^^ Апсолутно се согласувам. Мене искрено ми беше огромен терет тоа што морав да му купам поклон на партнерот, т.е. прво да бирам што како второ дополнителен трошок. Ми беше незгодно да му предложам да не си купуваме, ама не потрошив премногу на подарокот, нити тој. Инаку цветчето не знам колку е отприлика, но знам дека еден другар од клас на неговата партнерка, го плати околу 300 денари, за моето од партнерот не прашав нормално. И препорачувам да не е од природно цвеќе, што знам прво ќе се исуши многу брзо може дури и вечерта, второ овие остануваат за спомен, јас уште си го чувам баш вчера го видов во фиока
Сакам ваква фризура како на сликите, пунџа во никој случај многу теткински ми делува ,а фустан таков каков што ќе купам. Планирам долг зошто сум висока и во прилог ми е да истакнам нозе и половина, а на гради и деколте
Си закажав за шиење. Фустанот ми е краток, не е елегантен, ама не е ни едноставен. Важно е, дека ќе можам и после матуркста вечер да си го носам.
Материјалот е однесен на шнајдер Одвај чекам да ме викни за на проба Фустанот ќе биди тиркизен долг , Знам дека нема поќе да го клам и така ќе стој в шкаф, освен на некој блиски свадби ,Али меракот е голем за долг фустан, и одвај чекам да го облечам, Чевли имам само 1 ми се носени на свадба и ептен скапо купени, не планирам други да купвам Се ми е и закажано освен шминка, и то треба да го средам овие дена, Ахх одвај чекам да дојди, знам дека ќе биди супер
ке може едно сликиче какви се цветчињата за на рака? сакам да направам сама, па ке си вметнам нешто мое да биде уникат
Брачеда ми кога беше матурантка дојде партнерот да ја земи и вакви и стави на рака... многу убави се стварно , мислам дека секоја година се губи таквата традиција со ставање цвеќе на рака за жал
за кого како секој има различно мислење и став! мене ми се многу слатки. штета што кај нас ја нема таа традиција
Порано на свадба деверите и кумовите носеа такви на сакото, ама помали сега не знам дали се уште носат
Јас имав што ми одговараше на фустанчето, од партнерот, беше со свежо цвеќе убаво беше многу и баш ми е фина оваа традиција, мислам дека вака било и порано
Како ја нема, сите девојки овде што имаат партнер носат, партнерот кога оди да ги зема им го става цветчето на рака
Ја има традицијава. Затоа и партнерите унапред прашуваат што боја фустан ќе носи партнерката. Барем во мојата генрација, сите девојки бевме со цветчиња на рака. Штета што мене во диско после ми падна и ја изгубив, инаку ќе си ја чував за спомен, не ми беше од природно цвеќе, туку како алка рачна изработка.
Ова во Скопје го практикуват, Тешко во нашиот град за вакви, а мислам дека овие се купват од продавница кај шо се изнајмуват невестински фустани. Често брајзмерките по свадби ги носат или другарките на невестата