Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Матура

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Janaaa, 1 декември 2009.

  1. Man.eater

    Man.eater Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Јас бев матурантка минатата година и како што ми беше замислен фустанот таков имав. Инако фустанот изгледаше вака http://www3.pictures.gi.zimbio.com/42nd ... R9FFTl.jpg само малку потемна боја, и ми го шиеја по нарачка со материјал од мене, ме кошташе околу 5500 денари. :)
     
    На Eli4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    И јас сум оваа година матурантка и уште сега се мислам каков фустан,ама стварно незнам...не ми се оди на шивачка...па некои предлози?
     
  3. Diksiii

    Diksiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    I jas sum maturanka godinava pa zatoa planiram dolg fustan definitivno...mislam deka po elegantno treba da si oblecen za maturskata vecer a ne vo kratko do gazot toa ne mi se svigja iskreno...ama sepak sekoj si ima svoe mislenje...;)
    [mod-kirilica:1dd9kav7][/mod-kirilica:1dd9kav7]
     
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Не сум фан на класиката ниту пак на кичот :^) И сум крајно неодлучна кога станува збор за некои работи. Како на пример фустанот за матура : долгите свечени тоалети ќе направат како да одам на доделување на оскарите , во краток ќе се почувствувам како да сум шанкерка во ефтино кабаре , а пак исто имам големо не за фустаните со средна должина затоа што..ете ме потсетуваат на средовечни жени без стил :D
    Јасно дека повторувањето е мајка на знаењето но овие години уназад не тераат да го запаметиме секој детал на легендарниот фустан ...http://www.google.com/imgres?imgurl...a=X&ei=vg6uTMOrMY_AswaN8djGDQ&ved=0CBoQ9QEwAg |(
    Секоја година го има , во буквална смисла секоја . Или пак "must have" матуратнски фустан го има барем во десет примероци од секој клас , длабоко избацено деколте , дреч боја , под грдадите светкава трака , а надолу пуштен како чаршав :puke: ..и да некојси свилен матријал.Сето тоа во комбинација со јака шминка . вештачки трепки , и фризура предозирана со лак , навиткана како тетка :emo: Друга работа која не ја бендисувам е кога следат актуелен тренд или стил кој не изгледа добро на секого, како во униформи од затвор побегнати |( :tmi:
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ах девојки, мора да знаете дека СЕКОГАШ ќе има по некој избацовка, тотален промашај. СЕКОГАШ ќе има некоја што е слична на вас....
    Лично мислам дека долгите фустани се промашај! Не е матурата Оскари, па ајде сите да се направат нешто што не се. 90% од девојчињата нема да личат на себе, нема да бидат претпознатливи. А и не личи на 18 годишна девојка да носи балски фустан... Кај мене на матура имаше , и изгледаа смешно. :tmi:
    За кратки фустанчиња сум за, ама не премногу, значи вкусно кратко, некаде над колена, ама не под газот :?:
    Работата е што кај нас има униформираност во облекувањето. А и изборот е сведен на слично= циркон, лента, сатен, светки, мрежа и сл. Како Гранд Шоу. Кај и да се свртиш шминка на кило, потемнети тенови, вештачки нокти... катастрофа! :|
    Искрено ве советувам матурантки, да не пробувате да бидете нешто што не сте! Изберете нешто што е “вие„ , нешто удобно и елегантно.

    И сега кога ќе ми текне, и јас кревав паника. бев многу едноставна, но елегантна. Ме мрзи сега да објаснувам, може некогаш слика да ви пратам. Ама не вредеше толку фамата, после првите 15 минути не беше важно кој што носи.
    И искрено, понатаму во животот ќе бидете 100 пати поубаво облечени од матурата.... ;)
     
  6. Eli4e

    Eli4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    40
    Јас мислам дека секој си има различен вкус и тука нема што да се дискутира. Некој сака долги, некој кратки. Јас сум матурантка годинава и планирам да носам долг фустан, но не сакам сатен или некоја дреч боја. бидејќи сум висока знам дека добро би ми стоел секаков фустан, додека на пониските не би им препорачала долги фустани бидејќи дополнително ќе ги смалат. ;)
     
  7. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Мене ова ми се допаѓа :)
     

    Прикачени фајлови:

  8. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Прекрасно!А и цената не е некоја вознемирувачка. Прекрасно.
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    ^^Фустанот е навистина убав- јас само би си го направила до колена, така ми е поубав
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  10. xSunsetx

    xSunsetx Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Леле луѓе ке ми верувате ли дека минатата година имаше матуранка облечена во фармерки и блуза...блузата беше посвечена ама фармерките обични како за на школо шо се носат...тотален промашај :Down:
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Зошто промашај? Зошто мора да ги следи стереотипите?
    Модата е начин на изразување- ако и бил добро искомбиниран аутфитот тогаш зошто да не и фармерки и блуза?

