Не збори.Јас сум од Кочани и бев матурантка тука некаде сум Ама за свеченоста Многу се нервиравме што одиме толку долго тоа само оваа година е така.Се изнамачивме на тоа штиклите а и ни припадна од толку народ,јас бев изгубена и само мислев на тоа да не се залепам на сред асфалт.Инаку за креациите имаше многу малку девојки кои беа убави и средени, ама секоја година си е така ко на бал
Не би си шиела фустан за матура од страв дека нема да ми стои .. би си земала нешто поедноставно шо ке можам повтроно да го облечам за искачање..за кондури шминка и слично зависи од фустанот.. Еве ја мојата замисла.. нешо вака.. ама пошо ова нема шанси да го најдам.. така да само можам да си го замислувам.. а да го шијам нема шанси како што кажав..
јас за матурската ќе си шиев вакво ама незнам што ми стана сосем трето избрав а инаку ова многу ми се допаѓа
Јас сакам долг фустан некој со слич боја хмм се мислам розева или виолетова има време додека да купам
Баш ме заинтересира да побарам и еве каков бил. Спојлер Мене лично вака не ми се допаѓа. Не сум обожавател на долги фустани, а и шарата некако е премногу...
Јас си сошив ваков фустан за матура, само што мојот беше над колена и друг материјал (жерсе) што го правеше набран и секако цветовите не беа исти, поинаква беше апликацијата. Испадна поинаку од што очекував, ама сепак бев задоволна
За мојата матура има уште 4 години. Ќе излезат уште многу фустани...но за сега овој ми се допаѓа.. со вакви штикли
Следната година сум матурантка. Па што викате за идејава, да си најдам некој фустан од нет, и да си го сошијам, или пак да го земам готов од продавница? Да се расшетам низ Македонијава. Кај има убави фустани? За полуматура си купив од ПП Ама за матура повеќе ќе шетам и барам. Сепак е матура Што ме советувате? И дали да биде долг, или краток? Спојлер јас сум во план долг
Little Devil па зависи, ако си пониска поубаво е краток фустан....разгледај во Скопје, има многу убави, кога правеше братучетка ми Матура во Скопје најде фустан, има доста убави и изборот е голем. Јас би ти препорачала да носиш краток, обичен ама убав, кога ќе те видат да речат лепотица а ако носиш долг, немој премногу елегантен, мислам дека така е подобро.
Се согласувам со Chasicka01, истото и јас го мислам, подобро е краток (ама се зависи од висината и ширината ). Инаку почни да си гледаш фустани на нет уште од сега за да не ти дојде 5 до 12. Така барем ќе знаеш што сакаш и ќе имаш некаква визија како ќе изгледаш, а ако најдеш некој готов фустан сличен на тој што го сакаш уште поубаво, нема да се мачиш да идеш на проби за шиење. Јас еден куп си имав симнато, ама цело време знаев кој ќе го шијам.
и јас за полуматура си земав од пп.. но сега како тебе се мислам дали да шијам дали да купам.. ако си од пп и познаваш добра шнајдерка дај препорачај ми иначе јас би ти препорачала да земеш краток .. позз
Фала ви многу на советите феминки, инаку да, уште од сега ќе почнам да си планирам кој фустан, каков... барем да бидам сигурна дека е тој, тој хехе Фала ви пак Ани, не сум од ПП