И јас сум оваа година матурантка. Сега незнам дали да шијам или да си купам? Што според вас е подобро? Инаку само знам дека сакам долг фустан со некакви прерамки (мислам дека корсет цело време ке ми паѓа). Ај ако може некој предлог, веке многу фустани изгледав и сега сите ми се грди.
Дефинитивно готово е подобро,го облакаш и гледаш дали ти стои или не. Но поевтино,и по приближно до твојата замисла ќе биде ако го шиеш.
И јас размислував за шиење, ама да одам материјали да купувам, па дали ќе најдам таков како што барам, па да се мавтам таму да одам да пробувам, па корекции ова она и на крај сигурно нема да излезе каков што сум го замислувала и одлучив да купам. Е сега ме мава некој филм да си купам шљокасто фустанче, ама она умерено шљокасто, па ќе видам што ќе биде има уште време, сигурно до тогаш ќе се предомислам еве нешто долго -фустанов ми е перфекција, ама некако не ми е за 18годишни, незнам..
девојки на фустан на една рамка каква фризура одговара собрана или пуштена и виткана,ја мислам собрана да дојде до израз едната рамка
Собрана или цела коса настрана. Еве еден прекрасен фустан според мене, + на едно рамо како што праша Еве уште, како пр. за косата
фала многуу на одговорите поубаво ќе биде со собрана коса,ама се мислам дали да биде фустанот на една рамка или корсет незнам ај малце помош
^ Па има убави фустани и со корсети и на едно рамо, а и различни модели се скроз! Со корсет под него обично од колковите надоле паѓа слободно и не е уз тело, а овие на едно рамо обично се уз тело. И за фризурата, со корсет повеќе стои пуштена коса, или настрана, додека пак на едно рамо најмногу стои собрана коса, евентуално настрана и некоја фризура таква. Постни примери да видиме, вака на слепо не може да кажам мислење. А еве ти нешто измеѓу и на едно рамо и со корсет, но за мене не е убав фустан.
Мене ок ми е моделот, јас почитувам едноставен изглед, тие матурантки изгледаат најубаво согласно со годините. НО само да те известам дека потполно истиов фустан во црна верзија, значи зборам комплетно ист со еден ракав и со дупката на страна, имаше во Њујоркер за некои 1200-1300 денари на попуст пред месец два го гледав. А и во Елит го видов за 1000 и нешто. Сум видела и друг пат модели од Њујоркер во Елит/Еко така да станува збор за истиот модел. Е само беше црн и мислам друга боја немаше. Да знаеш дека моделов одамна е во продажба за ефтини пари. Но со твој избор на друга боја, твој материјал и може пример на рамото нешто да доставиш пример камчиња и да го направиш за нијанса посвечен и поубав.
http://www.facebook.com/pages/NANA/151512534907181 Јас би ти ја препорачала Нана, јас мнатата година бев матурантка и шиев таму. Има и во Штип, т.е таму ги шијат.
е стварно не знам шо да правам со косата триста идеи ми идат,фустанот ми е на една рамка дајте некои предлози,според мое мислење на таков фустан стоу собрана коса,а некои девојчиња викаат ќе биле со пуштени коси собраната коса била за возрасни и ја со ќе правам со косава стварно незнам можеби е глупо уште сега да размислувам за тоа ама поарно со време оти ене го мај ќе дојде па ќе си останам со прстот во уста патем еве некое фустанче од менее за вас