Значи стварно сум голем баксуз !! Коа го одбрав фустанчево за матура,помислив веќе се отарасив од ова гајле..Ама сеа испадна дека фустанчево е невозможно да се сошие..Единствено Георгес Хобеика го сошил и никој друг Сега почнувам пак од почеток,а немам појма кај ке најдам..сум прошетала низ Скопје,и стварно не видов некој фустан што ме остави без здив!!
Систерот ми е матурантка денес цееееел град го прошетав ауу нозете не си ги осеќам. Само еден заклучок имам, фустаниве ни се ПРЕСКАПИ! Божем свили ово оно од франција ко да се, а ги купуваат од пазар. Или 200 евра за турски ефтин фустан. А и избор нема никаков. Само браво за Нана и Папилон кои имаат по 2-3 добри модели. Кажете некое скришно место во Скопјево кај што има добри фустани? Трговскиве бисер, гтц, буњаковец, беверли прошетани се, бевме и во она атлејето карши Кинбургер. Ах да и во чаршија има една француска продавница со преееееееубави, ама и тие се скапи бе Некоја добра друга продавница која не е во овие трговски a има свечени фустани? Хелп
Во Ламас во гтц има добри фустанчиња.Соленки се,ама па матура е (изговоров хахаха).Од 100 евра па нагоре се. Вчера видов еден рамен на Хрв Леџер фустаните,21 900 денари...
Ние одиме на матурска екскурзија, што значи не славиме официјално туку само така една вечер ќе си ја одбележиме таму ама сепак скоцкани нешто приближно како за на матурска вечер. Е сега не толку елегантно, сепак таму е друго да се средуваш и фризура треба сам и шминка се, ќе биде тоа нешто пообично и понеформално за разлика од класичниве матурски вечери па нешто такво си барам и во однос на гардеробата. Сакам да си најдам 2 убави фустанчиња, се двоумам дали да шијам или да купувам. Абер немам не сум ни размислувала нешто посебно, гледам другарките веќе си имаат се замислено само мене мува не ме лази
Јас мојот си го купив од Нана, мислам дека беше 8500! Ама само таму ми се допаднаа на друго место никаде, а да и во Ламас ама 12000 беше ! Иначе флизурата ми беше панделка
Јас многу сум задоволна како си испазарив за матурата. Иако имав обезбедено огромен буџет за трошење, јас уште месец дена пред матурата си купив фустанче за смешни 2000 денари. Не ми текнува како се викаше продавничката, долу во ГТЦ во редот на Ботони, а продаваат и кошулки и накит. Љубов на прв поглед беше тоа, зошто знаев дека моите замисли се неостварливи, а и во Скопје тоа што го сакам нема. Фустанот ми ги задоволи сите стандарди. Повеќе ме чинеа чевлите. А најмногу ми чинеше накитот, кој го купив без да видам етикета и да се размислам. Најдобра инвестиција. И после, нормално, се чудев на девојчињата што недела пред матура фрлаа и по 300 евра за некои фустани кои не вредат толку. Инаку во Ламас има добри фустанчиња, ама искрено ви препорачувам, ако сакате фустанче од Ламас тркнете до Струмица. И патот и фустанчето ќе ви дојде три пати поефтино. Ова проверено ви го кажувам!!
Нана има и во ГТЦ во комплексот кај Ламас, значи ГТЦ 1 кат, негде карши Манго ќе дојде карши Џино мислам дека. Има во Буњаковец прв кат. Има и во Беверли. Јас секогаш си наоѓам убави фустанчиња тука, еве зимово ми е допаѓаше едно 2900 и ми беше скапо некако, за секојдневно фустанче толку пари А имаше едно убаво тука за матура 7100 чинеше. Среќа не и стоеше убаво на сестра ми Иначе во Ламас бев и пред 1 месец и ни викаат дојдете во април ќе има нова роба фустаните се околу 5000 за матура. И јас сега под 10000 не најдов ниеден. Ако имало некој памучен за 5 илјадарки добро А и се ми беше прешљокасто и многу циркони, многу додатоци. Од долгите онака видов имаше убави ама и тие беа па 20000 просек. Јас најубави фустани од цел град видов во таа продавницата во чаршија прееееееубави модели. И она што ми остана во сеќавање се во Нана и Папилон по 1 убав фустан. Другото е се онака просечно, овие што ги помнам се ВРВ
Расионерке сите кои беа за Ск по фустани ми рекоа дека биле многу скапи и многу кичести, а јас нејкам таков сакам нешто едноставно.Утре ќе одам за Ск па ако не ти е тешко можеш да ми објасниш каде точно се наоѓа таа продавница?Или име нешто запомни ?
