна на лицево како да имам литар зејтин турено, што е иронично зошто јас немам мрсно лице и шминката никогаш дотогаш не ми сјаела така. Постов да не го сфати некој погрешно, не ми е намерата да плукам по студиото, некој друг можеби е задоволен. Ова е само моето лично, за жал негативно искуство.
Ti blagodaram sto go spodeli svoeto iskustvo.jas imam zakazano vo pet ipol mi kaza za dva casa ke me zavrsela e dali ke bide taka ke vidime...
Јас прво закажав за во 18:00, ама потоа мајка ми ме премисли, бидејќи и мене ми кажаа дека ќе сум готова за околу час и половина, па за да имам време и дома со гости да се видам, се јавив и презакажав за во 16:30. Прво мислев дека тој термин ќе ми е премногу рано, ама со оглед на тоа кога конечно ме завршија, арно што тогаш закажав. Да останев на терминот во 18:00, којзнае до кога ќе ме влечкаа. Се надевам дека ти ќе имаш поубаво искуство од мене, и убав помин на матурската вечер.
Prezadovolna bev od studio dodona za matura od 2 zakazav do 5 ipol bev gotova. Ni sminka ni frizura cela vecer ne mrdna. Samo sto mnogu se arogantni I trebase dva pati da otidam kaj Niv za da MI zakazat.
Ја не закаснив на матура,си закажав кај друга фризерка(во Гостивар)и за 1000 денари убаво ме направи.И фризура и шминка 1000 денари.Ме закажа во 13:30,и во 15 саат бев готова.И немаше некоја голема гужва,пред мене една професорка беше а после мене уште едно девојче.Поседав со гостите и имав доволно време да се сликам пред одење. Прашање до сите:од кога ви почнува славењето матура,дали че славите само една вечер или че славите две?
@mizerija ,кај нас се слави 3 вечери. Инаку вистина ли во Кочани имало многу добср избор на фустани? Денес планирам да одам, па да си прашам однапред.
и јас така си мислев.фала ти многу а можеби малце сум досадна,но освен штикли што друго би можела да носам?или пак некој ниски ,ако може слика? бидејќи не сум таков тип што сака многу такви работи,ама сепак матура е нешто поелеганто да биде...
@devet Извини вака доцна што ти одговарам, еве неколку комбинации што ми се допаѓаат и мислам дека се прикладни за матура. A за штикли еве некои идеи, можеш да носиш пониски.Ако не ти се удобни можеш да носиш на полна пета или сандали, балетанки . Најважно е ти да се чусвтуваш убаво во своја кожа.
*само со попристојно деколте *фустанот како модел ми се допаѓа, светките и дизајнот се прашање на вкус
Јас бев матурантка пред 2 години, фустанот го шиев, преубаво испадна, го немам носено од тогаш освен сега во мај што сум на свадба па најверојатно ќе го облечам за вечерта
Оваа тема најпрва ми дојде, а мислам дека овде ќе има кој да ми каже. Ми треба оваа година зимово да сошијам фустан, за настан во март ми е. Е сега ќе сакам корсет да носам па ми треба некоја шивачка која ќе знае да го направи припиен за телото. Нема ништо полошо од корсет кој штрчи, или искривени работи. Колку и да е скап материјалот, ќе изгледа ефтино. Ќе ве замолам доколку некој знае шивач/ка од Кичево нека ми пиша во лична порака. А ќе биде уште подобро доколу имаат страна на фејсбук па да видам како работат.
Јас сум скроз неупатена помалку повеќе за се...Во кој период отприлика се закажува за шминка/фризура,колку пред матурата?И дали би можеле да ми предложите некое студио низ Скопје,со пристојни цени..?
Најдобро е веднаш кога ќе ви дадат датум за прослава, во колку саат итн. затоа што многу брзо ќе се исполнат термини.
И јас сум оваа година матурантка, Планирам да шијам фустан.. Сакам некој долг фустан, широк, може и да е со шлиц.. Доколку имате некои фотографии можете ли да ги споделите.
Матурата за мене нема големо значење, па нема да биде фамозна ниту нејзината прослава. Не планирам да трошам голема сума пари на облека, а парчињата кои ќе ги одберам ќе бидат во мој стил и со можност да ги носам во други прилики. Фустаните не се дел од мојата гардероба, заедно со високи потпетици и чанти. Идеална комбинација се црни панталони, кошула и црни оксвордки. Ранец нема да носам, друго не ме собира. Па само мобилен би носела во рака. Останува да најдам цевка панталони до глужд и некој интересен модел на кошула како на сликите подоле. За шминка и фризура сама ќе се погрижам. Косата ќе ја средам со пегла, а ако научам да се шминкам ќе имам нешто повеќе од лабело на уста. Еве некои модели:
Здраво...Дали знаете некој продавници во Скопје или Солун каде што можам да најдам долг фустан за матура :