низ скопје кај се наоѓаат матурски фустани? од др град сум и планирам да шетнам и таму...низ рамстор и гтц има избор по продавниците? и како се движат цените? ако не посочете ми каде да барам на друго место фала
Женски, ми треба ваше мислење. Е сега, знам дека идејата ми е тотално нематурска... Моделче на фустан веќе одбрав, значи ќе биде многу едноставен, пин-ап корсет и рамка, надоле фустанчето паѓа, праска боја (сл. на бојата на суќничката). Примарната идеја ми беше да си купам сако, ама... ја видов оваа слика... иии се заљубив во идејата. Дали мислете дека ќе стое вакво палтенце? И плус планирам баш ваков накит да земам... Искрено? ова е баш мојот стил. едит-сега се гледа ли?
Се гледа, се гледа. Мене целава комбинација на сликата ми е ТОП. Многу ми се допадна, а особено палтенцето. Е сега искрено не си створив може права слика во глава за твојот фустан али не знам зашто идејата да ти е НЕматурска. Баш и подобро ако не си во јатото светлуцави и цирконести балски фустани со свечени сакоа. Купи и облечи го она што ти се допаѓа без да мислиш дека ќе се двоиш од другите (што уствари е добро!)
Преѓе излегов да разгледам фустани за матура во Битола. Влегов во неколку продавници и многу се разочарав. Долгите фустани беа кои од кои погрди со огромни цветови, со пулејки многу шарени, а кратките небаре диско топка имаш на тебе.... Реално Солун или Скопје му е мајката за фустан
Јас ќе носам кратко фустанче, најверојато тесно, и планирам да си купам што поскоро, во Битола се разолчарав па од понеделник планирам да тркнам до Прилеп, ако нема таму можеби ќе одам до Охрид, а Скопје ми е крајна дестинација (се надевам нема да има потреба да одам таму). Може некој од Прилеп и ОХрид да ми каже каков избор на фустанчиња има таму, и цената? Па и за Скопје ме интересира, сигурна сум дека таму има голем избор, ама и цените дека им се посоленки, а не планирам да давам повеќе од 100евра за кратко фустанче. Море кои 100евра, и тие ми се многу
^ Во Охрид имало многу убави фустани, другарка ми си купи оттаму, напред краток назад долг, 5 или 6 илјади, а сите биле од 5 нагоре, Мислам дека нема смисла да дајш за кратко фустанче од 6 илјади нагоре, пробај да го сошиеш, можи поевтино ќе те фати.
Денеска керка ми си купи преубаво кратко фустанче.плава боја со некое цирконце не многу пренатрупано .Па комбинација шампањ чевли и ташничка.Пошто не сака сандали и да ви кажам ептенсмезадоволни.А фустанот намален од 1900 на 1500.
agirl17 кога ќе идиш за Прилеп , провери во KAYA бутикот кај катна гаража би требало нешто да те бендиса, а и намини во A&V Jordan еден до друг се .. Исто кај катна гаража али од назад има бутик Kiki Riki се вика , има посвечени работи ... разшетај се низ стара чаршија .. се надевам ќе си најдеш нешто Во овие горе наедените бутици нема поскап фустан од 3000
Мене многу ми се допаѓа идејата, а и да не е баш матурска, зошто да не се разликуваш од останатата униформирана маса? А и мислам дека баш ќе одговара со моделот на фустанот. Какви штикли планираш?
а од каде си го купи фустанчето? на свадба сум во мај, кај не толку близок човек, и не планирам да се расфрлам со пари за фустанче. прво, во план ми беше да си шијам, ама поради матуриве, нема шанси да најдам кројач. па затоа барам нешто, за да поминам поевтинко
Фала ани, понеделник идам за Прилеп, ќе прошетам низ чаршија па се надевам ќе најдам нешто А можеш да ми кажиш дали понеделник си работат бутиците до нормално време, да не е пазарен ден? Пошто кај нас во Битола вторник и петок се пазарни денови и чаршијата затвора во 3-4 најкасно, а јас кај 2 поручек планирам да стигнам Прилеп
Не е пазарен ден, си работат најнормално .. од поручек отвараат во 4 .. ама има некој што работат и по цел ден
фала многу Инаку морам да искоментирам за постот на магнолија, дури сега го гледам. Значи ПРЕМНОГУ ми се допаѓа и ич да не се секираш дали е матурантски или нематурантски, јас баш го мразам тоа правило на матура треба ова да носиш, не треба она .. биди си тоа што си. Е сеа не сфатив баш фустанчето какво ќе ти биде, ама мислам дека ќе изгледа топ бидејќи палтенцето, накитот и бојата на фустанчето на слика се прекрасни. Инаку фустанчево го најдов во темата за фустани и преееемногу ми се допадна, баш би го сакала за на матура, ама не вервам дека ќе најдам вакво Да не знае некој како изгледа однапред ? Ако најди слика нека постира
Oxymoron немам појма за штикли се мислам за кремасти да земам за штикли и за ташна не сум размислувала, најсериозно. Ти каква боја предлагаш? Инаку фала ви што ме подржувате Фустанчето, кажав и претходно, има слична боја како суќничката.
Од Кочани го купивме ,и да ти кажами на неа и е за матура ама не ни се расфрлаше многу пари па така и се допадна иго купивме.Имаме од полуматурата исега стојат во шифоњерите.А овиј ке си го износе.
Ovaa godina sum maturanka ali sepak ne stavam golemo znacenje na fustanceto sto ke go nosam i planiram da si kupam nekoe sto mozam i posle da si go iznosam i ne planirma da frlam mnogu pari na fustanceto ,sakam nesto pomoegu sveceno i obicno...Dokolku momentalno na forumot ima nekoj od Prilep ili Veles neka mi pise kakov e izborot tamu zatoa sto planiram da gi posetam tamu buticite...fala odnapred
Можеш да земеш кремови штикли, а црна ташничка, затоа што ташничката ќе ја носиш додека го носиш палтото, а штиклите цело време, и некако не ми одат црни. А ако и ташната и штиклите ти бидат кремови, ќе немаш ништо друго црно на себе (освен палтото). Знам дека според некои правила бојата на ташната и штиклите треба да е иста, but since we're breaking rules...