штрумфетке од кадде си ти баш денеска гледав и оваа фризура да ми биде за матурата па да се погодиме со иста
Јас сум на 25ти на проба за корекции веднаш ми кажа штом и ги однесов материјалите кога да отидам и ќе биде скоро цел готов тогаш, а на 1 или 2 мај најкасно ќе биде готов зошто ќе ми го направи до над колена, па на 25ти ќе кажам до кај да го скрати и да додаде деталите за да е скроз истиот кога ќе си го земам. Па добро 2 недели пред матура, супер! Инаку не се секирајте, можеби шивачката има таков план што прво ги завршува другите фустани пред вас, па вашиот пр. од 15ти до 22ри, матурски период е не сме само ние
па кога кажала дека треба до крајот на месецот да е готов значи дека треба да си го одржи зборот, пред 5 месеци бев да закажам затоа што знаев дека ќе има гужва и таа пак си почнала со свадби.. Mногу ме изнервира!
Исто и кај мене Aди, денес одам демк да си го земам таа ми вика ја уште не сум го почнала, ми се идеше да и залепам една
12 points go to ... Плавуша. Proud ракче, се познава од километри, нели? Инаку јас сум ЗА пуштена коса, ама не сакам пеглана затоа што права ми е, таква сум секој ден и не сакам пак таква и за матура. А имам мека коса, па да ја направам локни нанадвор или на било каде, ќе паднат за кратко време и косата ќе ми стане ужас, ко октопод, размавтана на све стране. Вакво нешто ми се допаѓа, иако пола генерација ќе има ниска бушава пунџа, ама ајде да не ситничариме толку - јас се тешам дека нема да стои кај секоја исто. Ја мразам Сајрус, ама пунџата е најслична со онаа што ја сакам, а и како што ја гледам, мислам дека најубаво ќе ми стои вакво нешто уз фустанот и што е најважно, не е залижана, кич или теткинска, баш онака слатко ми делува.
Ако веруваш се сложувам со целото мислење. И јас исто сум рак, и мене ми е природно права затоа сакам и да ја виткам во локни, и за полуматура ми ја виткаа ама со витлери, овојпат со фигаро.
А мојава коса не е ниту права ниту виткана, нешто средина. Ех камо среќа да имав права коса како вас.
а што велиш за овој тип на фризура? тргнувајки од мојата матура ( пред 5 години) многу од девојките ја имаа онаа фамозна фризура, на една страна собрана и навиткана во локни. Јас сум аполвентка оваа година и планирам да ја направам косата како што ти предложив.. ем прибрана ем навиткана п.с. можеш и да ја натапираш малку горе..
Ајдее не ми се верува колку долго сте чекале за еден фустан Јас требаше да си шијам фустанче кај една шивачка во Автокоманда се наоѓа, но прво отиде другарка ми. Само се јави кај шивачката се договорија кога да отиде таму и точно за 1 час фустанот беше сошиен! Цената не беше воопшто висока, 1500 ден. е со ваш материјал. Ако сака некој во нека ми пише за бројче да му дадам од шивачката
Малце? Ние Охрид за 500 денари добивме само 6 мали слики, толку. Значи не можам да повервам колку не покрадија. И нормално, секој сака поголема слика да си ја урами, +100 денари. Плус 100 денари за секоја слободна слика. Катастрофа значи. Малце сум офтопик ама морав фрустрацииве некаде да ги излечам
Да ви кажам дека го одложив терминот за фризура што ми беше во 5 и пол одручкта и го преместив за во 12 попладнето ... Многу ми е касно во 5 и пол нема да стигнам да се спремам . Се надевам дека нема да ми се растури фризурата до вечер , а богами и цела вечер.