    Јас мразам сатени, ги мразам повеќето фустани од Шерил Хил што беа, мразам балонки, мразам сирена фустани :D и што треба сега некој да ме убеди да ги носам? Нема шанси!

    Повеќе почитувам иновативност и креативност отколку униформираност!
     
    На GeorGinnA, Bozica1980, Angelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    се согласувам со сесилија и јас мразам се тоа .. но мене мајка ми ме тераше па пуста јас си бев во фустанче глогче сосема едноставно ... а да знаев ке си земев и тренерчиња... една си дојде во фустанче и после коа ја видоа ја гледам во тренерки (убави секако не стари излитени ) ... и цела вечер раат си играше и не седна буквално не седна.. и си уживаше а другите не можеа да стојат па на фустанот да не му се деси ова она и така ... а косата ми беше долга за разлика од сега и ми беше само пеглана со нежна шминка... овие фрки околу матуриве воопшто не ми се допаѓаат и толку трошење пари како една девојка од наше школо солариум масажи ,педикири на нозе на раце пробно лакирање пробни фризури шминки ,кај дадар арменд, штикли за почеток со едно фустанче па со после и за со друго и плус па цело школо знаеше .. ... ма ајде молимте да банкротираат ли моите ... нема шанси :rofl: Јас мојата матура ја поминав со нецели 100 евра :lol: Плус тоа трошоци со гости нормално а воедно и роденденот си го славев :)
     
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.831
    Допаѓања:
    23.641
    Пол:
    Женски
    и јас исто така (би го направила до колена не сакам долги фустани не личат за годините на матурантките, а во Битола се долги носат многу се ретки девојчиња што носат кратки фустанчиња) а преубав е стварно, јас сум апсолвентка и не се мислам многу ни за фустан ни за фризура ни за шминка, ке си купам некое фустанче до долена и готова работа :lol:
     
  14. bile991

    bile991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    10
    Матурата ми е малце преувеличена работа...од година во година се повеќе и повеќе изгледа како да е некоја свадба, а за матурантките па да не зборам неможеш да ги препознаеш.
    Еден мој совет до матурантките оваа година, немојте премногу да се замарате со тоа што и како ќе носите, земете си некое фустанче што ќе ви стои убаво и обавезно удобни штикли.
    Јас лани си имав купено уште од претходно фустанче црвено што го најдов случајно во трговски, па пред матурата недела дена не ми се свиѓаше сакав ново... :lol: патешествија ама како и да е ќе ја памтам таа вечер. :)
     
  15. realna

    realna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    и јас сум оваа година матурантка,ама не сум нешто многу возбудена, не ме фатила уште онаа матурска еуфорија...шо знам....но сепак мислам дека вреди за таа вечер да се скоцкаш, да потрошиш и време и пари ( се разбира, не прееееееемногу ), но сепак ЕДНАШ СИ МАТУРАНТКА !!

    маникир, педикир, фрузура, шминка, ваков фустан - таков фустан, па гардероба за прва вечер, па гардероба за втора вечер, па гардероба за трета вечер, па најубавите сандали,скапа ташна..... абе вреди еднаш во 10 години толкав луксуз !! :)
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ^^
    Тоа секој со своето сфаќање. Ако ме прашаш мене, таков луксуз вреди кога ќе си дипломираш, зошто реално со средно си никој и ништо.
    Ама природно е да се замараш, си викаш еднаш е матура, тоа да....
    :)
     
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    91.784
    Пол:
    Женски
    Не е малку рано да размислувате што ќе носите за матура? Не трошете уште сега памет и пари за тогаш. Кога сега би се вратила назад би носела фармерки, корсет и штикли кои ги имам дома, не би трошела. Може еднаш е матура, ама па за дипломска од кога ќе почнете да мислите што да носите?
     
  18. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Јас не сум матурантка но кога ќе помислам на тоа еве што гледам. Може ќе добие некоја од вас инспирација. :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Абе?! Не се венчаници овие? :^)
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    сега имам еднакупа предлози за фустани ама кога ке ми требат никаде ке ги нема :lol: