Неизживеаност? Не би рекла. Јас порано ги гледав како теткици и така натаму ама сфаќам дека е вкус, стил, а некогаш и финансиите играат улога. Не треба да биде твоја грижа кој што ќе носи, како ќе се нашминка и на кој начин ќе ја доживее својата матурска вечер. Ти можеш слободно својата изживеаност да ја искажеш како сакаш преку твојот изглед и да коментираш за тоа, а за другите, сепак не ја знаеш приказната што стои позади тоа. А за неизживеаноста многу лош коментар озбилно. Не си никоја за така да наречеш некого.
Потполно се согласувам со горенаведеново. Па да, еднаш се слави и никад више, ама мене ич ич ич не ми јасна сета таа прашина која се крева околу дешавкава. Долг светкав фустан, тон шминка, 5-6 сарми во коса или пак локништа , што ти знам таму, надградби на нокти, коса, трепки за само една вечер? Па и згора на тоа километарска штикла на која едвај ќе стојам - не фала. Или пак ме иритираат и вакви фрази - скромно фустанче ама гром штикла, демек, ако оди шуќур фустанот, штиклата ќе се утепам од носење - пу мајката! Нејќам. Да беше до мене, одма би ја укинала оваа ноќ на оскари и би вовела парада. Да бе, сите во бело/зелено/било какво, или сите во нешто налик на униформичка - макар само маичка и една парада низ цел град, а потоа собиранка некаде на ручек или вечера, па собиранка на класовите и една јака unplugged журкица со ex yu, ма да и турбо фолк хитови од типот - не знаш ти како је нормалан бити па полудјети. Зошто толку тракатантрење и тинтрење за една вечер, фрлање пари за фустан кој 99% нема да доживее повторна промоција и ќе скапува во плакарот - да не внука ми или ќерка ми ќе ме цени ако и кажам - е, овој фустан ми беше за матура. Бре, б`ш сам се разнежнија, нема што. Знам дека мојата моќ без согласноста на мнозинството е речиси еднаква на нула, па аналогно на тоа ќе си остане ваквата вечер, планирам да бидам во најобично фустанче, кратко, од калибарот на оние што ги носам за на излегување, штикли исто. Фризура - ја пеглам, а ќе си земам и стегачи за да ја врзам ако ми стане жешко. Шминката и пропратните работи ќе ги сведам на минимум и ќе си замислам дека е само едно обично излегување, обична прослава со класот и генерацијата - а всушност и тоа е, ама очигледно работите многу се преувеличуваат. Знам дека добри 80% ќе ме сфатат погрешно - нека, јас само си го искажав мислењето во однос на темава и фала богу, не конкретизирав поединци (нема ниту потреба), па да го сфаќаат ова како навреда. No hard feelings, please. Спојлер еве како би изгледал мојот фустан, дури можеби би се одлучила целиот фустан да биде дводелен, т.е. споени сукња и корсет
Jaс би рекла за секој стил дека постои соодветна свечена облека. Чак и за тренерки, ќе најдиш некој светљуцави свечени. Не, сериозно е така. Претерано не. Иако некои од што не знаат на што да ги потрошат парите што ги фрлиле за матура и сакаат да имаат све најскапо на нив, испаѓаат "премногу арно,не е на арно" Но,матура кај нас е буквално манифестација. Затоа треба да постои и дрес код. Во ред е девојчето од Битола што не сакала да носи фустан,кој сепак мислам дека би чинел иста цена како корсетот што го носи, но со фармерки? Можела да облече барем некои убави панталони. Поразлична е, но што ако е поразлична кога пак ми изгледа како од некој цртан филм излезена со тоа позади што и се влечи. На пример оваа девојќа ми изгледа многу поинтересно и поприкладно облечена отколку оваа Не мора по секоја цена ништо да носиш. Не ти рекле задолжително фустан, задолжителна фризура... но сам треба според пригодата да се прилагодуваш. Исто и за свадбите. Не мора да облекуваш фустани,ама сепак не мораш ни премногу обично. Сепак свеченост е и тоа.
Ако си ниска предлагам да облечеш некое кратко фустанче и некои штикли пр. Штиклите се прекрасни но малку не се софпагаат со фустанчето x]
Mishela потполно се согласувам со тебе...јас сум годинава матуранка па планирам да сошијам корсет и сукња и да ги носам споени затоа што за полуматурата направив огромна грешка ама овојпат не.За полуматурата купив сатенско фустанче и го облеков само 2 пати и тоа за на свадба.фустанчето многу ми се допаѓа но не можам да го носам никаде освен на свадба(а фрлив повеќе од 2000 денари за да седи во орман ) затоа корсетот и сукната ќе ги искинам од носење..ххх
Мене едно не ми е јасно.Ако си многу свечено облеченa...СИ се напраила како новогодишна елка, ако си облечена по обично, воопшто не си се потрудила... Јас затоа викам, ич да не ви е гајле кој како ви вели да се облечите! На некој тоа му е убаво на некој не.На никој не можеш да му погодиш. Мене овие креации многу ми се допаѓаат и мислам нешто слично да носам оваа година.Кој како сака нека мисли, тоа е мој избор. .
