Ние уште пред месец-два така нешто не памтам точно, сликите за 3 недели ги добивме, раздававме помина еуфоријата веќе заедно со повеќето други школи отприлика тој термин бевме ама па едни се сликаа уште во ноември како што памтам тие па ептен рано!
Во останатите средни веќе си разменуваат слики ние си тапкаме во место... ајде барем нека дојди матурата да поиграме малце
Добро сигурно нема да останете без слики и алманах, можеби во вашите градови нема многу средни училишта па затоа, Скопје има 21 колку што знам и сите дур се сликаат по класови кај мене има 8, мора порано да се почне, а и Дрен што се сликаа уште во прво полугодие има толку многу ученици, по 14 класови во генерација. Не се секирајте Инаку кога ви е матура луѓе? Веселооооо
Де бе луѓе па ние веќе си разменувавме слики пред 2 недели, другата ќе се сликаме пак , нели таа групна што е
Ние и за групна се имаме сликано ехее и тоа заврши Од сите тие матурски обврски ми остана уште матурската вечер на 16ти и полагањето матура. Ајде и вас сречна вам и дуговечна била матурска ќе споделуваме после импресии, само се надевам нема да е одма на 17ти матурската парада зошто сабајлето од школо таква утепана скапана идам дома се преоблакам и терам на плоштад, ма не знам кај терам ќе биде
^ Како мислиш другарска? Ќе одиме во хотелот прво, па во дискотека до сабајле и сабајлето во школо. Или мислиш на втора вечер? Па би требало и тоа само не знам како ќе се постигне тие 2 дена ќе бидат фул!
^ па кај нас значи, во нашиот град, се оди например надвор од градот 3-4 дена со класот, тоа го викаме другарска Душица чувај слика, јас сакам
Нас ни е на 17 Мај матурската вечер. Во хотелот Оаза ќе ни биде, мислам сите секоја година слават таму. Од мојот клас нема да оде само едно девојче, зашто сакала да оде во Солун на шопинг, па наместо тие пари да ги дава за фустани и сл. за матура, таа ќе ги потроше на шопинг у Солун. Не токму е. Инаку ни ги дадоа сликите нас, си разменивме и уште разменуваме, па посвети ова она, наеднаш сите почнавме да се ’сакаме’.
^ дали убо прочитав? нема да иди на матура, за шопинг во солун, Божее Ко да нема друг ден, да оди во Солун, ненормална работа Пупи секако дека да