Еј фала многу иначе не ми е за матура, затоа ќе го шијам кога ќе заврши матурата. Многу ми се допадна, прекрасно е.
Такви слични чевли има во Бата, само не се со отворени прсти, прекрасни се 5600 се исто слични има и во Shoe Art до јуник и за мене нема брооој
Ооо многу е тоа Мимс, не ми се дава толку (не дека имам да дадам ).Изгледа ќе испадне да правам некаде, тука никаде нема какви што сакам.А и јас бев пред 2 год во Делта сити во Белград ако збориме за истиот шопинг центар и стварно имаше многу убави и ефтини работи, се сеќавам многу работи изпазарував тогаш и уште некои ги носам.Штета што не сум нашла и вакви чевли.
незнам каде можеш да најдеш јас не сум од скопје ама прошетај види убаво лани кога јас бев матурантка една школска најде ист фустан како еден што долго го шмекаше на интернет и го купи 4000 мислам.види побарај.ќе ти држам среќа
Во Креативо во ГТЦ имаше ептен убави фустанчиња на излог баш ко за матура, проверете, само цена незнам, гарант се скапички
И јас планирам да идам овие денови накај Струмица ми кажаа имало избор за фустанчиња но другари ми кажуваа,а знаете машки ко машки не се разбираат мн мн...Има убави фустанчиња ? (мислам на оние што не се од сатен мразам сатен ) Или да не идам за џабе
Јас сум годинава матуранка....па се ми е купено фустан сандалки и бижутерија ми остана уште чанта но и тоа ке биди...возбудена сум премногу во врска со матуратааа одвај ја чекам тое едно убаво искуство
Христинче најискрено мене не ми се допаѓа. Зошто да не покажеш убави, млади нозе, наместо да се затвораш во олку долг фустан?
мене ми се допаѓа само друга боја можеш да одбереш да не се затвораш во црно. а за да покажеш убави млади нозе можиш комотно еден шлиц на и готово. е сеа јас барем мислам дека за матура е поубаво долг свечен фустан, не мора да значи дека ако фустанот е долг ја затвора жената или те прави постар. Напротив, те прави поелегантна, се разбира, доколку си направиш правилен избор. Ова е барем моето мислење, можеби многумина нема да се сложите со мене, но размислете - кратко, едноставно фустанче можиш секаде да носиш, а матурата е еднаш и никогаш повеќе
Мене искрено не ми се допаѓа,можеби би били добар за некоја повозрасна девојка која се труди да ги покрие годините а,можеби грешам не знам како се носат матруантките кај вас во твојот град Имаш 18 годнини зошто да се затвараш во долг фустан или пак во вака темна боја,бојата ајде пак може да помине велат елегантно е во црно да си но и секоја друга боја доколку убаво се искомбинира може да изгледа елегантно....
Од мене имаш не за фустанов. Матура е, можеш да си дозволиш некоја поотворена и пожива боја, можеш да облечеш некој поопуштен модел на фустан. Сигурно ќе ти прилега поубаво од овој. Искрено овој мене ми е многу даркерски и воопшто не ми е наменет за матура, всушност јас не би го облекла за никаква пригода