Јас не и давам значење на матурата, само поради една осносна причина-славиме буквално ништо, со завршено средно си ништо на денешно време и едно не ми е јасно зошто не се слави толку на големо кога дипломираме туку кога сме матуранти.Но тоа е.... И извинете малку, малку повеке избегав од темата
се согласувам со anabela931 ама баш ништо не сме со завршено средно, а тука во Македонија се однeсуваме како кизнеј што да сме завршиле, јас сум за славење кога ќе најдеме работа по завршената струка од факултет , работа која ни причинува задоволство и на која сме платени добро ..
Горниот дел е добар, ама надолу е премногу шарен и широк!! Како „распавтан“ ми е некако! Вака целосно кога го гледам не ми е како за на матура! Тоа според мене, може на некого му се допаѓа!
Јас сега ке сум 4та година, имам само желба да е долг, и мислам дека ке го шијам.... Еве некои фустани во кои би можела да се појавам на матурата...
Мене повеќе ми се свиѓаат кратки фустани за матура Оваа година ќе бидам матурантка па мислам да носам некој краток нешто како овие
Моето матурско фустанче беше вакво со мали измени и го облеков тогаш и мислам никад више. Сега ќе си го чувам во плакар, а кога ќе немам место за него кој знае што ќе му правам
И јас сум оваа година матурантка, уште не знам што точно ќе носам а и не се замарам премногу, немам намера да се расфрлам пари само за една вечер. Сакам тоа што ќе го носам тогаш, да го изнаносам подоцна, затоа ќе шијам едноставен фустан, отприлика како овие два ,ама затоа сакам погламурозен накит и штикли во друга боја, да си одговараат
јас ја сметам матурата за многу гламурозна вечер, и планирам да шијам долг фустан. не да е многу наџиџан, онака, да е елегантен. и секако не од сатен, ми се повраќа кога ќе видам такви фустани, ме асоцираат на спавачи имате некои предлози?
http://www.google.com/imgres?q=dress+fo ... 9,r:17,s:0 http://www.google.com/imgres?q=dress+fo ... 29,r:9,s:0 http://www.google.com/imgres?q=dress+fo ... 9,r:4,s:71
http://www.google.com/imgres?q=dress+fo ... 9,r:17,s:0 http://www.google.com/imgres?q=dress+fo ... 29,r:9,s:0 http://www.google.com/imgres?q=dress+fo ... 9,r:4,s:71
Е вака на матура никогаш не би се појавила. И јас сум оваа година матурантка и знам дека ќе биде краток и дека ќе го шијам. Бидејќи секогаш кога одам да си купувам фустан за некоја пригода не си наоѓам никаков За моделче сеуште не знам, рано е.
Кога веќе коментираме за девојчето, мене ми е многу убаво облечена, само вишок и е тоа црното што позади. Зар секогаш треба да сме во фустани од сатени, тулови, шлицови од кај гаќите и сл.? Подобро е ваква комбинација каде после тоа ќе си ги изнаносиш алиштата, а не еден фустан кој ќе го купиш и после тоа ќе чека некоја свечена прилика, ако ја дочека. И што е толку битна матурата за која се фрла толку пари? Што можеме ние после да правиме со завршено средно образование? Да им ги чистиме клозетите на другите за неколку илјадарчиња со кои не можеме ни половина од месецот да го поминеме? Најиритирачката реченица кои ми ги крева сите влакна во вис е: Па еднаш се слави. И ако еднаш се слави, ајде да ги банкротираме домашните, но важно матура се слави.
Па баш тоа црното позади ја прави комбинацијата неубава. И повеќе ми е за обично излегување. И да еднаш се слави, се разбира не треба заради тоа да ги банкротираш тие дома. Глупо ми е кога фрлаат по 500 евра за фустан и одат со триста тракатаници на нив, но секој со својот вкус. Фустанот од матурата не е нешто кое потоа треба да го носиш во секоја прилика. Се знае треба да биде свечен но во границите на нормалата. Сигурно нема да одам таму најобична за потоа да можам преку викенд него да го облекувам. Со средно не сме ништо, но сепак си се радуваме на тој ден. И на полуматура со основно што бев? Ама ептен се радував на неа и ме нервираа луѓето кој зборуваа дека џабе се слави полуматура итн. Сега ми е глупост. Но секој со годините. На апсолвентска сигурно и матурата ќе ми биде глупост. Но засега сакам да си бидам убаво скоцкана за тој ден.
Јас имав исто вакво фустанче за матурата... и од тогаш не го имам облечено. Здравје Боже, ќе си го носам за мојата веридба и слично. На друга свадба не би го носела бидејќи убаво е само невестата да биде во бело П.с. Косата ми беше цела извиткана со фигаро и на страна. Имав средно долги убетки со црни камчиња. Штикли црни. Црвен кармин, нежно бело-сребреникава сенка + вештачки трепки.
Е сеа зашто да не ... Па таа еуфорија за матура , од секад била кај нас. Што вие кога сте биле матурантки нели ги исцедивте вашите за гардероба , фризура , чевли .... Е поради другите девојки , нешто спремање да не бидеш полоша од нив нели , па вриштиш по дома леле немам време што ке правам неспремна сум Оно јес да е многу врева за ништо ама не бива без тие женски ритуали
Ее оваа година сум матуранка...па ке ве тормозам од сеа навака што како Рано ми е сега да бирам што како али сакам да биди едноставно убаво и уникатно.Па ке видиме
Баш е Шик девојчето. Ако и е ваков стилот и онака поразличен од другите зошто и за матура да не биде поразлична...Јас сум за уникатност,и најбитно ми е да се осекаш ти супер,да ти даде фустанчето самодоверба. И совет за матурантките пазете на прслучиња, гаки и слично дека Грозно е кога се гледаат или не се ускладени добро.
Добро, ако е матура немора сите да бидат Доринда. Крај краева, прослава е..треба да се обрне внимание, но нема потреба од трепки ала лепези, фустани што се влечат. Теткасти фризури и слични срања. Не го можам тоа и не е во прашање вкус, туку неиживеаност. А па да..кога сме веќе до матура, уште од сега знам дека ќе имам проблем пошо не сакам да бидам елка.