Ееее колку кич видоа моите очи последниве денови. ЕЕЕЕЕЕ очите ме болат, бре! Росонерка преубав и е фустанот на сестра ти, стварно е полн погодок. Инаку, кај мене во генерација се фалеле дека купувале фустани по 400-500 евра. Очекував дека ќе бидат нешто... WOW. Кога дојдоа, кога ги видов.... Јас ако дадев 500 евра за фустан па тоа имаше да биде фустан, ама асален фустан. Да останат со подзинати усти кога минам, земјата да се тресе. Давале 500 евра за спавачици, невестински фустани со корпи и некои рок - Аврил Лавињ фустани. Ојј, генерацијо моја, опрајте се додека има време.
Ееее значи се сум видела, секакви матирантки, ама оваа баш претерала. Од кич покич!! Мене ми би било срам да се појавам на матура покрај неа!!
За матура сакам нешто поедноставно, а сепак специфично и оргинално што ќе ме направи посебна и воедно да блеснам ем со едноставност, ем со убавина, ем со елеганција. До в година има време здравје, ама сигурно нема да биде тоаелта ко за на црвен тепих за доделување на оскар, или бел долг фустан (ѓо невеста) А има секоја година такви кичови и воопшто таквите фустани не ми се интересни, и да има некоја убава интересна фризура или некој дотаток одма одпаѓа и се става во заден план бидејќи во преден нели доаѓа раскошната долга тоалета која прво ти мава во очи.
Драги Корчагинки, мое искрено извинување за следниов коментар, не ве видов сите но... Прво, пред да се одлучите нешто да носите побарајте искрено мислење од родителите, пријателите. Ова денес беше брука. Точно, видов неколку фини комбинации, кои паднаа под сенка од преголемиот сјај на цирконите начичкани по фустаните од сатен. Шминка? -О не, јас официјално велам шминкер не плаќам. Не не, тие 2000 нека си ги чуваат моите, јас домче ќе се средам, барем знам дека нема да жалам што ќе сум како баба рога. Од тантели до сатен, циркони и монистри, шлиц и чипка, изобилство на кичерај и разголеност. Секоја чест на неколкуте торти на глава, подобри и од Канела. Ако ништо друго барем видов разновидност на бои и стилови, различно од машките комбинации симнати од кукла од Битциани.
Јас дечки,просто неможам да поверувам што се ми видоа очиве овие денови. Исто сум изненадена и од самата себе. Имам и јас некој си таков кичерајски стил,и секојдневието ми е такво па се очекуваше од мене да бидам со балски фустан широк долу од едната до другата страна на плоштадот и дека ќе ми треба приколка за да се движам со нешто такво. Но,ИЗНЕНАДИВ. Бев облечена многу класично,и нешто деталите удираа на готика.Црно беше се разбира. Не долго ами кратко,пристојно кратко црно фустанче со многу интересни детали. Накитот и чевличките ми го направија онака посвеченко и се помина во најдобар ред. Сама си се нашминкав,подобро здравје нема ем си знам што сакам и што ми одговара ем не арчам пари за безвезе кога знам и сама да го направам тоа најдобро. За фризурка само без на фризер ипак е тоа нешто поспецифично,го неможе тоа секој. Слика ке ставам во некој од наредните денови во Модни Критики па ќе видите за што зборувам. Се на се,супер беше и навистина матурата не била којзнае каква срцепарателна дешавка!
ја видов оваа слика на facebook и не само оваа туку и таа до неа( што не се гледа)како од времето на Ахил е со тоа на ногата што го има....
What to say, what to say.... Помина и тоа. После неколку часа баш и не ни беше битно каков ни е фустанот и дали шминката ни е на место. Ама до едно се држев- штиклите не си ги соблеков. Си се изненадив од самат себе, од 18 до 6 часот на 14цм...Ако постои нешто по грозно од "денсање" со боси нозе, be my guest, просветлете ме. Значи мој совет до идните матурантки, ако веќе мислат дека нема да можат да издржат на високите потпетици, балетанките во ташна! Едноставното е секогаш попримамливо за око, помистериозно и интригирачко. Не пренатрупувајте се, точно дека матурата се случува еднаш, но тоа не е изговор да ставите се што ќе ви падне во око на себе!
