Ви се допаѓа ли ова фустанче? Сакам да го носам на матурата, планирам да го шијам во Кочани, во некој бутиќ, не му го знам името. Давајте предлози за кратки, поедноставни фустанчиња.
90% сум сигурна дека ова ќе ми биде. Утре ќе му кажам на батичко, од него ќе ми биде поклон. Само не знам каква боја на салонки и какви да си купам, црни не сакам. А, исто и накит не знам каков. Ама,ајде има време уште 2 месеци.
Боја на салонки немаш некој голем избор.Ако не се црни, ќе се кремави. Мене друга боја не ми оди на црвенава.
Освен со кремави можеш и со повеќе нијанси на кафена, темни, светли секакви одговараат според мене и поубаво би стоеле од црни.
Ако си најдам вакви, ќе бидам најсреќна на свет. Преубави се, а и одговараат со црвено. Едит: И овие одговараат
Јас имав вакви лани за матура еве ти сликичка ако ти се допаѓаат ќе ти пишам каде ги правев и цена што како во лп
Ги има во Ил Камино 1600 денари. Инаку фустанот е преубав и освен црно, крем можеш и со тегет да го комбинираш.
Веројатно од овде ќе ги купам, од Ин или од Бама, најубави модели имаат. Не ми се исплаќа да одам во Скопје. Кремави ќе бидат, тоа сигурно, ташна плик и таа кремава. Сакам на раката некој детал во златна боја, како на сликата, преубаво изгледа. Туку јас доста си правев планови, да не не испадне како што сакам на крај.
Старбакс, прво фустанот па чевлите, за да нема плачки после. Ти советувам некако заедно да ги пробаш, ако е можно, само чекај го прво фустанот да стаса. Ако не одговараат чевлите, а ги купиш, маки ќе си видиш. На слика и во реалност е скроз друга работа... А фустанчето е супер, се надевам долниот дел ќе биде таков набран.
Секако прво фустанчето ќе го шијам, после ќе купувам друго што ми треба. Инаку не го менам фустанчето, вакво исто како на сликата сакам да биде. Нестрплива сум да отидам, да ми земат мерка и конечно да почнат да го прават. Ме фати еуфорија деновиве, едвај чекам да дојде матурата.
Преубаво, многу модерно и шик, сосема поразлично од веќе познатите свилести, шљокасти, матурски фустани. Браво за изборот. Дури препорачувам да го носиш со каивче, ако носиш крем штикли тогаш некоја слична боја, само не толку светла, малце потемно крем, или пак крем-кафеаво каивче. Ако носиш тегет, тогаш тегет каиш. Можеш и со сини штикли, иако сепак мислам дека со крем би било одлично. Доколку носиш на пример кафеаво каивче можеш да носиш и таква ташна, не мора да одговара со штиклите И златен саат дефинитивно изгледа прекрасно, со златни обетки, меѓутоа не пресвечени и цирконести.
шиењето е закажано.фустанот одбран и бојата исто така.и сега треба да чекам да ме викнат на проба уф едвај чекам а додека чекам да се помачам со проектната
Цветчето го купува партнерот, не сами. Додуше ако случајно немате партнер па да си купите. Баш знам лани-прехлани што славеа си се договараа партнерот со партнерката за каква боја цвет да се купи. И мене пред 7 години ни ги купи партнерот цветичите. Има од обични до цветчиња прекрасни па дури и со материјал како фустанот вметнат. Во цвеќариве прекрасни прават и со вештачки и со природни цвеќенца. Инаку нешто што никогаш нема да сватам во однос на матурата е купувањето на скап поклон за партнерот/ката. Купуваат скапи оригинални парфеми, сваровски кристали, часовници... Не, не ми е јасно. Ај да ти е партнерката девојка или дечко па тој поклон да е поскап, ама обичен другар од клас да ти купува сваровски од неколку илјади абе ај. Фрлање на пари за глупост ми е. Поклон признавам но тоа да е симболично, а не да се луксузира. Се претерува со матурава. Убаво прочитав лани треба да земеш кредит за да слави едно просечно македонско семејство матура за своето дете, од облека, до поклони, до веселба дома, матурата е скапа инвестиција. Е тоа е "бесплатно" средно образование, со матура која достигнува цифри со 3 нули, во евра секако.