матурантки веке мислам дека не е рано да почнеме да бараме модели и да се подготвуваме за матурата наша јас не знам веке колку пати ги превртев сите теми (кај што има постирани фустани) и се задржав на многу фустанчиња, но сепак уште немам некоја замисла како би изгледал мојот фустан има некоја која одлучила веке?
имав една идеја од другарките за матура да носиме едни долги тоалети сто се до глуждови но незнам баш дали е паметно ..тоа кога ќе играш ке ти се зафака цело време ќе треба да го кревам фустанот ...но од друга страначе бидиме уникатни ..и сега незнаеме што да правиме :/
Те советувам да не правиш ништо за да бидеш уникатна, носи го она кое што навистина го сакаш и она што навистина си ти Така ќе изгледаш најубаво, ако се чувствуваш пријатно во долга тоалета - носи, но ако тоа не е твој стил и ја носиш вештачки не ти ја препорачувам
Ми се допадна многу твојот совет и јас го делам истото мислење со тебе Најважно е да се чувствуваш пријатно и самоуверено во тоа што го носиш.И јас сум матурантка оваа година па ќе си барам нешто што ми одговара, никогаш не се водам по тоа дали другите ќе облечат ова или она или пак што е во мода моментално.. Ако ми стои добро, ми одговара на стилот и ми е удобрно нема зошто да не го носам. Тоа е вистинското
со оглед на мојата минатогодишна матура најдобар совет е одберете нешто што вас ви се допаѓа и во кое се чувствувате удобно лани кај мене на матура имаше такви ненормални утки што до ден денес си се смееме со другарките и ако не сте навикнати никако немојт да одите на високи штикли ќе ги носите само 30 мин. Нема потреба од толку едноставна работа да се прави драма и во едни фармерки и интересна маичка можеш да бидеш најубава се зависи од тебе твоето расположение и самодоверба а и за тие што се грижите за полагањето за македонски обрнете внимание на делата кое од кој период е, темата и главните ликови од граматика лани имаше ужасно глупави прашања што или ги знаеш или нема не се учат тие туку така рано ви е сега да почнете да учите уживајте во зимава и снегчево =)
Дали е соодветно сега да почнам да шијам фустанче за матура?? Доколку има некоја феминка од Охрид и близината, ако е љубезна да ми препорача некоја добра шивачка
Тргнувајќи од моето лично искуство а и според мене не облекувајте се премногу официјално....Секогаш тргнувајќи од фактот дека тоа е "најважната" наша вечер,правиме утка и обично со изберената гардероба ако не друго барем годинки плус си додадеме на изгледот Долги фустани од сатен и џиџи-миџи не е баш идеалниот избор....Едноставно облечете нешто тренди и удобно а сепак доволно шик за да помине и за матура (но да можете да си го облечете и после тоа а не да собира прашина во ормарот). Сега барем има широк избор на нешта од кои можете да направите комбинација од елегантно,удобно и тренди,зошто сепак таму сте да се забавувате а не цело време да внимавате дали ќе ви пукне некаде некој патент или ќе ви испадне некоја прерамка Еве неколку комбинации со кои според мене нема да погрешите (сепак прашање на вкусови е) ПС.Поминете си нај-лудо...тоа е важното !
Литл-уан, јас мојот фустан го шиев кај една шивачка во Амамон, Сузе мислам се викаше, горе на спрат. Мислам дека беше, кога ќе влезеш од влезот кај Малага, нагоре по скалите и после десно. Има тука до шивачката нешто слаткарница, бурекџилница... Јас сум прилично задоволна од неа. Баш како што и‘ реков, така ми го направи фустанчето. А дали е рано...? Мислам не. Прво ти бендисај си модел, па исконсултирај се со шивачката (таа најдобро знае) какви материјали ти се потребни за фустанот и која метража (ако шиеш кај неа ќе треба сама да си купиш материјали). А и + кај Сузе често има гужви, така беше и јас кога шиев, па најарно со време да си појдиш. И таа нема да се брза и да ти го направи фустанот ради реда, туку ќе има време полагано на него да работи, а и ти ќе си посмирена. Размисли. И се согласувам со Индепендент.Грл дека не треба многу да се претерува и дека треба да гледате фустанчето што ќе го носите да не ви собира после прашина в плакар.
Овде има многу фустани...Долги,кратки,во разни бои ма какви ти душа сака! http://www.promgirl.com/ Јас од овде си најдов едно фустанче,што ќе го шијам за на братучедка ми свадбата,стварно има преголем избор!
Па, за моделот сум горе долу сигурна, но неизвесно ми е славењето матура. Кога имаш работа со болни и искомплексирани умови Колку те чинеше тебе фустанот, колку зема за работна рака ако не е тајна? Јас знам за една шивачка во Охрид која зема 9000 од креација, па сакав да знам дали е истата?
^ Во Гимназија да не учиш? Затоа што слушнав дека сакале да ви наметнат друг начин на прослава на матура од вообичаениот.... и те сфаќам зошто не си сигурна дал да шиеш. Иначе искрено не ми текнува колку точно ми зеде, ама се‘ на се (соси материјалот што си го купив) мислам дека ме фати околу 3 000 - 3 500 денари. Мислам дека е пристојна ценава.
Да, во Гимназија учам... Краен договор ќе имаме некаде кон крајот на март а тогаш ќе биде веќе доцна.. Си останавме кон никаде... Цената е и повеќе од пристојна... Фала за информациите
Диско топка без форма! Искрено еден од најгрдите фустани што сум ги видела во последно време. Ај што е пресветкав, туку форма заникаде! Светкавите фустанчиња, мислам она цело апла светкаво ми се лампионски, новогодишни. Доволно е што ги има во преголем број тој период, за матура не се потребни
Познавам едно девојче што носеше ваков за матура. Ама... Не беше на кафево, туку на розево!!! И тоа розево-кафеав леопардски дезен, со розев цвет во средина и светкав крсет. Не знаеш кај да гледаш од толку многу тракатанци и светликави моменти. И зачинето сето тоа, со леопардски штикли, розеви , секако, и таква чанта. Што повеќе да ви кажам?!