И јас не ја сфаќам опсесијата со Шерил Хил, мене тие фустани ми се многу кичести. Буквално имаат се’ на нив. Кога би била матурантка оваа година, би избрала некој покласичен модел. Нешто слично на овие фустани. Спојлер
здраво Феминки нова сум овде. би ви побарала информација дали ви паѓа на памет некој краток фустан за матурска вечер по можност небесно сина боја.... каде можам да најдам? тоа ми е сон усте од пелени да бидам нонстоп во сино па за матура би сакала да имам фустанче од соништата ..... ви благодарам однапред на помошта
И јас ја обожавам сината боја, и си најдов прекрасно матурско фустанче во ГТЦ Скопје, инаку ако имаш можност да одиш солун 100% ке најдеш бидејќи цел Солун е полн со матурски фустани тоа 50% во сина боја 40% корал боја и 10 % бели, бежови, идр бои, фустанисо разни кроеви и големини. со срека во потрагата . и да фустаните не се прескапи можат да се најдат по пристојни цени.
Да не се повторувам ,ама фустанчињата на Шерил Хил... Јас лани на мојата матура носев долг фустан.Од секогаш се замислував на матурата со долг фустан,и едноставно мораше да биде таков Сега по втор пат да славам матура,може ќе облечев краток,одкако ми помина меракот Ама да не ме сватите погрешно,не жалам ни најмалку,најубава бев Се шалам Ме нервира кога викаат демек што ќе се замарале со матура,не им било свадба па да се замраат. Јас лично се водам со мотото дека Матура се слави само еднаш во животот,а свадба може и повеќе пати Овој фустан го носев,само што јас на едната нога имам шлиц до горе скроз,и не ми се влечеше позади. Кој ме познае нека ќути Прво сакав овој,ама неможев да најдам материјал кој би ми одговарал за фустанов,ни во Истанбул а не па во Мк
Никој не ја сака Шери Хил? А фустаните што ги постиравте, скоро сите личат на фустаните нејзини... Како и да е, девојки не е важен фустанот... Важно е како ќе си поминете
Абе не е важна облеката, ама таа во смисла на целокупниот стајлинг и тоа како влијае врз самодовербата на жената.. што според мене е и клучна за самата личност Ако не се чувствуваш убаво во тоа што го носиш, ако ти е незгодно и цело време си под притисок леле како можев вака да се облечам - тешко дека убаво ќе си поминеш.
До некаде е важна и облеката, сепак, стајлингот ептен. Oблеката си го праи своето - има и ќе има многу големи утки со тоа што не се искомпензирани обликот на телото на девојката со фустанчето... тоа ми е најголем проблем мене, песочен часовник во висина од 150... и ајде сеа, шо да облечам? 90-72-94 сум.
И јас сум 150, и имав кратко фустанче. Искрено пробав многу долги фустани ама ме правеше уште пониска. А искрено и најубаво си поминав. А соученичките мои кои носеа долги тоалети,имаа тешкотии со играње и со вц
Треба сепак да подразмислам, имав во план долг фустан во ориентални шари, ама ко што поминува време се нешто неможам да се одлучам, дали долго и широко, или долго и не многу широко... кратко, до врз колена, широко или тесно... Единствен плус ми е што можам да се одлучам и вечерта пред матура, зашто сама ќе го шијам
немојте да се знесвате и да шиете ,најголемите утки се прават тогаш,кога сами креирате а емате визија како ке изгледате, а не дај боже некој нешто да посоветува или да ви преречи нешто,очите ќе му ги извадите. отворете халјине за матуру и видете од други матурантки што имаат постирано слики колку поубаво изгледаат оние кои си купиле отколку оние со „креаци“. и онака исто пари ќе дадете само со шивачката поќе ќе се нрвирате. и разгледајте малку слики од претходни матури видете каде најповеќе правеле гршки.според мене на пониските девојчиња поубавоо му стојат кратки фустани исто и на повисоките ,долгите фустани зачувајте ги за свад бите на на вашите другарки. Има толу слатки и убави тинејџерски фустанчиња само ако знаете од каде да купите.замислете колку „убаво ке се чуствувате ако некоја глупава матуранка ви го стапни долгиот макотрпо изработен а и сигурно над 200 евра платен(поевтини од 200 евра долги немам начекано) и ви го скини кога и на најобично оро ке треба постојано како невеста да го поткревате,кога ќе ви треба другарка за да ви го држи фустанот кога ќе осдите во вц, и кога ке изгледате како тетка бидејки сте ја собрале косата во некоја пунџа или не знам што.и избегавај тте ги тие шлицови до ципата и гол грб до газот, на матурата има и професори и професорки имајте почит кон училишната администрација. и да заборавив замислете како ке се чуствувате кога сите ке коментираат дека сте изгледале како тетна или како к***а и сл. епа сега размислете дали ке бидете пристојни и прикладно и убаво за годините облечени, исто така и практично, или ке ги остварувате вашите „соништа“ со мисла дека изгледате како принцеза на америчка матурка забава. и да имајте убав помин на матура
