^ Првата е најбитна според мене, после ништо друго не е битно, Првата е битна дур да влезиш в кафана, кај нас преполно е, сите се туркат за да видат се, газат и фустани и сл, после играње све до зоре ко ќе влезиш , кој те пули во фустан, фризура и сл
Овде се збираме во дворот од гимназија со партнери, па групно во хотел..и сабајлето од славење право во школо,пак славење со трубачи некогаш. Годинава ќе видиме Инаку гледав од скопјани слики за табло и не ми се свиѓа шо секој е облечен ко шо сака.
Е уште за хулахопките што не свртевме муабет ја мислам, моите ќе бидат проѕирни оние бисер боја што светат цели, вашите, my dear prom girls?
Не бе кај...уживај ја гарантирам за хулахопките мене знаете што ми е? Ја многу кинам хулахопки со ноктите, да не бидне брука што ми се има дешавано на излагања дефинитивно треба едни резервни во пликот да се скријат
Јас незнам што да правам за фустан леле паника ме фаќа . Неможам да си најдам . Шетав денеска цел ден низ бутици со другарките ама ништо како за матура. Сите со некој панделки пуфки , јас несакам такви. Сакам фустанот да биде свечен но да не биде пренакитен . Сите што ги видов се или накитени или преедноставни како за викенд излегување. На крај баба ми ќе ми сошие , и онака на пола град му шие. Ама мене ми е страв дека на мене нема да изгледа така како што сум го замислила јас туку поинаку ..
^ Срцка прошетај негде Скопје Охрид, имало убај модели, али крајно веќе ако не најдиш, барај си фустан на нет и шиј го.
Матурантки ми треба помош од вас. Значи мојот фустан е бордо со циркони како на сликава. Е сега ме мачи бојата на штиклите и ташните. Што мислите која боја би била најсоодветна? Иначе мојата матура е на 24, најкасно од сите вас
Можеш црни штикли и црна ташна, црно со се оди, а можеш и подоцна со секакви комбинации да ги носиш ..
Оооф, црната најдобро би ти одговарала според мене.. Но чим не прифаќаш можеш и сиви штикли со сива ташна и онака цирконите ти маваат на сиво .. Не иде секоја боја со бордо, на пример неможеш зелени или сини штикли, воопшто не би се вклопиле.
^ Епа ко нејќиш црни земи си сребрени, мене корсетот од фустанот ќе ми биди цел со такви циркони, па вакви ќе носам, мислам дека еднаш ги постирав, еве сеа пак со цел да ти покажам Инаку фустанот ми е тиркизен.
Јас како јас сум многу прибирлива. Иначе сиво ми се допадна. Да не има уште некоја друга да даде совет?