http://www.superiorpics.com/wenn_album/ ... 071907.jpg ama devojkava kakov stil ima...alal da i e [mod-kirilica:zts1rb9h][/mod-kirilica:zts1rb9h]
и јас сум матурантка годинава .. и си имам некоја своја замисла за се како ќе изгледа само сакам да си сошијам едно многу убавоо фустанче ама не знам каде да си купам материјал кој би потсекал на црна кожа или она скај што го викаат ... а да ако доколку знаето добра шивачка пишетеее .. позз дечки и фала однапред
Годинава сум матурантка,го гледав фустанчињата сите се преубави..но јас имам колкови слаба сум така да колковите ептен ми довагаат до израз така да не знам какво фустанче ке изберам...сите убави се пипиени за телото,а јас ужасно си го мразам задникот како со (тавка да ми е треснат ) така да девојки некои идеички? (каква форма,вид на фустанче)
Искрено јас сум против долгите фустани, сепак е матура и имаме по 18 год а не 36 .... Незнам зошто премногу сериозно ми делуваат таквите фустани.... Повеќе сум да избереш нешто необично, нешто свое, што те покажува каква си внатре.. и да биде посебно.
Овој ми е последниот направен сет. И еве баш вака би се облекла за матура. За мојата матура бев вака облечена, само што мојот фустан беше темно тегет.
Ако стварно знаеш што сакаш и си имаш замисла, на е тешко. Јас сетот (втората слика) го имав направено неколку месеци пред матурата, зошто таква замисла си имав и бев решена дека ќе ја најдам. Сакав едноставно и елегантно, не многу кич, а сепак дотерана да бидам. И кога веќе знаеш што бараш полесно е. Фустанот сакав да го нарачувам, ама најдов неверојатно сличен, само во тегет темна боја, со цвет кај рамото. Чевлите потоа ги одбрав, во некоја златеста крем боја, со ремчиња , слични на овие. Менѓушите ги најдов едвај, ама битно ги најдов. Алката и чантата не беа проблем. Затоа совет од мене, кога тргаш да купуваш за матура треба да си имаш замисла што бараш. И секако да бидеш свесна каков модел ти прилега. Така, многу ќе ти биде олеснето.
Девојки , не сум баш во тек со темата, ама матурата ми е поминато скалило во животот, па би сакала да ви дадам некој совет од моја страна (се разбира не мора да го прифатите) Како доѓаат матурите ви расте еуфоријата.... фустан, чевли, чанта, фризура, шминка и милион други ствари што е разбирливо...Е сега тука има и еден проблем од што сакаме се да изгледа супер, понекогаш е ПРЕМНОГУ..затоа би ви посоветувала: 1. Направете си практична фризура, не некоја поради која ќе го укочите вратот, се разбира и тоа нека се поклопува со вашиот досегашен стил, не правете нагли промени (тоа нема да бидете вие) 2. Проценете дали сакате да го облечете фустанот само еднаш во животот (за матурата) или сакате да имате тренди фустан кој би можеле да го носите во различни прилики. 3. Не ставајте надградби на коси, трепки...изгледа вештачки 4. Гледајте да најдете удобни чевли, дооолга е матурската вечер за да се помине во неудобни чевли Толку од мене, јас сакав да ви дадам некој совет, ваше е дали ќе прифатите нешто од погоре напишаното
тоа е точно мора да се бара нешто удобно јас на пр имав кратко црно фустанче некоја средна големина сандалчиња косата ми беше пеглана ама горниот дел кренат (грива )мислам се вика фризот поентава ми е бев едноставно облечена а сепак оставив добар впечаток
И сигурно цела вечер нозете ти биле во супер состојба, па си можела да ужуваш до крај на забавата ( не како пепелашка до 12 ) Вака како што те замислувам супер си изгледала, не многу нападно
Ееее и јас истото си го помислив,сега да ми е матура одма би си го сошила фустанов или па некој друг едноставен и немаше многу да се замарам....Сакаааам пак матурааа
видов еден прекрасеееееееееен фустан во УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ.. преубавв.. на 32 страна розев со маслинасто нешто.. преубав е .. штета неможам да го најдам на интернет. сакам големи, долги фустани за матура.. незнам зошто, ама гламурозниот изглед со доолг фустан ми е во глава вперен! - преубаво а не толку накитено, само без наочарите, јасно