Мене многу повеќе ми се свиѓа кога ќе видам матурантка со поедноставно фустанче, не накинџурено на сите страни Не сакам никого да навредам ипак се е до вкус ама имам гледано матурантки од други градови Спојлер http://galerija.konzuli.com/thumbnails.php?album=283 - ова е за мене ТУ МАЧ! Вакви модели ми се убави И, матурантки, гледајте да купите нешто што ќе го носите и после матурата не само на самата вечер и толку
Јас потполно се согласувам!! И јас со таква намера сум да си сошијам фустанче едноставно, модерно, да можам да го носам и после матура!! А за да го надополнам изгледот ќе купам убави штикли и некој интересен накит
Па не се замарам многу за матурската вечер бидејќи и нема да ја имам затоа што ќе одиме на матурско патување
Вакво нешто ќе да е бил Мене ич не ми се допаѓаат ваквите фустани на Шерил, не знам зошто толку запнале сите по нејзините фустани.Како прво ептен некако кичести, светки, машни, сатени епа премногу е Баш денес една другарка во школо ни покажуваше слики од ваков модел ќе си шиела. Ај мене не ми се допаѓаат сепак во прашање е вкус, но жалосно е што тие ги гледаат како стоојат на маникенки..ама сигурно и нив нема така да им стојат.Посебно во конкретниот случај каде девојчето е ептен ниско и доста полничко. Инаку и јас сум матуранка годинава, ама не се замарам уште сега со фустани прво матурата да ја положиме Јас во секој случај ќе изберам нешто поедноставно, нема шанси со балски фустан да се шетам.Ние сме поделени, останува наш избор дали ќе славиме тука или во Турција да одиме недела време и таму да си славиме генерацијата.Скоро сите избраа во Турција да се слави, воедно и екскурзија па за таму секако ќе бидеме доста поедноставно облечени бидејќи ќе се собереме само така да си одбележиме без многу непотребни церемонии.
Немој да бидиш пренашминкана како за на свадба .. користи поприродна шминка што а имаш испробано предтоа (зашто ако отидиш во козметичко или некаде да те шминкат може да не ти се допаѓа.. најчесто сминкат теткински воа го кажувам од лично искуство А шо се однесува на алиштата, зависи од твојот личен стил .. и јас ваа година сум матуранка па одбирам ГЛАМ РОК .. Но секој има свој стил па еве некои мои идеи: глам рок [attachment=0]zara6.jpg[/attachment]
А може ли некој да ми препорача некоја добра шивачка? Она што го имам замислено е многу едноставно фустанче, да можам да го носам и во други прилики. Посигурно е некој да ти каже иди кај таа и таа, а не не дај боже во 5 за 12 да дознаеш дека некоја шнајдерка ти го утнала фустанот. Помагајте, сеа ептен онака ме фаќа матурска еуфорија.
http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... 62&theater http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... 62&theater
http://www.facebook.com/album.php?aid=1 ... 1884831399 http://www.facebook.com/album.php?aid=1 ... 6965883828 има разни модели валда ќе ви се допадне нешто.........јас на пример сум за пократко нешто за да можете да си го износите и на излевање а долг фустан ќе ви е само за таа пригода и на некоја свадба ако го облеќете и толку
Само немојте да си дозволите да бидете како другите матурантки .. бидите свои и единствени .. облечете го тоа што сакате, немора свечен фустан па да изгледате сите исто
Од Скопје сум.. А инаку еден совет за сите матурантки : носете нешто во кое покрај тоа што би изгледале убаво, би се чувствувале и удобно и пријатно. Ете на пример мои побуцкасти другарки планираат да носат разни мидери и нз што уште за да изгледаат боље во тесен фустан.. Али со сила убавина не бива.
Женски годинава сум матурантка, и ми се допадна едно фустанче од Sherri Hill и строго сум решена да барам ваков модел ... Знаете ли некој бутик кај би можело да има слични вакви моделчиња.. или шивачка шо би ми го сошила фустанот точно ваков?? Фала унапред... поззззззз
Тешко дека ќе најдеш, најубаво да си шиеш кога веќе сакаш ваков модел. Инаку мене не ми се допаѓа моделот, ма општо на Шерил Хил фустаните не ги сакам баш.. ама во прашање е вкус тука.. ако тебе ти се допаѓа терај
Карина , лани кај мене сите беа во вакви фустани . Убави ми се кога ги гледам на нет ама кога ги видов во лани ми беа свит сикстин и не ми се допаѓаа . Секоја втора беше во ваков ..
Мене не ми се допаѓаат баш, како што реков за вкусови не вреди да се расправа. Јас лично не ги обожавам фустаните на Шерил, ептен ретко нешто да кажам за некој не е лош. А и се зафркнуваат што ги гледаат нејзе како и стојат, а после коа ќе го облечат не се препознава дека е истиот фустан Факт е дека не стои ваков модел на секој. Еве имам една во клас ептен ниска со стомак истурен а ќе си шиела ваков фустан, уште да ја викне Шерил да го облече и да оди на матура наместо неа
Женски еден совет од мене.... на матура облечете се, нашминкајте се ...што е можно по природно...затоа што таму ќе видите се од кич и лоши фустани и креации....а вие трудете се да се издвоите така што ке изгледате најприродно Поздрав...