Ај фустанот не го открив, ама штиклите и чантичката ќе ги откријам гледам и вие постирате Многу ги сакам!
^ Од чаршија си ја купив не ни видов како се вика продавницата, зошто низ цел гтц каква што имав замислено не можев да најдам, ретко се наоѓаше сатенски многу кожни имаше, лакирани, со жоржет на нив... и немаше голем избор, а инаку 650 беа низ гтц секаде кај што прашав
Што сум јас овде, црнец?Еве ги и моите. Знам дека бев против кремасти ама моделот ми е преубав.По последно време сум во некој *подебелаштикла* фазон па морав да си ги земам. И за да се одбранам колку толку, не се баш кремасти туку некоја праска-кремасто боја Се разбравме , така ? А ташна не сум одбрала ама знам дека ќе биде голем кремаст плик со малку циклама. Фустанот е мастило боја.
^ Како што гледам лакована ципела преовладува а? Море, така треба да се пазат како очите, тоа е најлошата страна на лакираните чевли, ама добро гламурот е побитен
И нашата матура е на 18 ние со битолчанки во ист ден ќе ѕенѕаме бтв и јас имам кремави лакирани штикли, отворени напред, леле љубов на прв поглед беше, па и на нога како ми стојат, мерак
Како што гледам сите порано славите матура.. Плавуша вие изгледа најрано сте, на 16ти, па и на школо после тоа? Ние сме на 19ти, сабота. Требаше на 18ти ама дека е петок, па на школо сме биле.. а парада најверојатно ќе нема, ние не сакавме
Ади, ме мрзи да ги сликам, инаку би ви ги пратила. Некој друг ден. И заборавив да кажам, другарската на 20 ни е, тоа ти е недела
Абе какво школо бееее, ако треба да одам во школо ќе се утепам, да поправам нема да имам се 5ки сум, затоа се надевам нема после тоа да се оди во школо, ете на 17ти сабајлето во школо, 18ти е парадата, а нели до 20ти се учи па?
А ги имате оние класични, прва, втора, трета вечер? Ние денес баш се мислевме кај ќе одиме во понеделник, трета вечер Иначе мислев рано е за алишта, гледам сите веќе имаат, мора да почнам да гледам нешто и да закажувам за шминки, фризури
^ Ние одиме на другарска, така се практикува кај нас, Другарка ми учи гимназија ќе одат Охрид 3 дена, а кај нас велеа за надвор, уште ништо не се знај
Е овде во Скопје нема такво нешто, само матура, па втора вечер и евентуално 3та, сакаа екскурзијата што беше наместо Прага, Виена, Будимпешта есента, да биде турнеја Шпанија, Франција и балканскиве земји и во странство да се слави матурата, ама ништо од тој план прескап испадна.
Јас за втора вечер ќе носам некој од фустаниве што ги имам дома, и онака гледам лани, прелани за втора вечер биле дотерани како за излагање најнормално, а и не ми е нешто посебно, во секој случај од првата поопуштено ќе биде афтр парти