Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Матура

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Janaaa, 1 декември 2009.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Леле колку ми е срам :$ Ја заборавив Блек Ејнџел :) И таа ми се допаѓа , искрено :* Не се сомневам дека и останатите сте биле убави. Што вели мојата класна, самата младост не прави најубави :)
     
  2. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Фала и на тебе Лижалке, инаку имам пишано дека сме другарки и тоа од забавиште :) Се извинувам за оф-топик :) А партнерот... штета што е зафатен :D :P
     
  3. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Епа не сум прочитала, јас се извинувам :)
     
  4. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Матурата беше едно од најпрекрасните доживувања во мојот живот. Од дома ги поканивме најблиските роднини во еден ресторан и се чувствував како ѕвезда на вечерта :rofl:
    Половина час им закаснав на гостите, бидејќи на фризер доста време се задржавме со мајка ми, па во ресторанот гостите ги пречекаа татко ми и брат ми. Кога влегував таму добив аплауз :lol: Сите очи беа вперени во мене, среќа што беа само познати луѓе, а не некои што прв пат ги гледав. Устата ми се исуши од повторување на зборот ‘Фала‘ . :rofl:

    Партнерот ме зеде од таму и отидовме Гимназија, каде беше собран цел Охрид да чашити и секако, каде што се собиравме ние,матурантите. Имаше цигани што свиреа. Поминувавме на една патека која ја имаше направено толпата од луѓе која водеше од влезот на дворот до влезната врата на гимназиската зграда. Тука се најдов со сокласниците, се сликавме се додека класната не не собра да одиме во автобус, кој требаше да не однесе до хотелот Десарет, каде требаше да се одржи прославата. Во автобусот започна журкатаа !! :dance:
    Во хотелот се сместивме на масите, се посликавме и почна музиката. Ни свиреа Браво бенд. Неколку забавни песни исвирија на почетокот, а потоа се беше народно. Седнав само за време на вечерата, а не ги соблеков моите презгодни Бата штикли (се покажаа и се исплатија за парите) Цело време играв, сите беа весели. Во 4 часот заврши прославата и потоа ние од нашиот клас продолживме Пештани кај еден наш сокласник дома. Таму се веселевме и пиевме (и тогаш мене ме потфати винцето :$ ) Веќе беше рано утро кога излеговме на магистралниот пат да чекаме да не собере некое комбе. Застана едно и внатре се настегавме 50 души како сардини . :rofl: Кога стигнавме Охрид, неколку души отидовме во стан кај еден другар, но веќе бевме изморени и брзо си отидовме. Во 10 часот сабајлето требаше да се собереме пред Гимназија за да направиме генерална проба за матурскиот танц-парадата. Пред 12 часот на пладне, веќе бевме на градскиот плоштад каде се собра Охрид да го проследи спектакуларниот настан, кој се случува во неколку европски градови и секако, во неколку македонски градови истовремено, со сигнал од Љубљана. Сите бевме мамурни и потечени во очите, кој со расипани шминки и фризури, кој со веќе измиени коси... :rofl: Бев спиена само половина час......

    Другите две вечери исто прекрасно си поминавме (втората вечер ресторан Белведере, а третата вечер дискотека Парк), но не беше како првата вечер дефинитивно.
    А да, и мнооогу зарипнав уште првата вечер. И тоа ми сметаше, што не можев да зборувам. Зарипнатоста ме држеше цела една недела..

    Првата вечер носев долги целосни црни пантолони, горе корсетирани и изведен цвет од жица на кој беа сошиени циркони, го шиев кај мојата шнајдерка, која ми шие цел живот.Бев единствена во пантолони ! Беа лесен материјал (жерсе). Косата ми беше собрана, имав долги нежни цирконски обетки и таква белегзија и ништо друго. Очите ми беа нашминкани црни и преубаво истакнати (бидејќи имам плави очи), но сепак јас подобро сама ќе си се нашминкав..На капаците од очите имав дискретни циркончиња, кои воопшто не изгледаа нападно, скоро и да не се приметуваа. Имав обична црна ташничка-плик, која одговараше и по материјалот со штиклите (црни, со ремчиња). За горе имав болеро исто сошиено црно, со цирконска лента долу на ракавиците. Втората вечер сама си се шминкав, вујна ми ми направи фризура, а носев едно сатенско фустанче на риги, шарено (доминираа кафеава, окер и тиркизна боја), штикли окер боја и тиркизна ташна со синџирче. Третата вечер носев болеро од чипка со карнери, шиено кај шнајдерката, црно блузиче и беж боја пантолони и штиклите од првата вечер. Косата ми беше пеглана и крената со венче и истапирана.
    Претходно ноктите ги имав направено со гел и не бев баш задоволна од нивниот изглед, а отидов и 5 пати во солариум, со што добив прекрасен тен (не бев многу потемнета, туку баш онака како што сакав да прилега на црниот фустан и сепак да не сум бела како сирење)