Има шивачки кои знаат да шијат и има шивачки кои незнаат да шијат. Оние кои ги бива и се разбираат во мода и дизајн, ако имаш некоја бед идеа за матура, ќе те поправат и ќе ти дадат океј совет. Шиеното, т.е. осмислената креација немора да е премногу напуфкана, но сепак често и е, ко ти што ги спомна одвратните амерички долги фустани. Може да е долго и да изглеа пристојно и практично. Јас учам моден дизајн, и само сакав да чујам од вас мислење што би препорачале, бидејќи често сум неодлучна. Плус, креацијата и самото моделче што ќе се купи, и да е најубаво компонирано, ако е направено од кичест материјал, нема да изгледа океј. Поминуваат шљокици, монистра, разни траки, интересни детаљи. Ама стварно неможам да ги разберам тие со сатен... Сепак, од една страна матура и не е којзнае што, но од друга па, еднаш завршуваме средно. Како и да е, не треба да се претерува во никој случај. Eдноставноста е ултимативна софистицираност, ко што кажал Леонардо да Винчи. Кога се оди според ова правило никогаш не се утнува!
Сите ние што сме матурирале пред некоја година велиме сега да бевме матурантки покласичен модел ќе изберевме. А со повеќето матурантки што правев муабет годинава и ќе им покажам дел од овие фустани и сите алооо 18 години имам не сум тетка. Или евентуално па не е доволно свечен тој е за вечерно излегување Ете тоа е нивниот муабет. Вкусот се менува со текот на годините, за матура обично сите сакаат слични фустани, тоа се средношколските денови да си сличен на другите, да имаш најк или адидас патики ама најубавите, никако друга марка зашто не ја носи никој. Да носиш Рокси дуксер најскап, да носиш фармерки од Тејли Вејл и бла бла како и сите други. Они се натпреваруваат истото да го носат само во малку изменета варијанта. Тоа се матурантките секоја година едно исто и ние сме поминале низ истото и тие. Секоја чест на оние кои се поразлични од другите. Анализата за оваа година е дека ќе има Шерил Хол досадни фустани и ќе има тесни фустани со набори и чипки. Али кога ќе видам некоја која како апсолвентско фустанче избрала Шерил Кол е тогаш се чудам на вкусот кој го има на 20 и неколку години. И она со 23 на апсолвентска и полуматрантка со 13 години за свеченост носат ист фустан
Jас предходната недела бев за Ск по фустан и многу се разочарав, некои си лскави, со спринки, со тул и со уште незнам што на нив, а јас си бев замислила нешто корсет краток и тесен и се утепав барајки никаде не најдов такво нешто.И веќе беше време да си одам, другарка ми веднаш си најде и јас почнав да паничам дека ќе си идам дома без фустан И среќа на другрка ми сестра и ме одмакна во една продавничка во ГТЦ така малку затскриена и го здогледав ама не беше пак таков како што си замислив, но беше најдобар од сите што ги видов. Кројот е ист ваков,без тие наборите, бојата е нешто меѓу кремасто и белдо розево, пудра боја и горе на едната прерамка има кремаста чипка и врз неа мали ружички од материјал и доле на работ има чипка.Материјалот е прекрасен и многу нежен.Само јас сакав да носам големи обетки ама пошто горниот дел е со детаљи нема да можам и сега сум во потрага на накит и штикли.Не сум многу задоволна од што имав друго замислено ама фустанот нема маана прекрасен е и убаво ми стои најбитно сепак не е битен само фустанот туки целосниот изглед
И во Штип ништо посебно катастрофа овие сопствениците на бутици или НЕМААТ вкус за убаво или не знам што е проблемот јас барав вакво фустанче само надолу да не е вака како на сликата туку прилепено и за боја си викав или да е СИНО или доколку не можам во таква боја да си земам црно ...И нормално ниту н ајдов вакво моделче ниту пак ке најдам а пак за СИНА боичка каква што сакам ич ниту да не помислувам најверојатно ќе си купам црно па ќе го искомбинирам со сини салонки што мислите би одговарало црно фустанче онака поедноставно со сина салонка ? ваква како што се штиклите на сликата