Не Лизалке, еден друг од Шери Хил ми се бендиса, во темата фустани ми се чини го има Супер е фустанчето: ем е посвечено ради бојата, ем е едноставно како што си сакала. Голит грб е полн погодок :up:
Женски верувам дека сите ќе бидете убави, не е битно толку што ќе облечете отколку како ќе го носите тоа на себе
Се утепав од барање и не најдов кај си постирала фустан од шери хил... дај тука објави го баш ме интересира твојот избор за матура...
Абе не ја постирав јас сликата. Една друга девојка имаше постирано слики, па кога го видов љубов на прв поглед беше. Еве ќе го постирам и јас, да не се мачиш Еве овој, само без точките
Ми се свиѓа, и јас го меркав едно време, ама сепак се одлучив за нешто друго, многу слично на ова... Почна да го шиеш?
^ Па... да. Однесов воглавно тоа што требаше кај шнајдерката, ми зеде мерки... Е сега треба уште да докупам тул и за панделката некој материјал, али тоа и после може. Има време
Позз Хипица ептен убав избор си направила, ми се свиѓа посебно тоа машната И јас оваа година сум матурантка, ама уште немам замисла каков фустан сакам Нема да шијам, ќе тражам во Скопје или Струмица па ваљда ќе аресам некој. Повеќе се секирам како ќе излезам на слика за табло, пошто ич не сум фотогетична и си ја мразам насмевката по вина на моите буцкасти образи ops: Иначе ќе го искористам постот и да ги прашам матурантките на форумот дали се сликаа за табло, во што се сликаа, и што ќе ви пишува во монографија Позз
^ Фала многу Анфеитфул. Иначе за обравчињата да не се секираш. Мене баш луѓето со обравчиња ми се послатки. Ние иначе уште не сме се сликале за табло, ќе носиме како и сите матуранти од нашето школо свечени наметки и капи, а во аламанах... појма немам што ќе ми пишува. Не сме го составиле уште.
Значи овие два фустани дефинитивно ми се најубави од сите. За матурата ќе бирам помеѓу овие два, или едниот или другиот со мали измени на тој со точките т.е. ќе биди без точки ако се одлучам за него.
Извини ако ти украдив некоја од твоите идеи ама само кажав што ми се допаѓа и што мислам за фустанчето. Навистина е убаво ама точките не ги сакам, а со панделката е уште поинтересно. А што решивте за шминка и за косата? Нешто посебно или нешто поедноставно? Ако имате нешто од нет од слики одбрано, ќе можите да ми покажите некој предлог ваш?
Абе пред малку тоа на Лизалка и објаснував, баш такво ќе ми биде: со панделка и без точки Али ајде нема врска, не сме ни од ист град За шминка појма немам. Не ни сакам многу да сум шминкана. Нешно нешто. Повеќе ќе дречам со лакот за нокти. А за косата: прво ќе ја пеглам (пошо ми е многу многу виткана) и после со тостерки ќе ја правам, за на крај да ги фатам долгите шишки со шнолка убава некоја, да не ми сметаат.
Добра идеја за тостерките и сето тоа. Јас имам права коса па сакам за смена да направам локни, за шминката сакам така да немам многу шминка, нешто поедноставно, а за фустанчето, мислам дека Pain го намести и уште таму го видов и ми се допадна ама никогаш не сум сакала точки на облека. И можи кај мене да биди поинаку т.е. фустанчето да е црвено а траката црна ама уште не сум одлучила а и нема да сме на исто место па да не сме во исто
ахам моето фустанче почнавте да го постирате а ако ако и мене ми се допаѓа многу само шо јас сум повеќе по другите два што ги постирав под него можите да ги видите во фустани и сигурно веќе ги имате видено поззз еве ги другите два повеќе сум за овие
^ Да, да, веќе ги имам видено. Мене пак овие животински дезени никогаш не ме привлекувале. Мартенце уживај бе, јас само се зезам. И плус моето фустанче ќе биде тегет со црвено Девојкава баѓ ми се свиѓа како е нашминкана
И мене не ме преивлекувале, ама овие два ми е нешто посебно...па бидејќи не мислам да шијам фустан за матурата се надевам дека ќе најдам некој сличен да купам, а за шминкање не мислам многу да се пудрам и сл., што помалку тоа по природно, како и косата, а исто така многу ми се допаѓа и ова фустанче што ќе ви го постирам сега како и фризурата што и е направена и шминката... и јас сум црна па се надевам дека некое вакво би ми стоело