-Јас кога бев матурантка се договоривме со најблиските другарки да си купиме убави фустани, кои можеме да ги носиме и отпосле. Рашетавме низ град и малку потешко, но сите си најдовме нешто прикладно, едноставно, а убаво. Секоја од нас си го плати од околу 2000-2500ден. (значи ништо прескапо). -Потоа баравме складни чевли/сандали со штикли и за среќа уште во првата продавница си најдовме соодветни модели (јас уште ги имам сандалите, многу квалитетни се покажаа). Тогаш беа многу поефтини, ги плативме околу 1200ден. -Потешко ни беше околу наоѓањето чанти. -Наместо да се шминкаме кај шминкери за пари, ние со тие пари си купивме козметика (на секоја што и` требаше-тоа) и се нашминкавме сами. -Фризурите ни беа едноставни, претежно виткани со фигаро, крпчиња, виклери, која како знаела и умеела, некои беа пеглани. Значи не бевме на фризер за фризура. Си поминавме многу убаво, а не се потрошивме премногу. Да направам разлика - многу девојчиња имаа купено фустани како Пепелашка, па се жалеа потоа дека за џабе ги купиле, така им седеле дома. Многумина се жалеа од шминката (кои биле на професионално шминкање), бидејќи некои беа како маскирани, други прејака шминка и сл. Тие од на фризер беа како торти во главите. Мислам дека матурата не е којзнае што, за да мора да се потроши огромна сума на пари, за на крај да изгледаш пластифицирано на 18год. да бидеш како 28г.
Да не знаете некоја страна за онлајн купување со фустани за матура, но да бидете сигурни во таа страна...?
девојки би носеле вакво фустанче на матура? Мене ми е преубаво ама некои викаат дека е е преедноставно за матура Ваше мислење ?
Зошто преедноставен? Зарем за матура треба балски фустани? Ако тебе ти се допаѓа слободно носи го, можеш само друга боја да го сошиеш.
Еве тука има повеќе фустани, ме мрзеше сите да ги копирам да ги ставам тука затоа сама послужи се. Спојлер http://www.facebook.com/media/set/?set=a.297228604972.178393.297154349972&type=3
Е Едноставно но е убаво.Не мора да биде накитно некако спцијално па за да биде за матура.Секогаш поедноставното е поубаво.АКо го правиш крем боја многу убаво би стоело со црвени салонки,црвена ташничка.
Според мене фустанот за матура не треба за биде којзнае колку свечен, пренакитен, пресветкав итн.Ама сигурно дека треба да биде уникатен, не за џабе е за матура. Неколку такви свечени поводи се еднаш во животот што се случуваат, па дури и свадба кај некои се случува повеќе пати, ама матура е една вечер и никогаш повеќе. И сигурно не одбрав фустан за да си го „изнаносам“ понатаму, зошто такви фустани имам дома ехее, и можам да си купам кога сакам, каков сакам за да го изнаносам. Сигурно нема фустанот од матура да го изнаносувам, туку ќе си го носам само на посвечени прилики, и сакам да си го чувам долго време како прекрасен спомен, а не да ми биде обичен и да го тегнам на вечерни искачања пр. во летното Колосеум. Не! Затоа се вика фустан за матура, затоа и има некаква фама околу него. Не треба да е претеран, никако, ама треба да е уникатен, и сигурно не треба да се облака секоја недела за некое вечерно излегување. Бог да чува.
А.... се‘ уште разговараме за фустани, така? Зашто добивам впечаток како за луѓе да почна да се прави муабет. Зошто да не се носи по дискотеки? Па фустан е, Господе мили! По секако она што е поважно е убаво да си поминеш на матурската вечер и да имаш убави спомени од забавата.
Јас се согласувам дека е нормално да се крева фама околу фустанот за матура да бил ваков,да бил таков и воопшто се околу матура пошо се неколку настани. И сакам и јас фустанот мој да е единствен,ама кој кур ако не е?Смак света.. Е и планирам да го носам пак..зошто сепак треба тој да е младалачки,што одговара на 18 годишни девојчиња..а не фустан за на бал или циркуз.
Мојот е едноставен и што сега. Не сакам сатени, долги фустани, светки, шљокици, накитени. Тоа е мој избор дали ќе ми биде обичен или ’необичен‘. Да купам или сошијам нешто што не ми се допаѓа- не. Немаме сите ист вкус. Џабе ако на некој друг не му се свиѓа мојот фустан што јас си го одбрав, нема тој да го носи.
Јас да ви кажам дека се изглупирав со фустанот за полуматура,одбрав еден сребрен,многу тежок материјал и еве,до ден денес си стои во шкаф.Никаде го немам носено а ниту планирам. За матура,не сакав да ја повторам истата грешка и си одбрав поинакво фустанче.Иако и овој не е баш секојдневен ама сепак може да се носи на излегување. Не ми е јасно која е поентата да се купуваат фустани како на принцеза кога после така ќе ви стои а за џабе ќе си ги фрлете парите.Секој со својот вкус ама јас би ви препорачала поедноставни фустанчиња,многу поубаво делуваат.Сепак 18 години,не сте тетки.Натаму за апсолвентски,дипломски може нешто посвечено и екстравагантно но без кич.Ќе има прилики во животот колку сакаш.