фрки околу матура Драгу феминџики како и многу од вас и јас сум матурантка оваа година. Малце сум како да ви кажам потресена околу тој важен настан и ми треба помош од вас. Сакам да носам кратко фустанче, сеуште немам идеја како ќе изгледа, и незнам каква боја да биде. Не би сакала црно, розево пошо сметам дека тие бои ќе преовладуваат. Истотака, да ве прашам каде ми можела да најдам, каде низ градов сте виделе штикли 15ка, и отприлика колку пари се. Ааам и за фрузура.. Имам долга коса и несакам да правам некоја фрузура како женче шо иде на свадба, ако веќе правам фризура сакам да биде само горниот дел фатен некако незнам, во принцип пуштена да биде ...Предлози??
Во ГТЦ има добар избор на штикли, провери по продавниците а за цена не знам точно да ти кажам затоа што такви штикли јас како што барав немаше, па не ме интересираа цените. Инаку, и јас имам долга коса и планирам некоја поедноставна фризура која ќе изгледа поприродно а не со 5кг лак
Ламас се наоѓа во ГТЦ на прв кат, сличен ваков фустан видов, и беше многууууу солен.. имаше две вакви моделчиња од кои едниот беше 25 000ден, а другиот 32 000 ...што е многу, многу е ...
Мој совет до матурантките: Купувајте мудро! Одберете нешто што ќе може да го комбинирате со алиштата кои ги имате, и гардероба која ќе може и понатака да ја носите. Многумина се занесуваат со шљокасти, кичерајски фустани, кои утре нема да сакате ни да ги видите, а парите веќе сте ги дале. Исто важи и за чевлите, посебно за оние кои не можат да си дозволат многу чевли. Наместо едни циклама боја или тиркизни, купете црни, месо боја, некои кои ќе може утре со се да ги комбинирате. Ноктите можат да ви бидат налакирани со најобичен лак, подобра фризура нема од едноставната, наместо торти... Немојте со сила да се правите теткици и да ги трошите вашите родители со безрска работи.
girl.23 се согласувам со тебе.. и јас оваа година сум матурантка и си одбрав фустанче кое мислам дека ќе го искористам понатака а сепак не е многу едноставно штикли обични крем боја си купив, ми е гајле ако сите дојдат во таква боја, мене убаво ми стои и ќе ја носам неа дефинитивно! И не планирам да се потресувам се најскапо да ми биде, сите што се избламирале и дале премногу пари сега се каат...
Јас и повеќето кои веќе сме биле некогаш матурантки зборуваме од искуство. Знам колкава голема е еуфоријата пред матурската ноќ, ама на крајот ќе видете дека била обична ноќ, како секое излегување (во поглед на гардеробата мислам). А, со нашиот стандард навистина мора да купуваме мудро за било што, а кој има пари ќе фрла и нема да жали. Твоите штикли во крем боја, отсекогаш биле во мода, универзални, така да не е битно кој има такви. Башка не им стојат на сите исто. Секој си ги носи на свој, посебен начин. Поздрав и убаво помини си.
Па се огледував на повеќе примери, а и не треба да се занемари денешната состојба. Тие што си имаат нека фрлаат Фала многу
Јас денес бев кај шнајдерката и и однесов материјал. Ми рече дека за две недели готов ќе ми биде . Среќна сум. Иначе мојот фустан ќе биде бордо боја со кремасти циркони и кремасти штикли
Одвај најдов термин за шминкање во 13 часот.Дали мислте дека тоа е прерано ако прославата почнува во 20;00.Дали треба фризура да се направи пред или пред шминкањето според вас како е подобро и како вие правевте
Другарките мој се закажани во 10 сатот сабајле на шминкање, така да мислам дека ти е таман. Јас сум во 5 на фризура, а во 6 на шминка, поубо било првен фризура па шминка, така ми рекоја и фризерката и шминкерката. Мислам дека тие таман во 1 часот.
Леле од 1 саат ќе се шминкаш. Јас да бев да твое место ќе откажев, зошто најозбилно било каква шминка да е ,24 саата нема да биде тоа тоа. Или барај на друго место или наместо да трошиш пари распрашај се во комшии може некој шминка убаво. Јас наместо да трошам пари за да се шминкам со тие пари ќе си купам шминки кои ќе ми траат долго време и на сестра ми другарка ќе ме шминка.
Материјали за фустан најдов точно какви што треба, какви што парчиња ми даде шивачката, утре ќе и ги однесам. Штикли си најдов, си ги купив прекрасни се! Е тие едвај ги најдов, кое акање низ град беше тоа. И многу убава плик чантичка си купив. Остана уште накитот, ама тоа не е проблем, имам многу време. Најголемиот дел е завршен, остана уште да закажам шминка и фризура во едно многу добро студио деновиве, да си купам накит понатаму и да ми го направат фустанот.
Не го плашете девојчето, и јас се шминкав во 13часот и шминката ми траеше до другиот ден...Иначе подобро е првин флизура па потоа шминка
Нема врска во колку часот ќе се шминкате. Шминката е професионална. Значи се става коректор, течна пудра, камена, сенка, креон, ај лајнер, маскара, молив за уста, кармин, сјај и руменило и на крајот се прска фиксатор за да стои шминката. Јас сум во 2 закажана за шминка во 3 за фризура
12 фризура, 5 и пол шминка закажано од пред месец да не снема термини, кај ќе одам, кај ќе барам после
И ти како мене, јас последната недела барав трчав, ама на крај се си испадна ок задоволна од она што на крај излегов(и на жал никој не приметив ни во шминка, ни во флизура, ни во штикли тоа самите ние си го правиме)