и одењето на свадба, па може да се каже и мажењето се нешто многу повеќе ? Неколку настани се во животов такви што им се посветува олку внимание..сеа матура,дипломирање,па свадба,па свадба на брат/сеста и толку е.Нормално е девојкиве што се заинтересирани за фризери,шминкери,фустани и слично. Колку што ми е досадно да гледам циркузанти на матура, толку ми е досадно и од фаци кои демек..не ми е гајле за матурата,бла бла бла..so hardcore.
И јас ви викам да се замарате, слатки маки се овие. Добро сега, да не се претерува нели, но зошто да гледате само да поминете, ќе ви биде мака по неколку години. Јас единствено зажалив што барав фустан без претходна идеја каков сакав, сега со овој памет знам што и како, но сепак убав ми беше, за свечен настан. Па што ако не го облечам пак, биг диал. Што ако една другарка го износи цело лето по клупички и кафичи, ништо. Си сакам да си ја памтам матурата, јас никогаш не заборавам како сум се чувствувала, доколку облеката не ми беше погодена, тешко дека ќе си минев убаво. Да, глупаво е така да размислувам, облеката да ми го диктира расположението, ама тоа е тоа. Фала Богу дека имаш повеќе самодоверба ако си скоцкан. Ако е така, тогаш ниеден настан не е вреден за паметење. Јас секојдневно колку внимание обрнувам на облеката, а не па за матура да не си бидам убава. Односно си бев убава. Битно јас си се чувствував убаво и посебно, и ми беше убаво. Само да ве советувам, за сликањето, ако одите да ве шминкаат, да НАГЛАСИТЕ, гласно и јасно, дека сакате ДНЕВНА шминка, а не триста шлакутарници. Ако не се бендисате, кажете и, имате право да ве прешминка. Јас смотанка, ем и реков како сакам, ем како Баба Рога испаднав на сликата и никој не може да ме увери дека е убава. Ах, пак ќе речам, со овој памет, сама ќе се шминкав. Ме посоветуваа од фемина така да направам, сама свој мајстор, ама јас отидов на шминкер атер за основата да ја трефнам - потоа сфатив колку убаво јас се шминкам. Ми ја расипа цела слика глупавата шминка. п.с. За самата вечер немам збор, преубаво ме нашминка, ама за сликањето... Катастрофално. п.п.с. Бев можеби единствената во генерација што немаше вештачки нокти. А зошто, моите се поубави од вештачките.
Не викам дека мене не ми беше мерак да се замарам. Ама во согласност со годините и приликата беше тоа. И неможе некој да ме убеди дека баш матура е денот кога од шминка девојките не личат на себе, или дека е прикладно да се носи долг фустан. А тоа дека не одиш на свадба не го пишав за на која било свадба. На свадба кај близок.
Е добро де и ние си се замараме во согласност со приликите и годините. Е сега ако некој се осеќа дека е таман за балски фустани, коси тапирани до небо и ако сака да си закаже со месеци унапред, не навлагаме тоа е неговата идеја за матурска вечер и која сум пак јас да и бранам и да и продавам мода или да бидам ваква па да ја успорам малку. А подобро сега да се замарам за својата матурска отколку кога ќе ми помине Инаку сега за сега, сакам облеката да ми биде понеутрална. А и нејкам да бидам злобна пошо многу чекаат да блеснат во лејдигагест стил шо мене ама ич не ми смета ако тие си немаат проблем. Е сега многу му ја мислам за шминката... знам дека нема да ми ја погодат и дека ќе ме упропастат. Доволно ми е само да ми се истакнат очите пошо од кај ми се зелени, па и бела целата лесно можат да ме унаказат ако се претера со шминката. Ама па и не сакам да изгледа како дневна шминка. Крај краева ќе им кажам да ме нашминкаат како Ангелинчето
^Магнолија, ќе си ги извадиш сликите од фото студио, и ќе и ги однесеш така. Оти ако почнеш да им објаснуваш вака така, глувиот и немиот, ќе се разберете. И за фризура, фустан, шминка, што било, само слика. Наместо да објаснувате, ќе си покажете. Препорачувам собрана коса, барем во пределот на лицето приберете ја.
Иако воопшто не ја сакам женава, напротив многу ми е одбивна, неколку пати ме има воодушевено со својот изглед од кој може да се земе инспирација за матурската вечер. Спојлер
Леле јас со триста ума сум Пред некој ден имав пишано дека сакам црн фустан во комбинација со тиркизен или зелен накит и таква иста боја на чевли, ама некако ми беше шубе, се замислував во таква комбинација и се чувствував многу сериозно, темно Сега сакам фустан со боја на праска, да биде кобиниран со крем накит и штикли,значи боја на фустанчето како тоа што е над мене постирано, во кобинација со кремово. Или сепак подобра е првата кобинација на црн фустан со зелен накит? Што мислите вие? Инаку имам темно кафеава коса и среден кон светол тен, па мислам дека двете комбинации би ми прилегале.
ја мислам дека фустанот што го постирав да го комбинираш са штикли боја шанпањ и накит ќе одговара најубаво ја планирам така фустанот да биде таква некоја боја на праска,убава свежа пролетна боја во кобинација со кремово еве вака нешто кремово
јас отпрвин сакав косата да ми биде виткана оти ми е долга,ама кога си размислив поубаво ќе си појдам на фризер фино лепо ќе ми ја соберат и да не се замарам цела вечер дали ми се исправила и да ми жеже а вака ем нема да се замарам и ќе денсам цела вечер
Здраво на сите...би сакала да добијам ваше мислење за фустанчето кое ми се допадна и сакам да го шијам за матура...однапред благодарам
Извини ама мене не ми се допаѓа. Прво моделчето не ми се допаѓа, друго не ми е за матура. Ама секој со својот избор, ако ти се допаѓа go ahead.
Моделот не ми се допаѓа ниту мене,ама дека не е за матура нема врска.Ако ти се допаѓа,шиј го..ако си матурантка,не е правило да си Доринда
Aко реков моделот не ми е за матура, не реков дека сакам доринда стајл. Slow down. Kако што кажав, секој со својот избор, кој што си сака тоа ќе си носи. Ако стварно и се допаѓа фустанчето сигурно нема јас да ја предомислам
^^ Мене ми се допаѓа моделот, ама со некои корекции да му се направат, а и можеш да го направиш со повпечатлив материјал и ќе изгледа по свечено. А инаку јас лично не можам да ги сфатам сите кои мислат дека на матура се носе само „оскаровска„ халјина до под и со собрана коса во пунџа, и на крај сите излегуваат со исти фризури како договорени да биле... Наместо да изгледаат баш младо и урбано, им се додаваат непотребни години со изгледот на девојките. Не викам и да се оди со обично крпче на тебе, ама барем да не се обрнува толкаво внимание и труд на фустан кој во животот повеќе нема да го облечеш. Тоа е мое мислење, а сепак и овде се работи за вкус. Само сакам да ги посоветувам идните матутантки