(не можев да најдам поголема слика, Mary-Kate & Ashley изгледаат фантастично во овие фустани, иако се прилично нискички) (Бремена е Кортни на сликава, но фустанот би стоел и на некој кој нема стомаче ) Според мене многу поудобно ќе ти биде во пократко. Како и да е, твој си е изборот. Благодарам. Извинување за должината на коментарот.
Лани бев матурантка и кревав секакви фами околу тоа. Значи фрлив многу пари за една вечер која сега не ја памтам баш како што треба и единствено што ми остана е фустанот кој стои во плакар(а го набавив од америка) и сликите кои платив исто добра сума за да ме сликаат. Сакам да кажам, во ред е да се биде радосен и среќен затоа што завршување на средно не е баш мал чекор.. Но, не треба да се претерува. Гледам сега новиве генерации, ставаат надградба на коса,нокти,трепки итн ... Значи за една вечер не вреди да се троши толку пари
Добро жени, рано е за потрага по фустани за матура ? И зошто денес кога шеткав низ Прилепскана чаршија ми велат дека оваа година слабо ќе набавуваат посвечени фустани ? Битно чевли си бендисав, за фустанот не е битно
Па за матура во Прилеп ретко кој носи ептен некој свечен фустан. Се носат миничи,тесни фустани.Барем јас така мислам.Да појдам на Матура во некој долг свечен фустан или краток и светкав ми се чини дека ќе изгледам смешно,барем вака е во Прилепов наш. Јас сакам да носам фустанче од Sherri Hill стилот,многу ми се допадна..но се срамам да носам такво,немам храброст, не знам зошто ни самата.Совет? Немам никаква идеја.
Сдп дали да шијам вакво фустанче за матурата? Моделот ист како синото фустанче, само горниот дел како градник што е со циркони како белото фустанче. Да не е премногу накитено, да бидам како елка, бидејќи во секој случај сакам да го износам и после матура, а не в плакар да ми стои...?
Епа тогаш поубаво нека биде исто како плавото,без измени..Ќе биде светкаво вака,со овие.Ќе можеш на свадби,крштевки да го носиш...
Сакам и за излегување да си го носам, не за по свадби... сепак не е сатенско, но цирконите ме тераат да се двоумам дали да биде такво или не..
Кога реков свечени не мислев на долг до земја. Кратко но сепак не сакам да биде како за секој ден за излегување. Ако ме разбираш што сакам да кажам Убави се фустанчињата од Шери Хил ама сите одат по шнајдерки со таков модел и сите излгедаа (лани барем) исто, со исти фустани само различни бои. Гарант нема да најдам нешто како што треба тука, така да Скопјето е неизбежно. Ај за некое време ќе ве потпрашам кај има и шо има низ Скопје
фала ви на претходните сугестии.али ипак се одлучив за краток фустан..сега потребни ми се црни штикли прилично високи,сатенски..оти така фустанчево има едни сатенски ленти..инаку моделот е од Ким Кардашиан (од дизајнерот Георгес Хобеика),кремаст и црн! впрочем и таа носи сатенски штикли е кај би можела да најдам такви штикли ??
Матурски фустанчиња во Ск Здраво женски Славам матура на 22ри мај, а сеуште неам појма шо ќе носам Од охрид сум, а во план сум да одам ск да барам, а 2 недели одприлка. Ако може да ми помогнете малце, да ме информирате какви фустанчиња има, каде, по која цена и сл иначе сакам некое кратко слатко фустанче (нешо ко шери хил) ама да го најдам и по попристапна цена (да не е 300-400 еур ) поззззич
Лани ко бев јас матурантка,разбрав за една продавница во Дебар каде шо продавет амерички фустани. Таму имаше фустани такви како Шери, за прикалдни цени. Иначе од мој аспект, мислам дека секаде и низ Охридов и низ Скопје имат како теткински фустани. Можда поуба опција би ти било да шиеш зз