Денес сум се пресмеала гледав слики од матуранкиве... од 100 девојки само 5 фустани беа океј, ама се друго беше ... значи секоја генерација си имат утки, од некои очекувани, од некои изненадени.... ама оваа година девојките од охридска гимназија нека си ги зачуваат сликите само за себе! хахахах некои не ни ги препознав!
Од сликите што ги имам глеано на фб од матуранкиве сега за сега само еден ми се свиѓа,повеќето ко тетки се напраиле
еее поминаа и матуриве , ќе видите све и свашта xD од наједноставни црни тесни до долги балски. според мене најдобро е да бидеш скоцкан да се осекате вие најубаво и да бидете уникатни само да не претерувате . и совет немојте да шиете или шијте многу порано зашто обично фустаните не испаѓаат баш такви ко на сликите пошо у последен момент ќе ве маткаат ќе не знаете главата кај ви е. јас си купив јесте да беше у последен момент и го превртев цело скопје али дефф најубавите фустани ги имаше пред да почне фама за матура пошо после сите ги разграбаа. сепак на матура после еден саат ќе ви помине тоа како сте облечени и дотерани и ќе се препуштите на славење тириририририр
поминаа и тоа мислам дека нерви искинав пред да помине али се сваќам дека за џабе ми биле нервозите , да ви кажам кај мене имаше се, принцезички, вештерки, сатени со циркони туловии и што ли уште не , а јас така едноставна со моето фустанче шо дури коа ги гледав јас се осеќав како права дама наспроти принцезите и совет за идните матурантки што поедноставно толку поубаво и посредено
O божее,какви се не фустани видов панделка,невести,трепки до чело,некои не можев да ги препознаам со јака шминка,надградба на коса,абе што пообично што поубаво абе фустанчина како лампиони,и освен каде ке го облечеш тоа повторно,за 1 април? :geek:
http://www.bitolskasema.org/portal/nastanislucuvanja/3418-maturanti-2011-gorna-gimnazija Видете ја Лејди Гага http://www.bitolskasema.org/portal/images/morfeoshow/____________-1578/big/DSC_0195.JPG
Оф боже битолчанки и битолчани хаха Машки шминкани офффф Златен кармин Дракулско болеро Фустани што се влечат 5 метри назад. Алоооо 18 години имате Кич, светки, локни, тулови ... Ова личи на бал на 40 годишни жени, не ми личи на матура. Ниедна девојка не личи дека има 18 години, со мали исклучоци на на 2-3 девојки кои беа слатки. Бљак.
Добро, можно е да нема една девојка за која ќе кажам, еве оваа е супер средена?!?! Факт дека некои премногу се умислиле, како да се на Оскари, па во долги фустани, златни, светкави.... А има и такви што се познава дека се без вкус. Машките горе-долу се добри, ама женскиве....
Ауу...шта је бре ово Бал во Битола??? А не матурска било...искрено убави се некои фустани ама не се за матура дефинитивно
Повеќе од пола се до фустани до земја. Грдо. Ја на мои 24 сеуште немам облечено фустан подолг од над коленици Премногу сериозно си ја сфатиле матурава децава, ко теткички се, кој би рекол дека имаат 18 годинки
само да напишам два три збора за она што го гледаме, на нет од матурите во Битола. Мора да се сложам дека девојките не личат за своите години, тоа сте во право ама кога ќе размислам дека некоја 17 годишна изгледа колку мене(23) го сваќам фактот зошто најголемиот дел од девојкиве се вакви. Не сум подржувач на бал матури но во овие креации доколку сте ги изгледаме сите, можеа да се најдат и по некое дизајнирано парче без разлика дали е наше , светско или соседството. Фризурите не им се баш некоја јака страна, ама затоа шминката на 80% им е тип топ. Криво ми е што не можи да се видат девојчињава од другите градови, а за Ск се знае кратко фустанче што ќе се носи и на искачање тое е глвно она што сакав да го кажам после големото исмевање што го дадовте на девојчињата што цела година се труделе да изгледаат совршено, но сепак ФКУСОТ е чудна работа