Најт мене пак искрено овие не ми се допаѓаат, првиот ми е некако ко невестински дека бел, можда друга боја, иако сум за пократок. А пак црните ми се некако хмм , првиот од Ким би бил подобар без тоа долу како на сирена што и е, останатите два исто не се по мој вкус, ама ако си ги носи некој на матура ќе си ги носи безразлика дали некому му се допаѓаат или не. Најважно е да ти биде удобно и да се бендисуваш самиот во тоа што ќе го носиш на матурата, па и секаде, и да појдеш по фармерки(ама да знаеш да ги носиш) безразлика на коментарите одстрана иако треба да се запази дрескодот, сепак кога е посвечена варијанта свеста не ти дава да појдеш во фармерки на матура.
О, Сефора! Фустанот што се влечи два метри зад тебе, трепки ала лепези, устата со циркони и објектите на глава.. не е вкус во прашање, туку невкус.Теткастиот стајлинг не е последица на финансии такоџе. И колку сакаш не се согласувај со мене, матурската прослава е исфорсирана: кој поскапо,а воедно и посмешно ќе се дотера. Без разлика кој како ја доживува, таа останува само свечена прослава за крајот на еден убав период од животот,а не маскенбал. Крај краева, за секој стил има соодветна комбинација. Од шмизла до хипик. Тоа и понатаму за мене е неживеаност. Пошо да, пердувести фустани и НЛО на глава еднаш во животот ќе имаш прилика да ставиш. За матура!
http://strugasot.com/2011/05/20/maturan ... sa-e-dyte/ Струга Ибрахим Темо ! мене преубави ми се http://strugasot.com/2011/05/20/maturan ... esa-e-par/
За матура ми шиеа многу убаво фустанче исто како на ѕвончица ... Тиркизна боја испрскана со сребрени светки , имаше сребрена врвка за околу вратот ...сребрени сандали на штикла , сребрена ташничка. Косата ми беше плава пуштена али многу убаво извиткана на фризер со преса . И можам да кажам дека си бев нај убава !
Гледајќи ја мојата матура пред некое време, онака кога слегнаа впечатоците, после неколку месеци, ми беше толку шубе, да се чудев дали сум на некој маскенбал. Па тоа бои што никад не си знаел дека постојат, некоја нијанса измеѓу розе, виолетова, и црвена, да кога ќе играте „Штркот бара боја, која боја?“ можете сигурно да ја кажете таа unknown боја, и ќе се спасите од жмурење и бркање, мајке ми. Не стварно. Да би ми дошла пак матурата веројатно слично би се облекла. Е сега што не го облеков фустанчето од матурата, не, ма да и немав некоја прилика. За у дискотека не е, а и да е, не претпочитам да идам. Едино веридби, свадби и такви манифестации. Наравоучение: Не се правете тоа што не сте. Отсекогаш, и секогаш ќе стојам до ова. Значи, не се правете prom лепотици ала Гранд, ако веќе луѓето ве знаат како нормално спортско девојче. И не го правете тоа за да слушате пофалби и критички осврнувања од комшиките, ако ве тапшаат по рамо дека сте прекрасни. Што знаат тие за мода? Значи, глејте да бидете што понормални, и што повеќе да личите на себе. И ако можете некад пак да го облечете фустанчето.
за матура не се замарав ама ич, си купив бела маичка, кошулче, патика и панталони темни. Најнормално бев облечен. Се тоа одбрав во рок од 1 час шопинг. И добив доста комплименти за комбинацијата.
За матура си купив се во еден ден во рок од два три саати,недела дена пред матурата. Тесен фустан,сива постава,со црн набор на тул,подградите имаше црна сатенска лента,која продолжуваше во дебела прерамка со камеља на неа, а другата прерамка беша тенка. Сандалети црни сатенски со машничка и во средината на машничката камче. мало ташниче за ан рака исто црно сатенско со машна и цирконче на неа(да ги барав искомбинирани со сандалите не ќе успеев) накит само мали обетки со убав сребрен камен и толкуу. После тоа уште на една свадба го носев, ама веќе не ми се прави меракот на фустанот,така да тешко дека уште за некоја свадба би го облекла. а накитот ташната и штиклите си ги носам
Mojoт идеален фустан за матура. Сеуште ми е рано да размислувам за тоа, но дефинитивно ваков ќе биде, само друга боја. Заљубена сум во овој фустан.
Јас носев кратко црно фустанче, и црвени штикли. Е се ќе беше супер, да не ми беше партнерот понизок од мене, па ми беше непријатно покрај него во штикли да седам, и скоро цела матура ја поминав во балетанки. Глупости. Не можев да се изначудам на кичот на матура кај мене, не очекував такво нешто.
Јас носев корсет и фустанчето си го имав сама смислено уште во 3та година средно. Сите ми викаа нема кај нас да ти направат добар корсет ама коа се запнав не попуштав И направив корсет со доле обицно сатенско сукниче што паѓа слободно ама некако цела вечер се осеќав многу стегнато и уштиркано а јас не сум таков човек Многу ми се свиѓаше фустанчето но ако пак се врати матура не би облекла корсет пак во никој случај Инаку корсетот ми беше вака слично нешто само без металните напред и место розево имаше лила http://www.divacorsets.com/collections/corsetry/dita-longer-length-corset/4/127