Девојки оваа година сум матурантка и сакам да носам комбинезон. Но, бидејќи сум висока, не сакам да носам штикли. Дали би личело комбинезон со нешто ниско?
И така ногавиците треба да ти се до каде што ти се виткаат прстите долги, така да ќе ти ја покриваат поголем дел од штиклата, па можеш да земеш пониска. Има сега едни во Молини, molini shoes на фб, со ниска штикличка, а напред шпиц. Од напред ќе си изгледа најнормално.
Знаете ли некои што шминкаат професионално до некаде за пристојни цени за шминка за матура и по можност да имаат термини слободни за 21ви мај?
Вакаа знам рано е ама сакам да ми кажете искрен коментар. Што мислите за овој фустан за матура? (Само ова одпозади да е со пристојна должина)
Ако може некој да ми предложи фустани за матура годинава сум матурантка и уште сега почнав да си барам фустан Сакам некој кој би можел да ми го истакне телото (нозете во прв план)
Одприлика овие ми се како таман за матура за 18 годишна девојка,сепак треба поскромно со оглед на возраста и без многу светки,тесни фустани,сатени што би рекол Сергеј чаршавот на султанката Моја искрена препорака до сите матурантски бидете што може поприродни,немојте да се правите како бугарски певалки
Колку порано толку подобро, после кога ќе фатат гужвите, во брзање ќе бидат шнајдерките, па може и да не го погодат баш фустанот.
Февруари веќе да имаш најдено шнајдерка, а во март веќе да се почни со работа..Мада зависи и ако е позната жената и ако работи фул ќе треба да си се консултираш посовреме.
Ја во февруари почнав Искрено, нож со 2 острици е шиење. Оди кај некоја што ЕПТЕН знаеш дека добро шие, и види слики што изработила веќе. Да не плачеш после.. и тоа имаше.
Штом сакаш нозете во прв план да се истакнати, значи краток дефинитивно. Е сега дезен модел тоа зависи од вкус. Јас сакам поедноставно и такво и носев на матура, несакам да сум китена, а воедно и едноставен нежен накит. Ова пример ми е многу кјут нежно за матурантка. Сепак нели вкус и вкус.
@ghinna001 Има доста интересни фустанчиња по Зара/Манго пример и не претерано скапи, идеални за приликата Но и зависи, ти каков сакаш?