Девојки, ај предложете кај у Скопје да најдам некој по добар бутик , ми треба фустан за матура, пред некој ден шетав да не може човек едно фустанче да си најде се нешо кичесто со циркони, тежок сатен, ужасни бои....ми треба нешто по скормно да можам да го носам и после матура не да ми биде само за таа вечер и по нешто тренди, секако хаха.. Бев во Манго ама немаше нешто избор. Дај предложете некој ? Фала, однапред. х)
Фустаноттт ис ет хомееее, не можам да го изнагледам, само застанвам пред него и го гледам, да не има некоја замерка и сл, ќе збеснам дури да дојди 18-ти ..Преубав ми е
Леле луѓе само што се вратив од пробата, значи СОН е. Прекрасен го има напраено, ИСТИОТ на сликата буквално. Уште само некои работи има да направи и тоа е. На 3 мај ќе одам да го земам или ако сакам уште пократок од тоа што ќе го скрати дотогаш да и кажам. Како стои, прекрасен е. Ептен ми го отцртува цело тело таков залепен цел, преубав. Не очекував до волку да ми го погоди, презгодно стои. Едвај чекам да го видам целосно готов, леле. И викам уште сега би го однела, и ваков како досега ептен ми се свиѓаше само основата, пре-пре-преубав. Ја ептен пребирам, затоа и шиев, а не купував, ама до волку чим ми се свиѓа значи 10ка е. се заљубив.
Јас здравје да е во сабота одам да си купам за матура само незнам дали да одам во Скопје или пак во Куманово вие што мислите?
Можно е во БТ да нема црни затворени лаковани штикли ццц се разочарав значи .... Фустанот готово, купен ми е . Ми фали уште плик чанта и накит и секако штикли- ако ги најдам сите ве частам
Едно гајле помалку , купив чевли и 2 фустани кои си ги бендисав ,неможев да се одлучам кој да биди, ги зедов и двата па едниот ќе ми се најде и за некоја друга прилика. Сега ќе си организирам дома проби за да одлучам кој ќе биди главниот. Уште некоја ташничка и накит и спремно е се.
Остали матурантки од Скопје, кај се шминкате? Дали знаете така некое поефтинко студио за шминкање, до кај 500 ден макс. да им се движи цената за шминка?
Како што знам по другарка ми лани, во Виола во Порта Влае ја шминкаа за нешто околу 500 ден. Ја утре треба да оставам капар и да закажам, 1500 ден. шминка, фризура, нокти и гратис вештачки трепки кој сака.
Јас ќе се шминкам кај едно девојче, пакет шминка, нокти и трепки зима 1200, а само шминка 600. Иначе и моето фустанче е при крај, деновиве треба да идам на проба
Јас ќе се шминкам кај Елена Антовска -Ека . Инаку Спичлес има на колектива, групер, воскопје купони.Расчепкај , ќе најдеш што ти треба верувам
Во студио Сандра во Капиштец, денес бев оставивме капар со другарка ми, на 15ти еден ден порано ни ги прават ноктите, а на 16ти во 1 саат попладне шминка, фризура и трепки
девојки каде има во скопје штикли како за матура да бидат посвечени? фустанот ми е нежна шампањ боја па да одговараат на него... ве молам за одговор
Па имаш скоро секаде, треба убаво да си прошеташ. Би ти препорачала да отидеш и до кисела вода, таму има многу продавници со штикли, а и убави се.
и уште едно прашање имам девојки.. дали знаете каде можам да најдам циркоони за фустанот што се ставаат со пегла (се лепат со пегла на материјалот) ???