Ламас пу пу нееееееееееееее!!! Кај шнајдерка за 5 до 10 пати поефтино ќе си сошиете. Долг фустан од 10 илјади некој останат па до 100 илјади денари имате. Не знам од кај ги зимаат ама цените им се плафон! Па Шанел фустан ќе си земам за таа цена од 2 илјади евра, евентуално аутлет Елие Сааб. Обично црно фустанче КРАТКО мини со на рамената монистри 7000 ден. ме убедува тука рачна изработка одличен памук. Што рачно ги везеле монистрите? Биг диал! Обично бре беше. 95% истиот визуелно на асос беше 15 фунти или 1000 денари. Јас милионерка да сум па од Ламас не би купила. Тие се турски колку што знам, не се од Америка, а таму за џабе ги зимаат, тука лопови ни изиграваат.
^^^ Јас искрено имав план да си купам од Ламас,цените на “обичните“ фустани им се движат негде од 4000-7000 ја не најдов поефтин од 4000,има убави модели,ама нема нешто посебно.. И плус, нема ни броеви големи .. И, кичестите, т.е. новата роба, беа негде од кај 10.000, до 20.000... Скапички се малце. Јас се решив да шијам,во Мавровка шијат ептен ефтинко, 100е ме фати фустанот, а за штикли уште се немам прошетано да разгледам.Ме мрзи, знам дека треба да се спремам и психички и физички, бидејќи сум многу специфична
Мишела јас дека шијам и другаркиве мои исто, не сум гледала по бутиците па да можам да ти кажам оди таму, таму има нешто којзнае какви модели. Од ова по излози што сум фрлила око, разгледај низ цел ГТЦ, и тргни по Камени накај чаршија може и од таму да ти се засвиѓа некој модел. Ако не најдеш, разгледај низ Бисер, Буњаковец... низ Лептокарија, Тафталиџе, Влае општо низ Карпош, па и низ Ѓорче нема за матура фустани, освен можеш да видиш во Беверли Хилс во Капиштец.
Убав си кажала Роси за ламас, апаши а и мене ми се ептен AПЛА кичести Манго имаш до 100 евра долг фустан ама стварно убави, преубави. Плус кај нас носат по еден два броја од тие долгите, нема никакви шанси да има ист ко тебе некоја друга од генерација Ма да во Солун истите се по 70 евра, и има подобар избор. Другарка моја си зема од Манго долг за 3500, ама многу убав и елегантен ама од Солун. Ако имаш време,и живци, тркни некој ден (преку недела) во Солун има рекрасни фустани долги за до 100 евра, што за долг и не е толку многу. А мора да е долг?
Девојки која не купила има во ГТЦ во една продавница после Ботони , после таа со ташни , во таа што ви зборам има и ташни и накит и преубави фустани. Не знаете која тиркизна нијанса сум ја видела. Не сум влегла никогаш не знам ни јас ама ако уште барате и ако ви е успат отидете и до таму
Јас искрено не сум шетала да гледам фустани бидејќи си го шијам, но знам дека цените се изгор. Утре планирам да прошетам, да видам какви штикли и ташнички има па ќе ви кажам
Zdravo ja sum od Bitola dali moze nekoj od Skopje da mi kaze dali ima nekoj ekskluziven butik so kvalitetni fustani dolgi i kratki ?? Baram nesto kako na slikava ? Ve molam za odgovor pobrzo mi treba za matura!!!??? Fala mnogu
Болникава бев периодов и заслабев бааги, ми се познава по нозете и сакам да ги скријам, претанки ми се за да ги изложувам во краток фустан. Инаку, фала ви за предлозите. За Ламас чисто онака прашав дека ми фати око едно моделче во нежна боја, ама прочитав под сликата "продадено", така да планирам да направам квалитетна парада низ ГТЦ и успат нешто се надевам дека ќе ми фати око. А шнајдерки - никогаш повеќе, или никогаш повеќе со таква организација како мојава.
