Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Матура

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Janaaa, 1 декември 2009.

  1. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Старбакс од мене лајк за делот со сакањето :rofl:
    Си имам една другарка во клас што секогаш кога може си вадиме очи и денот кога ни ги дадоа сликите ми побара и јас само и подавам и вика а бе и посвета пиши ми :D
    Може ни едно здраво немате ама обавезна е слика со посвета :lol:
     
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Леле ептен ме фаќа еуфорија, и вас нели? Денес на шивачката и ги однесов материјалите, петсто мерки ми зеде од сегде дека комплициран фустанот за шиење, другото освен накитот се ми е стокмено. Едвај ја чекам вечерта, ама ко ќе ми текне дека треба по уште една оценка од секој предмет да се праииии, ама ај си викам сум издржала толку, ќе издржам уште тоцку :D
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Што е најинтересно, ќе оде на шопинг у солун во јуни. :lol:
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски


    ХАХАХАХХАХАХАХАХААХАХАХАХАХАХХААХХАХАХАХАХАХАА безнадежен случај :rofl: :rofl: :rofl:
     
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    ^ Старбакс јас ќе дојдам и ќе ја отепам, резил, греој невидени ! :o
    матурата да ја пропуштам, за шопинг во солун, :|
    Нека оди и неа се убие, среќен и пат :hai:
     
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Па да ти кажам право нема ни да се осеќа нејзиното отсуство. :lol:
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Си мисли кој знае колку е јака што ќе оди на шопинг па во Солун па хахаха сигурно прв пат од државата ќе излезе :lol: :lol: :lol: гревче
     
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Женски
    Извинете упаѓам, ама не сте помислиле дека девојчето има некоја подлабока причина што не оди на матура? Проблеми дома можеби? Па не сака да се дознае? А не само да ругате?
     
    На TheKiketoo, fashionista и Dushica-sk им се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Не, нема никаков проблем дома. Таа е така по модата, сака да купува нови парчиња облека, да се дотерува, ја следи модата. Во јуни имало попуст во Солун, па затоа сакала да го искористе. Тоа е единствената причина зошто нема да дојде.
     
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Имам една другарка, која нема да оди на матура, бидејќи не ја слушала музиката шо се свири на матура, рокерка е до даске, ај го гледам то како една салам причина,
    Причината е ептен глупа според мене, да ја пропуштиш матурата, за шопинг во солун. |(
     
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Женски
    Како што за вас (и за мене пред неколку години) матурата е посебна, така за друг е најнепосебна вечер. Сепак, по пишаново очигледно е дека не сте блиски. Така да неможеш ни да замислиш колку една вештачка насмевка и чудна причина може да сокрие некои работи.
    Што и да одлучил некој, никој нема право да се шегува на негова сметка, на форум
     
    На TheKiketoo и Mishela им се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ехе Тинкербел расупувач на забави си :lol: ние само се смееме, а ако матурата на некој не му е посебна не знам зошто одењето во Солун би било посебно. Како и да е не сме со злобни намери :) :) :)
     
  13. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Парадата ако не се лажам ја играме сите на ист ден, во исто време..така да на 18 мај е :)
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Бевме блиски, сега веќе не. А, јас ја познавам толку добро што знам дека не е од тие личности што кријат што им се случува. Таа, иако не се дружи со нас многу, сепак ни кажува се’ што и’ се случува, буквално.

    Не може секој да каже ’ мене тато ми удри шлаканица кога дозна дека се мувам со Турчин‘. Е те таа си кажува се’, дури и тоа дека дома ја тепаат.
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Кај мене значи и од муабети што сум праела со луѓе од другиве средни, не знам за некој што не оди на матура поради било каква причина, а има рокери, металци, панкери да не речам хардкор луѓе, антифолкери и антитурбофолкери што ќе одат и во хотелот и во дискотеката без разлика на музиката, дури не ни коментираат. А и нема само тоа да се свири, ќе има и забавна музика прифатлива за сите. Па еднаш е матура, ај по таа логика и на свадби нека не одат кај најблиски луѓе, таман работа. А и сигурно не очекуваат професорот по историја пр. што има 64 години да влезе во шутка на рок песна :^) :D Така си е кај нас, тоа се свири во глобала, оние на кои не им се допаѓа не мора да играат пајдушко или да се кршат на турски чочек, може да ја почекаат забавната музика, а и верувам при крајот ќе има екс ју хитови од Бијело Дугме, Плави Оркестар, Прљаво Казалиште што ги слушаат и тие :)

    Е ако е 18ти ми падна камен од срце :doh: :D
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Како и да е, може шопингот ѝ е изговор кој крие друга причина, па она колкава сака помодарка нека биде, немојте да ѝ мавате резили кога не ја знаете вистинската причина - смешно изгледа, стварно.
    А и од каде знаете, може онака го тутнала шопингот како причина, таа си знае што и како стојат работите кај неа.
    И да, според вас посалам причина е да не ти се свиѓа музиката која се пушта/пее на матурската забава отколку некој/а кој/а планира да оди во Солун еве, макар за шопинг.
    На исто рамниште се, ако веќе толку ја тупиме, ама ајде како сакате.


    Инаку, да прашам - има избор во Нана во Скопје на кратки и средни по должина фустанчиња и како се движат со цените?
    Мене ми треба моделче за втора вечер, а не можам да најдам погодно некое за шиење, па планирам готово. :?:
     
  17. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Ееее има и кај мене луѓе кои не сакаат да одат, од икс причини. Иначе не знам зошто толку касно се сликате, ние веќе од пред два месеца се имаме сликано. Иначе матура ќе славиме на 24 (неработен ден), со кој памет :o
     
  18. Tanjich

    Tanjich Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    64
    Да, на 18 мај е и сите во исто време ја играме...едвај чекам :D
     
  19. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Само ние изгледа ќе правиме матурска на 20 Мај(недела), единстевно еден клас се буни па можно е да ја поместат на 19 МАј, ама сега за сега е на 20ти.
    И да сите ќе дојдат, немаме некои посебни исклучоци, да си ја пропуштиш матурската вечер што толку ја чекаш за еден шопинг во Солун..ја не би го сторила тоа..
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Едноставни..
     

    Прикачени фајлови:

    • 080412-2204.jpg
      080412-2204.jpg
      Големина на фајлот:
      224,1 KB
      Прегледи:
      119
    На BeYourself, Plavusa.17 и starbucks им се допаѓа ова.