    Во секој случај, задоволна бев сите 3 вечери. Не сакав да поминат, бидејќи едноставно, прекрасно и пресреќно се чувствував. Единствено се разочарав од подароците-7 пара пижами добив, од кои неколку во живот нема ни да ги облечам! :envy: Поклонот од партнерот беше најубав што го добив, часовник со циркони. Секако, не го изоставувам и лаптопот од моите родители . Најмногу им се радував на цвеќињата.. :f:

    И такаа...(Малку) повеќе си се зедов со пишувањево, ама ми дојде убаво што на овој начин си ги навратив спомените од едни прекрасни денови во мојот живот. Smile moments. :D
     
  5. zanes35

    zanes35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    1
    Најубавата вечер во мојот живот.
     
  6. Maturantka

    Maturantka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Ќе може да ми оставиш бројче во лп од истата шивачка...? :)
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Боже марутантке, зарем 9 месеци ќе се спремаш за матурата? :o :lol:
    Па и корисничкото име ти е матурантка, немам зборови

    Кој рано рани-најубав фустан граби! ;) :rofl:
     
  8. Maturantka

    Maturantka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Хехехехе абе јас сакам се со време да си организирам, зашто слушав дека некаде било со закажување за шиење па да не се зафркнам и затоа. :)
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    може и моделче си имаш замислено уште сега, а? :?: :?:
    :D
     
  10. Maturantka

    Maturantka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Може ли да го видиме? :lol:
     
  12. Maturantka

    Maturantka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Вака нешто само не да биде светкав целиот и во друга боја, сакам да биде мастило боја... :)
     

    Прикачени фајлови:

  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    :o :o :o Останав без зборови.
    Има да ги запрепастиш сите ;)
     
  14. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Ај јас луда сум за црни фустани ама овој некако ме остави без зборови :o
    Дефинитивно кога ќе се појавиш ќе бидеш гром од ведро небо во боја на мастило ;)
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Матурантке, убаво што со време си почнала. ;)
    Само овој в'станов ептен ко од Pretty Womаn, од времето на Џулија Робертс, а тоа беше... далечната 1990 година.
    Ќе се премислиш, уште едно 100 пати , а пред тоа имаш и матура за полагање... ;) поздрав
     
    На girl1985 и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    И јас истото го кажав, ама со матафора-која за жал не беше препознаена ;) :lol:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    Ох леле и јас сум матурантка годинава и исто уште сега почнав да се замарам со фустанот. :?: Во голема недоумница сум зошто сакам долг фустан а сум ептен ептеееееен ниска, само 156 цм. :(
     
  18. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Не брзајте уште од сега, има време, после кога ќе ги видите колекциите пролет/лето 2011 на некој дизајнери ќе жалите што избрзавте, ќе си викате како не почекав барем сличен на овој да сошиев ... Има време, уште девет месеци, кај брзате, не ви бегаат фустаните, инаку ако многу сакаш долг фустан можеш да си ставиш екстра високи штикли, и така нема многу да се забележи колку се високи, фустанот ќе ги покрива, ама има и кратки убави фустанчиња, сега ти како сакаш.
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Матурантки, понекогаш мора да гледате што убаво ви стои, а не што вие сакате.
    И да, рано е уште за да почнете со фустани и шивачи итн...
     
  20. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    391
    Ох леле |(
    И јас сум матурантка оваа година и ако почнам уште сега да планирам што и како ќе биде тешко мене. Ќе се скренам :fubar:
    Најважно да поминам со посакуваниот успех па за друго има време :) ;)