Vi se dopagaat li fustanite sakam da sijam od tie dva ama nzn seuste dali kratko ili dolgo vase mislenje koj vi se dopaga poveke?
Види да ти кажам.. Тебе што ти се свиѓа, тоа шиј си! Твој ден е, твоја матура.. Јас и да кажам ете на пример првиот, тебе може не ти се свиѓа тоа. Така да, тебе што ти се свиѓа најмногу тоа. Инаку сите фустани се прекрасни.
Формата на косата ми е потполно иста, и должината е тука негде само имам некои 3-4цм подолг степен позади. Спојлер За матура немам баш некоја идеја што да и правам на косата. Пуштена ќе ми биде, не сакам да ја навиткам цела, кратка ќе ми дојде. Предлози? Како да ми биде ем средена со фризура, ем долга како што ми е? Да не биде само фенирана... сакам нешто како локни да и направам, благо навиткана нешто вака: Само да не ми изгледа многу пократка? Сакам што подолга да изгледа, барем колку што ми е, да не отстапува од должината и да ја навиткам. Е како?
Ми се допаѓа втората слика како идеа. Зависи дали сакаш нешто откачено како овие или повообичаено како што се овие Јас кога бев матурантка ваквите фризури ми се чинеа обични, а кога се видов целосно облечена бев задоволна. Инаку ја имав таа со плетенката настрана
Оваа година и јас сум матурантка, и планирам да си шијам фустанче, па да прашам ако може некој од матурантките или што биле некад и шиеле за матура и биле задоволни од сошиеното, да ми остаат во ЛП бројчиња од шнајдерки во Скопје. Немам никад шиено фустанче и не ги знам добриве шнајдерки во градов
Ги читам коментарите и не можам да се изначудам, девојки па јас на апсоловенската немав ваков фустан, долг да се влечи, или некој сличен на венчаница. Можеби зашто во моето место на живеење никој не носи вакви фустани, за матура сите се во кратки ( со одредени исклучоци) фустани, но јас навистина сум изненадена од ваквите желби. Ма кратко си е кратко, па и послатко. Нормално не осудувам никого, секој со своите желби-ова е само мое мислење.
Фустан одбран, шиење закажано! Кај двата шивачи што бев и тоа на 1 февруари имаа само 2 места слободни. Знаев дека ќе биде се фул, ама не верував уште од почеток на февруари, и се одлучив каде. Кој планира да шие кај Данчо нека не оди џабе, закажан е до јуни ко што кажуваше, јас кога бев имаше 2 слободни места едното го закажа другарка ми така да...А фустанот на 30 април ќе ми биде готов, во март ќе одам на проби и ќе бкупувам материјали Прекрасен е фустанот, ама богами такви материјали ретко се среќаваат...штикли ќе си купам исто во март црвени, плишани, високи салонки на платформа. Истотака ќе однесам и обично венче за да го обвиткаат со материјалот како од фустанот најголемиот дел, вртено да биде за на косата Иииии други детали, прстен на едната рака голем, раскошен, на другата моите прстени. Обетки, можеби некој ѓердан, ќе видам околу тие детали. И убава црна, сатенска плик ташничка Ама фустанот не го откривам, барем не засега и вака јавно
Sakam vakov fustan..... samo ne znam dali kje mozhe da se soshie.... shto kje kazhete....? vi se dopagja? ili da odam na nekoj poklasichen model?
^ Мааалце подолго да беше. Инаку, фустанчето е преубаво, само бојава ме буни. Ради додатоците како цирконите ме потсеќа на венчаница...
Фустанчето е преубаво, и јас со Хипица се сложувам дека поубаво би било кога би било малку подолго.Дури и маската на окото е доста оргинална, можеш да ја направиш, колку за додека дојдеш, па после извади ја.
без таа лентата и чипката би било поубаво, според мене Shlag-so-jagodi да не те разочарам незнам дали точно ќе ти го направ исто, барај добра шнајдерка. И се сложувам со хипица мене ми е ептен невистинско, можеш и доста поинтересно да се облечеш, тоа е сепак мое мислење
Дааааа, многу ми се допаѓа, ама да си биде со прерамки баш како што е на сликата.Немој без прерамки,баш е убав со нив Без машна со чипката, но и со машна е убав