мене искрено и двете исто ми се допаѓаат, а мислам дека нема да имаш проблем со витканта фризура се разбира доколку е добро фиксирана..ако ти ја прават на фризер сигурно ќе ти седи цела вечер..барем според мене која и да ја избериш нема да згрешиш
Doozy абе исти се фризуриве Мислам, принципот е тој, фатена и подигната нагоре. Само на Анџелина и е повиткана доле. Ако имаш природно повиткано влакно, мој совет да си ја виткаш. И така после пола вечер нема многу да се замараш дали ти е на место.
Doosy зависи од лицето,т.е. тебе која фризура подобро ти стои,а исто така зависи и од фустанчето. мене искрено по гламурозно и поубаво ми делува првата фризура
аооооооо матураваа ме збеснаа ме збудале сите за тоа збораттт прекрасно искуство, еве ја уше помалку од две недели и оп троп матурантка, искрено за фустан и не дадов нешо мн пари така едноставен али за секоја прилика мразам сатени и такви ствари околку 2500 ми е фустанот, чевлите малце повеќе пошо подобро би дала за чевли отколку за фустан, незнам али таква сум со ставот епа девојки се одбројуваат деновите, бидете нај оригинални и по природни што знаете, останува дружењето а облеката и не е така битна, честитки за сите кои се матурантки годинава да живее најдобрата генерација 92/93
А бе, знам дека принципот им е ист, ама оди на матурантско око докажи дека се исти. Срце ме влече за таа витканата, ама па разумов ми вика направи си ја права и раат. Бог да чува сум. :geek:
Еден совет ако сакаш виткана,јас имам многу права коса и многу голем проблем ми е да ја задржам повеќе од саат време виткана,ама откога ја извиткав со четка и фен ми стоеше неколку дена витканото,така да ако одиш да ти ја пшрават виткана обавезно нека ти ја виткаат со четки,ќе бидеш задоволна.позз
мојот фустан е долг а за косата планирам пуштена - boho hair, а шминката smokey eyes и устата не многу истакната
Доколку некоја од феминките има слики од фризури нешто во овој стил, нека ги постира овде; Thanks in advance.
Братучетка ми овој ќе го шиела за матура, само мислам бојата друга ќе и била..Сега ми го прати и ме разочара. Мислев дека има вкус Мене не ми се допаѓа ич
каринче шо напраивте вие со матурата??? иначе јас сошив фустан, ама сега некако си сакам друг па ваљда и тој ке го сошијам па ке видам...
Не славиме ние матура, ќе се оди на екскурзија демек таму ќе се слави. Јас и не знам дали ќе одам можеби ќе одам во Србија на свадба, дада ми баш тогаш се мажи. Ти што си шиеше ќе ни покажеш слика или тајна останува
па слика моментално немам, не ми е сликано фустанчето, ама деновиве ке ти го пратам во лп, ако сакаш да го видиш...знаеш малку кукавица сум, ми е страв ке ме познае некој позз
Епа си ја направив како на Анџелинчето Џоли, па што сака нека биде! Супер ми испадна, ќе видиме до вечер што ќе се случи, ама сепак ми е супер.
Уф ја испратив сеа сестра ми. И не дека ми е сестра ама стварно ми беше преубава и мислам дека фустанот полн погодок. Лепота на дада Спојлер
Фустанов е сон! Ајде кажувај детали, го шиеше,го купи,колку пари...? Преубава е,без шљокици и други такви какушки.
Росоњерка и сестра ми беше вака облечена лани, истат боја, многу слично фустанче и црно сако штикли и ташна многу слично. Инаку фустанот е прекрасен, претпоставувам дека е купен затоа што изгледа доста комплицирано за шиење
Не Мимс шиен е, ама имавме и проблем за шиење не сакаа некои да прифатат зашто има многу работа на него, а за тоа време тие ќе направат неколку фустани за други девојчиња. Шиен е во Лиа кај Педагошки, нешто како студио има женава. И 3500 е за рака, ама и скапо не фатија материјалите 5 метри има материјал, 1 е сатен основата само која не се гледа и 4 метри природна свила
ете го и моето фустанче шо си го носев лани за матура.... кратко е, но не премногу .. пошо сепак е матура... не е за во диско работата ..да славев пак, пак нешо слично би носела... воопшто не се каам...
Росонерка фустанов испаднал неверојатно добар!!!! Жими се, мислев дека никој не би се нафатил да го направи, ама толку добро е изработен што просто не ми се верува. Алал да и е на жената! А алал да и е на сестра ти, што толку убаво си го носи. Немав сомнежи, искрено, дека ќе биде преубава. Вкус е сепак во прашање, а штом има сестра ко тебе, нема утка. Уште еднаш пофалби за изгледот.