Јас исто тешко дека кај нас ќе си најдам нешто. Ќе одам до Ск деновиве па сакам да разгледам што и како има, ај насочете ме кај да разгледувам. Мислам досега абрем малку можевте да приметите каков стил и вкус имам, сакам нешто пообично ама сепак елегантно и женствено. Да нема туљ само Кај да разгледувам Ако не си најдам најверојатно ќе шијам, ама треба и да разгледам сликички да одберам нешто за шиење.
Мене ми се допаѓа црно сина комбинација иако според модни правила демек не се комбинира, нема врска.А сино да ти кажам ни јас во ск не видов никаде, а и за тесно ете кажувам немаше ни едно ако веруваш сите продавници ги обврнав, скоро сите беа оваа боја како мојот оти нели хитче е сега и сигурно пола ќе бидат како голи а и јас меѓу нив Мислам дека ако имаш некоја доверлива шивачка нека ти шијат за ноѓање да не те разочарам ама нема а ни кај нас во Кочани блиску сме можеш да дојдеш (ако си од Штип де јас ама се залитав )А и јас планирам такви кондури само исто кремасти ми кажаа мене дека во Штип некој правел по порачка и една другарка кај него правела и се прекрасни и таму ќе одам и јас изгледа. Еве ти и друга комбнација со плаво
Да да од Штип сум ... И јас чевлите во вторник ќе идам да ги порачувам па се мислам дали сини или пак црни да ги направам.Но си викам доколку најдам вакво фустанче баш како што ти си го постирала тоа на 2-та слика а е во друга боја а не е сино или црно нема да ми идат никако сините штикли,па се двоумам дали да ги правам црни и сега никако не сум Знам џабе си дигаме паника за една ноќ но од една страна пак и не е баш така секој сака да се чувствува комотно,убаво и пред се sexy . А за шиење не ми се шие баш многу многу знам дека нема шанси да се долови ниту еден модел баш онака како што си го замисли човек, така да Кенди продолжува со потрагата за фустанче уште од понеделник-вторник...Посакајте ми среќа ќе ми теба
и јас барав син фустан и најдов прекрасен син фустан краток ирок со црни детали на него, ама сината е некако загасита и многу убаво оди со црнат. исто бев и солун и од таму купив фустан, нормално син бидејки во СОлун освен сина и корална боја нема друга боја и хит е чипката, е сега сите што барате сини фустани, немам што друго освен да ви препорачам да одите солун бидејки можите да најдите и фустани до кај 100-150 евра, а отприлика толку фаќа и ако го шиете. со среќа ! и имајте убав помин на матура!
Прво фустанот па чевлите, за да нема плачки и нервози. Ова од поранешно искуство - не беше додуша за матура, ама прилично се потресов.
Тоа фустанче е лесно за шиење, нема ништо комплицирано, само земи си таков цветен материјал и со шифон одозгоре. И ако воопшто се одлучиш да го шиеш, нема што да утнат, со карнерче горе, од цветниот материјал. Мислам дека е во штрек кроено. Не спомињај дека е за матура, туку дека е за веридба некоја и готово. нема да те истрошат. А не е ни комплицирано. Со среќа
Јас не ни прочитав дека сината е хит, а си купив син фустан Прилично поволно го зедов од Бугарија, заедно со црни чевли на платформа и црна чантичка. Камен ми падна од срцето, сега уште накитот ми остана. ЈАс не би препорачала да шиете по модел кој го имате видено на некоја манекенка или не знам кај, пошто пола мои сокласнички останаа разочарани кога увидеа дека е невозможен изход да го добијат истиот фустан и исто да им стои. Јас не сум за фустани со тул, од типот на Шери Хил, too much ми се. И сосема прав елегантен фустан од "богат" материјал може да изгледа преубаво. Надополнето со соодветен накит, перфектно!
Па солзушке да ти кажам искрено ниту јас не знам,татко ми ќе ме води кај еден негов пријател тој изработува за во Италија на големо ама дека со татко ми се пријатели ќе ми направи и на мене ... И најнова вест! Вчера случајно возејки се со моторот на еден излог овде во Штип си видов едно моделче баш како што ми се допаѓа,само што бојата мн мн не ми се допаѓа целото е цвено но основната боја му е кремаста а јас дека сум со бел-мн светол тен не знам што да правам дали да си го купам вие што мислите ?
Јас си купив фустан. Не го купив тој долгиот Овој е црн, краток не е премногу елегантен а и не е спортски, абе златна средина Е најмногу мака видов со штиклите.....ногава уште нека расти па можеби ќе најдам...Изгубив надеж дека ќе најдам штикли кога другарка ми ми вели да ги пробам уште тие и ми се погодија и радостии бев 12см се штиклите и така малку повеќе ќе сум повисока ама нема врска Исто си купив уште едно фустанче за другарската, ептен ми се симпатично со разиграни боички.
Вчера си го гледав цд-то од матура. Сеуште си го задржувам мислењето дека бев најубава Шала на страна, се гледам и си викам дека пак би се облекла така. Се исто, можеби со нешто појака шминка. Едноставна елеганција. А колку само се смеевме и комениравме со другарките за девојките што беа целите во сатени и светкаа. Факт е дека сакаш убаво да изгледаш, ама затоа треба со се умерено. Се обложувам дека тие девојки кога ја гледаат својата матура, срамежливо си признаваат дека претерале и дека сега да можат би смениле многу работи.
лелелеллелелелел срце си те сакам многуууууууу многу се убави мн ти благодарам само каде можам да ги најдам по бутициве?
значи си купив црно фустанче за матура и црни стикли 6cm штикла малку се туфкам што земав црни штикли па што мислите дали да одам да ги сменам ? имаше и исти такви тагет а и немам земено накит нз што ке правам и со тоа ае помош
Абе Каринче ме стави на мака со штиклава бесна совршени се и совршено би ми одговарале со фустанчето за матура....знае ли некој дали има баш вакви во некоја продавница некаде низ оваа наша земјичка, ќе ги барам ако треба незнам до дека
Ејј јас имам вакви салонки, бојата е иста можеби само нијанса потемна и висината на штиклата тука некаде само не се лакирани Кажувај адреса ќе ти ги позајмам
Леле кога ќе ми текне колку пари фрлив на матурата само фустанот и чевлите 200евра а башка ташна,накит ,фризура,си ги дадов парите за цела год стипендија што зимав Ех сеа да ми е паметот......затоа цурки-што поприродно -поубаво...и не фрлајте пари ко мене за една вечер
Леле жити се од каде ги купи, феноменални се!Немам зборови женска многу си среќна што ги имаш Ако здогледам вакви цена не ме интересира
Од Црна Гора ги купив, од Делта шопинг ценатор во Подгорица Тука немам загледано нешто слично.. ма се нервирам тука се некои застарени модели. Истите се вртат од пред 3-4 години, катастрофа сме во однос на стародиите низ нашите продавници Секоја чест на исклучоците.
Побарај убаво низ ГТЦ,јас видов неколку модели,сега не беа идентични,ама беа доста слични,само мислам не беа лакирани,имаа цени од 1000 и нешто,до кај 2000 не беа ни скапи.Баш другарка ми се заинтересира за нив,затоа запамтив,ама ич не ми текнува во точно кои продавници имаше.И така ќе бараш за матура разгледај убаво,мислам дека ќе најдеш.позз