Погрешно сме се разбрале. Не сака тој костими. Иначе Старфиш, тоа со трегерите не е лоша идеја. Ама, не знам дали би му стоело нему. Висок е, ама има 7-8 килца вишок. Кошула со џемперче одозгора, има носено такви комбинации, не му е веќе интересно. Фала ти за предлозите.
FortuneTeller.xD костум немој да го терате да облечи никако. Еве можи панталони, кошулче убаво со засукани ракави да го носи и пикнато внатре, спортска чевла, или пак патики комбинирани со спортско сако. Ептен сакам машки со убаво сако и високи за добро да му стои.
Ајде матурантки да ве прашам нешто Дали планирате да носите некоја плик ташничка, ептен минијатурна или поголемка малку ? Јас сум за нешто поголемо, ама мајка ми вика кај ќе ја носиш олкава ташна. Таа не е за матура Сакам да слушнам ваше мислење
Има многу убавки мали ташничиња, сега не мора да биде ептен мало, ама плик, така поголем, е соодветен на приликата. Мене не ми личи баш нешто нај нај, дотерана, средена и со патничка торба во рака.
Плик ташна, дефинитивно најдобар избор за свечена прилика. Не личи голема ташна на свечен фустан, нели
Каде можам да најдам слични штикли, или барем нешто приближно до оваа боја? Фустанчето ми е ваква нежна боја и не знам со што да го искомбинирам.. Не сакам да биде со сребрено или златно
Брат ми е матурант и можам да кажам дека се скоцка бомбастично Пред се’, нека си купи нешто кое што ќе може да го носи и понатаму. Нека оди на комбинација сако со фармерчиња, а од доле може да си облече или маичка или кошула (таа комбинација ги трпи и двете). Зависно од тоа дали ќе носи кошула или маица, нека купи патики или кондурчиња. Но, нека купува поскоро- наредниот месец ќе рипнат нагло цените Еве како брат ми има искомбинирано (има додадено кафен каиш и поедноставни кафени кондури)
Оваа година има нешто за сечиј вкус,но гледам дека доминира нејзиното височество Розева. Oд фризурчиња ќе се носат локни во секаква форма,пуштени или собрани сеедно.
Значи не можам, се обидувам да сфатам но не можам како ви се убави овие фустани од Шерил Хил Еве каков фустан би носела јас, кога би била матурантка Има толку убави модели, а вие Шерил Хил, па Шерил Хил Добро, можеби е вкус во прашање, ама бирајте нешто од годинешнава колекција, барем да не ви биде ист фустанот со 23235649 матурантки од лани
Од Шерил не облекувам фустан па што сака нека биде, подобро во фармерчиња и корсет би одела одошто во тие кичести лампионски изданиja Секој со својот вкус и својот стил сепак.. Баш една од класот скоро славеше роденден и од на Шерил моделчињата си шиела Ај едно е што не ми се допаѓаат мене лично, ама со нејзините 160см и добар вишок килограми како буре ја правеше фустанот (од тие розе светкавите беше, со туљ доста ) Ако им се допаѓаат толку во ред, ама сепак треба да се гледа и како ти стои.. едно е на Шерил да го гледааат, а друга приказна е како тие изгледаат во него
Сеси, што убави фустани!!!!!!!! Јас да сум матурантка пак, би го носела овој зелениов. Човече, колку е прекрасен! Феноменален е бре! Со шампањ боја чевлички(како малиот момент горе на рамотона фустанот), ама лаковани, салончики. И златен накит.... мх,мх, мх Леле готово, се вратив пак назад. И сега кога размислувам, вечер идам кај шнајдерката да и го покажам! Сеси ти си крива, ова беше љубов на прв поглед.
И мене Сеси во жив трошок ме става Од секој нејзин пост со фустани си бележам по 1-2 за шиење И се ја викам мајка ми, види што е убав да си го шијам види.. а оваа па ми вика абе кај ги наоѓаш бре секој ден нов Ако ако Сеси стави уште некоја тура вакви убавини, таман да си се одлучам 2 секако ќе си сошијам матура славам годинава излегување прва втора трета вечер Ќе ми се најдат
Па дали е можно... Јас си го земав мојот фустан, само да знаете колку ми е ќеиф. Изгледам прекрасно во него, ти благодарам НАНА! Кога го облеков, продавачката ми рече дека сум и го разубавела денот, затоа што, од прва, без ниедна проба - беше планирано да одам прво на проба - ми го погодиле... Не очекував дека ќе биде толку убав, посебно што прочитав тука коментари дека фустаните не се нешто посебно. Но, јас и мојот фустан се заљубивме на прв поглед. Имам мерак да земам да си го облечам за по дома, само страв ми е да не го извалкам или поткачам. Иначе, фустанот ми е темно сива боја, и се мислам дали да купам сиви салонки, или црни лакирани ??
Јас денес барав фустани и бендисав еден долг во Хепенинг, го сликав од излогот Го пробав, точен ми беше, должината точна ни да се крати ни да се додава ама уште се мислам дали овој или некој краток, што викате вие да си прашам јас
Мене не ми се допаѓа најискрено Сепак битно е тебе да ти се допаѓа и во него да се чувствуваш убаво и самоуверено. Некако ме потсеќа на тие едни околу елката што ги ставаат, ова како цветното покрај градите И нијансата на бојата не ми е баш погодена .. Како и да е секој со својот вкус Колку пари е баш ме интересира
Фустанов не е лош,ама јас мислам за матура дека треба да си купите нешто што и понатака ќе го носите дефинитивно нема потреба од нешто што ќе стои во плакар со години после.Сепак земи си нешто кратко,мислам не мора ептен мини нели,ама сепак не вака долг фустан.
Sorry Specificone ама и мене некако не ми е убав. Мислам дека поубаво би ти било некое пократко фустанче. Ова ми се чини ко лош модел од тетката шивачка од соседството. Посебно ми е лош црниот тул одозгора.
Карина8 фустанов беше 14000 ама нешто попуст спомнуваше продавачката па идел 12600. Јас првично барав краток фустан, воопшто не ни ги гледав долгите ама онака овој ми се допадна иреков ај да го пробам па ми се допадна ама уште се мислам за овој или за еден црн краток исто од Хепенинг.