Јас не преферирам долги фустани за матура.. ама уште еднаш ќе кажам секој со свој стил и вкус Како и да е мислам дека многу поубаво би изгледала со краток фустан (е сега нормално не минич до п*ч ) кој многу повеќе одговара и на годините и на пригодата
Мислам дека ако веќе си расположена да дадеш 12 000 за фустан, дека би можела да најдеш мноогу, мноогу поубав!
Ви благодарам за искрените мислења во врска со фустанов. И да ви кажам дека се предомислив во врска со долг фустан, па сега пак си сакам краток. Премногу едноставен а не како оние на Шерил, ту мач се за мој вкус... Ќе барам некој потесен најверојатно црн....ќе одам Понеделник и до Охрид, па ако бил некој какви фустани има да ми каже
^ Специ, не дека пред една недела кога бев разгледував фустани за матура (ми помина мене редот минатата година ), ама искрено... џабе да не правиш пат. Јас бар таков впечаток имам за нашето ни гратче. ******
Јас би ти советувала, да си заштедиш некој денар повеќе и да си купише некој поефтин, а поубав фустан од овој. Овој ми е премногу сериозен. Купи си нешто кое ќе можеш да го носиш и понатаму. Нешто едноставно и што доликува за возраста (овој фустан ми е многу сериозен), јас сум постара од тебе, па не би го носела (само мое мислење-без љутиш). Облечи нешто кратко, со голи нозе....млада си или што си ???
Девојки ми треба малку помош... Фустанот ми е сличен како овој на сликата. Долниот дел почнувајќи од машничката. Горниот дел е нешто поразличен... Цел корсет не како срце, и поставата му е нежна лилава боја, со везена чипка со нежни шарени цветчиња... Со што би можела да го искомбинирам? Какви чевли и ташна? Фала однапред
Од Шерил Хил само овие би ги носела. Другите ИЧ ама ИЧ не ми се по ќејф. Па и кога ќе ја видам таа плавата
Мој предлог, да го сликниш фустанчето и да ја ставиш сликата за да можат феминките убав совет да ти дадат. Зашто вака може нема да добијат точна претстава каков е фустанот.
Сеуште не ми е готово... Би требало да го земам во текот на наредната недела. Како и да е би можела да почекам уште неколку денови Фала
Леле мнооогу скап 4 ке купиш за тие пари, јас од Хепенинг си купив фустан за матура пред 3 години (сега сум апсолвентка ) 3 400 денари беше, замислете и тоа го купував почетокот на мај од Битола, беше црн до над колена, верувајте не вреди толку пари да давате за после да ви стои во плакар еве сега за апсолвентска ќе си купам некое секојдневно за да го носам цело лето а не само една вечер
Ејјј само што се спомнува матура,збеснувам!!Не можам да најдам фустан,а едниот кој ми се свиѓа толку е невозможен да се сошие..Ве молам постирајте шо повеќе фустани кратки..Инаку фустанот шо ми се свиѓа е ...уште нешто :заедно учам со дечко ми,кој ми е и партнер воедно, а и двајцата не знаеме што ќе облечеме !!па,бидете милосни некој предлог за него !!
Ваков носев на матура пред 2 години. Само малку шљокиците горе беа покрупни и тоа појасот околу половината не беше толку затегнат. И беше розев. Си го обожавав тогаш. Само јас носев таков. Сега несакам да го видам. А гледам минатата година се вакви модели носеле. А убав беше. Позади има голема машна. Го имав искомбинирано со пообични сандалки и едни обетки од аксесорис за кои лупнав 1000че. Само за нив не се каам. Си ги изнаносев. А да бев тогаш со овој памет, ќе си сошиев поштено едно корсетче со некои секси панталонки и барем знам дека немаше само прашина во плакар да фаќаат како фустанов. Мој совет: Носете нешто практично, што може да се облече после. Барем според мене
specificone малку каснам со мислењето мое ама ако Фустанот од Хепенинг е ок , ама ок за помалце пари . За овие ми е ту мач . А и за постари ми е . Убаво ти кажаа млада си , покажи нога На стари години ќе зимаш долги ќе бараш , рано ти е сеа