Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Матура

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Janaaa, 1 декември 2009.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Јас сакам едноставно, нежно фустанче, праска боја по можност која ептен ми одговара на тенот. Косата навиткана како на Серена [​IMG] или пак ако се предомислам ќе продолжам да црпам инспирација од неа пошо имаме иста форма и боја на коса ( само шо мојта е природна ]:) )

    Може нешто вакво, кратко и позатворено кај градите
    [​IMG]
    или
    [​IMG]

    Супер ќе биде ако најдам ланче слично на ова
    [​IMG]
     
    На Hipster, CrazyStupidLove, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  2. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Познавајќи се себеси и изборот кој го нудат продавниците за време на матура, мислам дека ќе останам без ништо.

    Сакам едноставно фустанче од понеобичен и не толку секојдневен материјал, струкиран, краток, по можност со гол грб :wasntme: и messy bun фризурче. Останати работи подоцна :D

    Еве нешто од мојата архива..
     

    Прикачени фајлови:

    На Lovely и cupcake27a им се допаѓа ова.
  3. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Девојки, уште една година сум матурантка.. :D знам дека е рано, ама нестрплива сум и не сакам да чекам до последно па после да не можам да најдам ништо.. вака со време да си се подготвам.
    Одсекогаш сум сакала долг фустан да носам за на матура, ама па ниска сум .. на штикли би била 166,
    мислите дека не би ми стоел долг фустан? :?:
    Инаку би сакала да шијам нешто вака во горниот дел
    [​IMG] ама скептик сум дали би можела да најдам материјал...

    инаку се двоумам вака,
    ако би носела долг да биде нешто вака [​IMG]

    а ако е крток, како горниот сама до над колена..
    што мислите?? :?:
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    За матура планирам да шијам. Не сакам да се замарам да шетам по продавници.
    Обожавам чипка па затоа и такво планирам да носам. Еве баш вакво, само напред отворено, не толку до вратот. Ама секако не црно, кремасто или праска боја, ќе размислам.
    [​IMG]
    Косата ваква
    [​IMG]
    И тоа.
     
    На thelittle17, thinkerbell и Mishela им се допаѓа ова.
  5. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    ^Штрумфета јас се мислев дека ти лани беше матурантка.. :D

    Уште нешто..
     

    Прикачени фајлови:

  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Бидејќи темава ме потсети на мојата матура да си споделам. :D

    Прва работа најголема гордост ми е што штиклите/сандали за матура ги најдов за 200 денари. Најсериозно и феноменални беа. Баш тогаш во Лептокарија затвараа една продавница и оп случајно влегуваме со мајка ми, само мој број имаа. Ги пробувам, супер си лежат ем удобни ем не превисоки оти на мојава висина уште 12 штикла да опнам и комотно со жирафи може очи во очи дуел да правиме. Кога рече продавачката 200 денари мајка ми и се згази од смеење.

    Фустанот го шиев и не беше како да сум се избацила од модна писта со триста тракатанци и чуда. Едноставен, пригоден, удобен. Се по мерка.

    Шминка и фризура = хоме мејд. И покрај тоа што не сум незнам ти каков професионалец се си издржа цела вечер. За разлика од тоа, имаше девојки кои се шминкале кај звучи имиња па цела вечер ја поминаа во вцето рибајќи го килото пудра.

    Како резиме, мал совет. Не претерувајте во ништо. И одберете нешто што стварно ви стои и прилега и на стилот и на грабата. Затоа што ние уште се смееме на утките кај нас на матура кога пополничко девојче се пикна во долг фустан со гол грб, па се се прелеваше на сите страни. Бар денес може да се најде понешто за секого.
     
