^The-Queen истиов фустан лани го купивме со една пријателка за свадба од Бисер околу 2500 беше тука некаде. Истиот потполно кремаст и црн имаше. И сега дали дека она го носеше а е повозрасна 30сетина години, а и фустанот е обичен многу, ме потсетува на фустан за повозрасни и не ми се ко за на матура. Јас и на излегување би го носела. Али вкус е. hristin4e не ми се допаѓа мене лично воопшто фустанот, сега не знам каков стил си имаш, ама црн долг фустан на 18 години не ми се допаѓа. А и убавка си, не си дебела, зашто се затвараш толку во црн фустан? Како сакаш да го промениш надоле? И да го скратиш мене сепак не ми се допаѓа многу. s.u.n.s.h.i.n.e моделче што одма ме потсети на Каролина на евросонг што носеше Мене ми се допаѓаат овие моделчиња.
Фустанчето не треба да биде само убаво, треба убаво и да ти стои. Ако имаш убаво оформено тело (песочен шасовник) облечи нешто тесно..ако си пополна нагласи го струкот а надолу фустанчето слободно нека паѓа, а ако сакаш нешто подолго треба да бидеш повисока
Јас си барам нешто вакво но изгледа никогаш нема да најдам Барем да најдам нешто онака слично, бојата на фустанчето ја обожавам можеби малку материјалот не ми се допаѓа но онака е преубаво фустанчето. А да и мака ми е што си имам онака колкови т.е. како што викате песочна фигура и си го мразам газенцево така со колковите како ми се истакнува си имам комплекс за колковите тоа сигурно... Можеби поради тоа не ми се мн мн допаѓа кога видам како ми стое некое фустанче премногу се концентрирам на тоа како ми изгледаа задникот ...поарно да си бев онака права без колкови отколку вака
Престанете веќе си златниот фустан од Шери Хил!!! Која тема да ја отворам во мода, го има! До толку на сите ви се свиѓа?!?!?!
Само едно ќе кажам - дајте ми вие мене згодно тело, а јас ќе ви дадам еден куп фустанчиња. Па на што личи, млади, убави, ЗГОДНИ... со излиени тела, кога ќе опнат некој фустан што ни оди ни стои, ми иде наназачки сосе лонгета да се превртам! Само јас си знам каков проблем имав додека си најдам фустан, а да имам убаво тело и да носам шери хил или некои црни долги ?? НЕМА ШАНСИ! Вака со моите ,,завидни,, облини нема да облечам таков, а не пак ако бидам во скелетна фаза. Свашта. Е така да си знаете, спремна сум во секое време да се откажам од минимум 5кг чисто сало, и ве молам, памет во глава. Бидете благодарни за телото што го имате - почитувајте го така што нема да го ставите во нешто ЧКЉ.
Вакво шијам за матура..ако може да ми дадете предлог какви чевли да носам бидеќи несакам како таа што ги носи
^^зошто? hristin4e и јас мислам дека за матура долгите фустани се премногу за наши години...и искрено не би облекла долг фустан,а особено не црн не ми се бендисува ни горниот дел s.u.n.s.h.i.n.e фустанчето е ок,иако можиш да најдиш и подобро...сепак зависи од вкус The-Queen црн фустан од сатен не ми е воопшто по кеф истиот фустан да е во друга поотворена боја и да е малку пократок би бил супер
Значи, не знам дали ви текнува на сликата од моето фустанче од матурата во модни критики. Сатенот кој го барав требаше да биде ваква боја, ама не најдов и ете видовте што бидна
Луѓе дајте некој предлог за фризура, пуштена да биде ама не скроз туку малку од лицето да биде фатена(ах не знам дали се објаснав убаво )
И јас сум матурантка оваа година Сакам да кажам дека поминав многу ефтино. Фустанчето го шиев и ме кошташе 1700 денари. Штикли си купив за 1800 денари. Ќе ме шминка другарка. Ми остана уште нокти да си ставам. И секако нешто што го сакам оддамна и што ќе кошта највише - надградба на коса И секако костата ќе ми ја витка другарка Муабетов ми беше не дека не можам да си дозволам повеќе, туку ме фати инат за една вечер да летнат толку пари. Матурска вечер е една ама не треба да бидеме тоа што не сме и кога ќе се појавиме сите со зинати усти и Ваууу ти учеше со нас 4ри години!! Ако сака некоја феминка да си помине поефтино за нејзината матурска вечер нека пише ќе и дадам бројче од шнајдерката
Hristin4e не ми се допаѓа фустанот, ни горе, ни доле. Премногу е светкав таму каде што е светкав, а и црно толку за матура не.
Па другарици мои, полуматуранткиве не шијат, попотресени од нас се. Ајде спремни ли сте, уште 10тина дена останаа... Ех, како некна да беше кога бев прва година. Него, јас сум во недоумица. Се мислам помеѓу овие две фризури, мислам не се баш фризури, ама сепак. Повеќе ми се допаѓа витканата, ама ми е страв по некое време да не не личи на ништо. Ај видете вие, што ќе кажете.