-супер е моделчево само да е друга боичка поубаво би било -со убав накит или повпечатливи штикли моето фустанче за матура дефинитивно ќе биде во ваква боја како што сум бела ко сиренце супер ке е само што моделот нема ваков да е гарант
Кога ќе виддам 90% од девојките на матурата мислат на се', oсвен на тоа дека се матурантки и немаат 35+ години Оваа година имаше многу wanna be Lady Gaga,a заборавиле дека таков стил стои само на Lady Gaga my suggestions Едноставни фустанчиња кои доколку би се надополнале со xxl едно парче накит би изгледале совршено според мене, а sherri hill фустанчињата веќе видени и преносени се
Ashling не можам повеќе да се согласам со тебе. Less is more! Барем јас така се водам кога станува збор за дотерување. Затоа и кажав дека деталите ја прават комбинацијата комплетна. И мојот избор за матура беше сосема едноставно фустанче со прав крој, и големи впечатливи обетки, и алка. Воопшто нема потреба од некои чудесни хаљини, целофани, светки, велови итн.
starfish сите со едноставен крој со минимални детаљи, нормално по мој вкус си ги ставив не сакам ни јас премногу накитени и како што рече, едноставно фустанче со штосен накит изгледа многу поефектно, отколку фамозни долги фустанчи во Лејди Гага стил, со пунџи на глава, којзнае каква шминка, како за на маскембал
Јас преферирам едноставен изглед складен на годините. Воопшто не сум за некакви си хаљини со шљокици, светкавци, чипки и триста чуда на нив. Инаку малку ќе бидам офф топик, ама морам да спомнам дека лани една моја комшика на ПОЛУматура покрај белиот фустан носеше и круна! Резултат - права невеста.
Мислам дека ние, македонските девојчиња, имаме колку-толку усул кога станува збор за матурата и за дотерувањето. Ве молам само погледнете ги амерканските девојки! Ако личат на девојки. Задолжително носат некои хаљини долги, сатени и круни. И личат на теткици. Толку невкус, кич и светки нема на друго место. Никаков осет за естетика да се немало...
^ да бе сатен ко кај нас на цигански свадби ко се накитат циганките И понекогаш на МТВ кога даваат тоа свеет 16 brthday абе све некој такви фустани ко за на бал... А онака за секојдневно знаат да се облекуваат убаво
Во Америка општо таа prom night им е за тоа кој пораскошен фустан ќе облечи, бидејќи нели одбираат prom queen .. бла бла. Така е ваљда зошто организираат премногу игранки и на сите се свечено облечени, а на оваа ПОСЕБНА важност морало да и се оддаде. Како бал исто. Убаво е сите да се такви, меѓу нив сигурно ќе се најди некоја утка и кичерај, но тука некој да дојди во балски фустан ќе биде малку налудничав.
Ахх морам да се вмешам!!Колку имам само кај нас видено вакви за матура Баш како овие два фустани... Да не речам и полоши
Јас имам само еден совет за идните матурантки. Не се преоптоварувајте. Вечерта ќе помине брзо, како и секоја вечер, нема потреба да фрлате цело богатство за да се накитите ко елки. Облечете нешто што ви прилега и сте препознатливи по тоа, и не носете вулгарни допичњаци, зошто го одбележувате крајот на средното образование, а не почетокот на ороспетлукот.