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    [​IMG]
    Lady-like elegance has made its comeback.
    [​IMG]
     
    На Belieber163 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    За матурата си бев одбрала едно фустанче кое многу ми се допаѓаше.Не сакав да ја повторам истата грешка од полуматурата па фустанчето не ми беше претерано свечено иако не е баш ни за обично излегување.Црно ми е,со бобици и црвена машничка на половината.Баш е сладко ама го носев само на матурата и не сум го облекла повеќе.Едноставно нема каде да го носам,специфично е малку.
    Туку за фризурата се зезнав.Поради тоа што на полуматурата ми беше виткана и изгледав многу повозрасно со таква коса,за матурата сакав да ми биде пеглана.Но кога отидов на фризер,таму ме разубедија некако и ми ја извиткаа косата.Кога се видов,на прв поглед се бендисав ама потоа ми се исправи малку и на ништо не личеше.Многу се покајав што не си ја носев како што најпрво си бев планирала.А убаво ме нашминкаа,од тоа бев задоволна.
     
  10. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.341
    Допаѓања:
    17.917
    Пол:
    Женски
    како за матура многу ми се свиѓа како е изработена фризурава :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Да, ама со ваква и слични на оваа фризури се осеќаш ко автобус да ти се паркирал на глава. Мразам тешки фризури.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  12. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Уште сега закажувате???? Хехехе девојки како невести да сте па со месеци унапред.
    Ја шминка,нокти и фризура закажав 3-4 недели пред матурата. Дефинитвно јас сум била многу light
    Но,ок убаво е да е да се види како сте посветени кон тоа, но кога ќе помине ќе се смешкате за што сте си ја чукале главата. :)
     
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.341
    Допаѓања:
    17.917
    Пол:
    Женски
    многу ми се свиѓа и косата и шминката :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  15. IiVvIii

    IiVvIii Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    7
    dobra snajderka vo struga ili ohrid??
     
  16. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Јас за матура сакам црн фустан и најверојатно таков ќе си шијам. Навистиа можеби не е прикладно за на матура во црна боја и би било подобро со некои посвежи бои, но јас си ја обожавам црната. Фустанот ќе го искомбинирам со впечатчив накит во тиркизна боја, а исто и убави чевли на платформа во тиркизна боја ( ако успеам да најдам ). Инаку фустанот не сакам да биде премногу накитен и свечен, накитот ќе ја разбие монотоноста. :)
    Ама сепак малку сум скептик што се однесува до чевлите, дали ќе изгледа убаво во тиркизни чевли иста боја како накитот или сепак да си земам црни чевли?
     
  17. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Црн фустан со тиркизни штикли..seems legit. Е сега, накитот зависи од моделот на фустанот. Немора накитот да е буквално тиркизен..пример нешо као сребро со тиркизни камчиња измешано. Моментално ме мрзи да барам слики, али ај некој нареден дек ќе постирам.
     
    На marama и agirl17 им се допаѓа ова.
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Да битолчанка сум, јас си закажав за фризура веќе и за нокти :lol: , сегде кај шо ќе одев веќе пола беше закажано, така да пред матура сигурно не би нашла место, за шминка уште незнам каде шо како, а и шнајдер незнам, сакам некој посалам, за да биди фустанот убав :D
     
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Женски
    Добро една од ретките ли бев што освен фустанот што не го шиев, се сама си правев. Ноктите сама и немаше кој не ми ги пофали. Шминка сама, нежна во склад со настанот и облеката. Коса сама, проста, но елегантна фризурка.
    Матура е побогу, нит се мажите, нит на свадба одите.
    Само 4 години средно сте успеале да завршите, кое е патем задолжително годиниве и на гз, на глава, мора да се заврши.
    Браво |(
     
    На thelittle17, ani22 и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  20. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Јас да си кажам, предходно спомнав имам фустанче кратко црно и слатко купено уште летоска :)
    ќе си искомбинирам, планирам со крем боја .. нo ќе видам како и што, сега тор рано ми е :)
    а останатото се сама ќе си правам, косата планирам извиткана онака лесни разиграни локни , сама ќе си се шминкам.. не ми се фрла пари .. а и секако не сакам да се шминкам којзае колку ..
    се се многу едноставно ќе изгледам, али сепак убаво :angel:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.