Јас ако сега бев матурантка вакво фустанче би си одбрала. Мислам дека не е толку свечено па ке може после и на излегувања да се носи.
Преубаво е и мислам дека едноставното ќе те направи уште поубаво да изгледаш,а не да си накитена како елка.Тоа е мое мислење
Колку поедноставно, толку поубаво. Инаку и јас сум матурантка ама немам замисла, сакав долг ама се предомислив и сега планирам во петок да одам да видам можеби ке шијам, ако не ми се допаднат моделите најверојатно ќе си купам.
За убав не е убав, прекрасен е, но само.... ако матурата ви претставува "бал" кој ќе се одржува во Менхетан, би било супер да го носиш
Девојки, ај ве молам предлог страни за фустани пратете ми, да разгледам. Стварно не знам што да носам!
Да да, не е скроен баш за матура... ама ај каде на друго место би можеле да го носиме фустанов? Би го скроила, ама каде да го носам...
Па на наши простори и нема баш каде, освен невестинскиот да ти биде ваков модел само бел или каква и да е др боја
Јас сакам да одам во Солун да си купувам за матура, дали некој знае отприлика која цена се долгите фустани, дали би можела до 100 евра да најдам убав фустан? Пишете ве молам, планирам во тек на оваа недела да одам. Поздрав
^ Мене двете ми се убај, ама јас би го издвоила белото, и мислам дека можиш да ја смениш бојата, плаво или црвено би било супер, Бтвв, си се закажав за се јас и шминката ја средив Се нервирам со шнајдерката, уште ме нема викнато на проба , и незнам зошто.
јас мислам дека крем би било поубаво, таа боја не губи мода никогаш и мојот ќе биде крем и ја се мислев за праска ама поубава е крем боја
хмм можеш со секаkва боја со бордо црвена со црна со нежно розева мојот е светло крем фустан па ќе го комбинирам сo ваква боја на штикли или како овие розевкиве оваа крем боја шамапањ боја може со било која боја да се комбинира оти таква си е бојата неутралчна природна можеш и со плава мастилна боја,со црвена,значи со сите бои,поздрав
ништо љубави се надевам ти помогнав и ти се допадна, и за што се реши ако не е тајна и најубаво да си поминеш на матурската вечер за што и да си се решила сепак тоа е твој избор поздрав