Инаку моделите во Нана мене не ми се ништо посебно. Имаат 5-6 модели и прават само такви ама од различни материјали. Јас не би дала за тие од Нана толку пари, поготово што сега сум запознаена со техниките и работата во шиењето, па знам дека изработката на такви фустни не чини повеќе од 2000 денари.
1209 ако прашуваш за НАНА се наоѓа во буњаковец најгоре Инаку и јас оваа год сум матурантка бев и за солун пред 2 недели и се беше кичесто , светкаво, премногу накитено за мојот вкус и на крај си купив од НАНА од ск
Има НАНА и во ГТЦ, јас од таму си го порачав мојот фустан. Ми се допадна тоа што беа љубезни, насмеани и ептен ми се бендисаа штиклите на продавачката. Веќе спомнав, низ темиве, дека го прекопав буквално цело скопје и наидов само на светки, сатени и слични неподносливи материјали - барем за мене. Од тие фустани кои мене ми се допаѓаа немаше број како за мој сој , се движат броевите од 38-40, некаде и 42. Јас во тие во најскелетна фаза не влегував и сакајќи да си најдам пристоен фустан, по мои мерки и должина, се одлучив за НАНА. Треба да одам на проба деновиве, па ќе ви кажам како поминав.
Женски, ај може мала помош? Може да ми дадете идеи како би можело машко да се облече за матура? Брат ми е матурант, и следнава недела ќе одиме да купуваме, по другиве градови, а него не го бива баш за избор на гардероба, а и јас немам некоја добра идеја. Единствено тој не сака да е костумосан, сака нешто што во исто време и свечено, и морерно, ама и да му прилега на годините. Има некоја некаков предлог?
Колку се некреативни машките за матура тоа чудо!! Нешто поспортски-елегантно, мене прво ми текнува на кошула, со џемперче од горе. И не ципела, онаа господинска, туку интересна патика-чевла. Барем денешно време има доста избори за машки. Друго што ми текнува, еден другар носеше трегери врз бела кошула со кртки ракави. Интересно изглеа, ама не знам колку е брат ти по такви работи.
имаше добри костуми во Прилеп баш вчера шетнав и имаше во една продавница баш за машки матурантски попуст а продавничето беше за костими....во центарот беше таа
^ па он вика неќе костим, ти продавница за костуми Иначе Старфиш потполно се согласувам за Нана, долгите фустани им се 18илјадарки а има само многу материјал и зашиен и едно деколте, ништо на него, 2 саати работа дали има и се опарија. А фустанот што ми се допадна од Нана го имаше само во Беверли, во таа Нана, во ГТЦ и Буџаковец го немаа. Кажаа дека направиле само 2 фустани такви и по нарачка може да направат друг, али 12000 беше. Сестра ми тој ќе го прави зашто го знаеме фустанот од претходно го најдовме на интернет и има многу работа 2 материјали, многу набори, прерамка една со циркони, една шијачка не одби зашто нема време да го направи има многу за шиење. А друга и рече околу 6-7 илјади ќе чини. Во Папилон дадоа цена 12000. Од 12 во Нана/Папилон, до 6 илјадарки кај шијачка и тоа како има разлика. Битно само сепак убаво да испадне. Не го ставам фустанот за да не го украде некој како идеја А за чевли низ Скопјево има од 1000ка за салонки до 8000ки, колку му е џебот толку ќе си даде