Луѓе одете кај Емили во струмица девојката работи феноменално. Јас за мене од таму си земав кога купував. Прекрасни фустани има, според светска мода, носи материјали од познативе дизајнери и ги вметнува. Стварно, ако отидете нема шанси да се вратите без фустан. Јас бев многу скептична, мислев нема да најдам а всушност кога влегов незнаев кај попрво да гледам. Цените и сее од 100 евра нагоре, ама ств стварно вреди. Emily exclusive design и се вика бутикот и се наоѓа во трговскиот Глобал во Струмица
Во вторникот бев на прва проба и многу си го бендисав фустанот Сега оваа недела чекам да ме викни на втора проба и конечно да си го земам Инаку е долг, тесен, ама многу нежен и едноставен и не е воопшто накитен, нити камчиња има ни ништо ама е многу елегантен. Си најдов и боја каква што сакав ( онаа убава зелена емералд боја), па сега ми фалат штикли и ташна. А да, и накит
Ниа пак од Прилеп 1100 плативме , во Лозиго, има 2 големи слики 4 помали црно бели 4 исто помали во боја, 8 или така нешто најмали , цд и алманах.. Јас воопшто не сум задоволна од услугата, се комплетно катастрофа е!
Совет за овогодинешните матурантки. Значи вака, пред да избирате некој фустан треба да размислите што сакате, како ќе ви стои, не треба да се залетувате многу и не го купувајте фустанот во последниот миг. -Прошетајте убаво, откако ќе бидете сигурни што сакате,купувајте. -Не бидете неспремни, од дома разгледувајте што би купиле и што сакате... -Иако е матура, изгледајте свои и природни, не како теткици. -Да не бидете како професорки, подобро да носите кратки фустанчиња, некои убави во шарени бои...има што да се покаже, млади сте, а не како некои со долги црни фустанчишта, изгледаат како професорки, едноставно не се разликуваат. Значи, нема некоја филозофија околу купувањето, ама направете го вистинскиот избор. Не се кинџурете многу, не земајте ептен високи штикли, за да може да играте... Ќе видите дека не е кизнајт што, само дур се сликате и после нема да ве интересира ни фризура, ни фустан...важно е да се помине убаво. And you will glossy in your prom.You are PROM QUEEN, JUST YOU, NOT ANOTHER.
јас сум следната година матура и од сите фустани што ги видов тука овој најмногу ми се допадна па би сакала нешто вакво да носам,само во друга боја
Колку само ќе ти се променат желбите до година. Уживај си сеа, кога ќе дојдеш до матура ќе му ја мислиш Ова од искуство, и јас лани сакав едно, па испадна сосем трето.
во право си,јас само си замислувам сега и си гледам што ми е најубаво,а секако догодина ке ми се сменат мислењата за тоа што ке носам
Денеска си закажав за шиење фустан, неможам да си најдам овде во Прилеп како што си имав замислено .Бев во Скопје, Битола, Кочани ...никаде не најдов. И затоа зедов го нацртав како што сакам да изгледа и го однесов кај Никифор да ми направи ист таков . Ќе биде нешто со зелено и златно A косата сакам да ми биде напред тапирана кај шишките и назад виткана ...Вака нешто само што кај мене нема да биде собрана одназад туку пуштена и виткана. Оваа на сликава ми е како за невеста а јас неќам сарми на глава Што мислите, ако ја правам во 12 часот попладнето до вечерта ќе ми се пушти ? Немаше друг термин во ниедна фризерница...
^ Мислам дека ќе ти се исправат малку локните, кажи да ти ја виткаат со пегла, така локните подолго време стојат и стави си го цел лак на коса А можеш и повеќе да си ја навиткаш, и кога ќе попушти малку ќе биде таман.
Само шо си идам од проба, готов ми е, го пробав и со сандалките, и се бендисав ептен Утре си го земамм