Мене лично со коментаров не ми кршиш филм, бидејќи и покрај ситните глупави и додадени работи - матурата е убава свеченост со вредна причина за славење. И да, неповторлива е.
Ејнџел ПРЕКРАСНА си! Фустанот, шминката, фризурата и секако самата ти! Браво за изборот - доста е смел
Блек Ејнџел, се надоврзувам на коментарите погоре. П Р Е К Р А С Н А Грациозно, отмено, убаво и како што кажа Брајт... смело. Ептен ќеф ми се прави вака кога ќе видам некој скоцкан од глава до пети за матура, а да не блешти како елка. Прекрасна си.
Па ајде бе матурантки, колку не имаше, сега никој ништо не пишува ни како било ни ништо... за нигде сте
Лижалке сакам и јас да те видам каква беше за матура. Нешто фб ова она, ако може да добијам преку ЛП Инаку на матурската вечер си поминав одлично.Дома малку се нервирав и паднаа неколку солзи заради фризурата ( не отидов на пробна) кога ми ја направија додека дојдов дома ми падна Ама нервозата беше само привремена бидејќи кога веќе отидовме повеќе не беше важно кој каков е и во што е Важна беше само дружбата бидејќи тоа несомнено беше последната вечер заедно сите школски на куп Во школо многу убаво ни организираа со црвен килим, музика, рефлектори, ружи, балони... Прекрасна беше атмосферата.Подоцна во ресторантот нон стоп игравме, пеевме и од 21 часот траеше до 4 часот наутро а мене ми се причини како два саата да поминале. Многу убаво, прекрасно си поминав
Еве Лизалка не искара, па и јас да си кажам дека си поминав прееееееубаво. Се изнаиграв (уште имам плуски по нозете), ама штикли не слеков. Па еднаш е матура бре, не ги слекувам колку сака нека болат. Браво Бенд ни направија оооооооооодлична журка, свиреа секаква музика и падна мнооооогу шизење. Бев задоволна и со тоа како бев облечена (иако на почетокот кога го сошив фустанот баш не ми беше по ќеф) и со фризурата. А за шминката немам коментар - другарка ми одлично ме „спастри". Плачка не сум, па не се расплакав, иако бев свесна дека тоа е тоа... Сума сумарум.... прекрасно. И секогаш ќе ми остане во сеќавање.
Не можам а да не кажам дека Лижалка и Хипица - прекрасни матурантки, непогрешлив избор на фустан пред се, и се друго е за пофалба
Фала милоооооооооооооооооо, и ти и вомен ин лав сте супер, прекрасни, само не знаев дека сте другарки па и ист партнер, како што можев да приметам