http://www.facebook.com/?ref=home#!/med ... eTheater=1 http://www.facebook.com/?ref=home#!/med ... 5556124858 еве ги Кочани
Лелеле што е ова бе и Кочани а и Битола влегувањето на матурантиве е проследено со огромна публика. Ко на црвен килим да одат па сите ги буљат. Ау среќна сум во Скопје нема такви работи кога влегуваш во хотел да те зјапаат. Може да се соберат пред хотелот луѓе, никој додуше не ги приметува сите играат со музичари. Ама не и да се наредат и да те зјапаат додека одиш, не фала
Битола неможиш да поминиш и да влезиш внатре од луѓе, па и баби полно, ќе те истуркат, ќе те изгужват дури да влезиш внатре. То ти е радознал народ.
По црвен тепих одат.... Не знам што е матурантиве на денешницава, НЕ ЗНАМ!!!! И комично и тажно истовремено. А да прашам, смеам да ставам слика од линков, неколку комбинации што ги гледам и доџе ми да вриснам?!
Леле какви се од Кочани И како врв на тоа , одат по црвен тепих , демек завршиле којзнае што Иако имаше неколку пристојно облечени
Секоја чест за амтуранткиве. Која од која поубава. Многу згодни моми си имаме значи. За кичерај нема да коментирам. Искрено поголеми утки со видела на холивудскиов ред карпет одколку тука. Сека си е убава на свој начин, абе Холивуд може да ни подзавиди. Најбитно е што си се свиѓаат такви какви што си биле, кој влезен во филм кој не, ама поштуем, се гледа дека сите се труделе да изгледаат убаво.
Не знам што ве иритираат толку матуранткиве со своите фустани, секој си носи каков што си сака. Ако сака ќе носи долга тоалета, ако не ќе носи кратко фустанче. Не треба да ви смета тоа што сакаат да си бидат во своја кожа и оргинални. Тие си го носат фустанот каков и да е.
Морам да се согласам со Роси, фала богу јас за Скопје вакво нешто не сум чула и не дај боже од следна година да почнат... -.- http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater А баш ваков фустан сакав да носам кога ќе ми дадат оскар, ми се скрши филм. Фустанот е преубав, ама стварно сега, што е претерано, претерано е. Треба да се има мерка. Девојката навистина изгледа фантастично од глава до пети, ама... http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater За момент се помешав дека гледам свадбени фотографии. http://www.facebook.com/photo.php?pid=8 ... 5556124858 Креацијата многу ми се допаѓа. http://www.facebook.com/photo.php?pid=8 ... 7871719859 Ова веќе ми асоцира на Belle од Beauty and the beast. http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater Апла како од матично да излагаат. Толку мои критики, само овие слики ги отворив, ме мрзи другото да го гледам и коментирам.. De l'album : Матуранти Гимназија 2010/2011 Шала на страна, во албумов се изнагладев лоши креации, комплетни изгледи и што уште не, но во глобала тоа што го видов горе-долу ми се допадна. Има неверојатно добро средени девојки, па ако ништо друго голем број знаеле барем да одберат што им стои, а што не. Од тоа што до сега сум видела за овогодинешните матуранките, убедливо меѓу најдобрите. Браво!
Леле Ресен бравооооо Многу згоди бе, една не видов лоша. Ептен се радувам кога ќе видам вака, прекрасни девојки сите убаво средени
Јас баш ништо убаво и пријатно за око не видов на сликиве, се кич до кич. Значи од година во година се полошо, младиве се унакажуваат...ко да не слават матурска вечер него некоја циганска свадба (извинете) ама така е. Секоја чест на исклучоците кои очигледно се многу малку.
Ма,сите се убави...дали се балски фустаните или не, тие се нивен сон за таа матурска вечер да изгледаат посебно. Па ајде некое линкче од скопските матуранти да ги видиме
Јас би сакала да ги видам охридските матуранти, ама не можам да ги најдам низ нетов. Ако некој ги сретнал нека ми даде линк, плс!
Матурта веке се претвори во циркус.Во мојот град веке и нема матурска вечер туку 85% од матурантите одат во Турција и тамо си славаат со најобични фустанчиња.И тоа веке 2-3 години по ред стана традиција и затоа догодина најверојатно ке се слави матурска вечер со цела генерација а потоа кој каде сака нека оди Спојлер Слики нема
Матурата е пред се свеченост, а за свечености се претпочита нешто по класично, по пристојно, а не кежуал или спортски. Не е работата да си го износиш фустанот од матурската вечер, бар за мене. Како еднаш во живот си земала да купиш фустан. Фустаните за излегување (моите) соодвествуваат со местата на кои излегува една 18годишна девојка, т.е. кафичи и дискотеки,а не ресторани и префинети места кои ги има само по филмови. Ако тебе ти е удобно во спортски фустан на матура, или во свечен фустан во дискотека, go for it.
Ок ,не велам јас дека треба на матура да одиш со спортско фустанче, таман работа. Нормално дека ќе се дотераш. И не велам дека треба да купиш фустан што после ќе го износиш, па ни јас мојот фустан од матура никогаш повеќе не го облеков. Но мене ме збуни зошто девојкава рече дека ако носиш обично фустанче е невкусно. За мене поневкусно е 18 годишни девојчиња облечени како тетки, со извадени ц*цки, извадени г*зови, балски фустани, теткински фризури и прејака шминка. Од матуранткиве забележав само неколку кои носеа фустанчиња, така да речам посекојдневни, без тулови, сатени, корсети... а надополнети со убава фризура, штиклички и шминка, а беа 100 пати поубави од некои кои никогаш повеќе фустаните нема да ги облечат. Затоа велам дека не е ништо страшно да носиш и пообично фустанче, а сепак да изгледаш средена и дотерана...но сепак е прашање на вкус, а за вкусовите не се дискутира
Матурантите и матурантките од Струмица беа преубави. Искрено немаше многу кичови, мичови ама секогаш постои неколку што рушат филм. Кој ги видел, знае.