^На бит пазар, во посебен дел таму највеќе има материјали за шиење и такви некои свечени, светкави, женски ствари
Ќе пишам и тука .. ако некој знае каде можам да најдам кремаста лакована плик ташна, нека ми каже ...
Епа, на крајот купив фустан. Средна должина е - ниту премногу долг, ниту прекраток - некаде еден, два прста над колена. Убаво ми стои бе, а и бојата ептен ми е погодена, ко Синдерела ќе бидам. И самиот материјал е прекрасен, а богами и штиклите ми се сон, иако се обични салонки со отворено прсте напред. Ма задоволна сум, уште убаво да си поминам и ајт со здравје. И фризурата ќе претрпи промени - пуштена ќе ми биде косата, нејќам никакви пунџи, се премислив. Башка, понежно ќе делувам. Зборот ми беше - едно си планирав и си имав зацртано у глава, а на крај испадна сосема десетто ... Затоа, не планирајте ништо пред време, шансите да подоцна се премислите се едно 90%.
девојки ајде нешто за Covery Shoes...слушнав дека по порачка можат да ти направат какви сакаш такви штикли ?!
ja obozavam Criselle odlicni soveti dava i isto taka Michelle phan za sminka pogledni gi nivnite videa michelle e najpoznatata make up artist
Овде ќе добиеш различни мислења. Лично мене најискрено не ми се допаѓа, не е мој стил. Но, доколку тебе ти се допаѓа и е твој стил носи го. Важно е нам да ни се допадне она што ќе го носеме таа вечер и убаво да изгледаме во тоа, а не е важно дали на друг ќе му се допадне.
Јас имам проблем. Си купив убав новчаник и плик ташна, и сега не ми го собира новчаникот И девојки,дали ќе може некоја идеа за шминкање за очите во кајсија боја, шампањ боја.. Нејќам ни ептен нападно, ни ептен да не се гледа,вака нешто
Па во глобала не е лош, но мислам дека има многу други поубави фустани. Сепак ако го сакаш толку можеш да го направиш краток, позади да не ти биде долго.
За мене ова е искрено нападна шминка Можеби без толку креон и црна сенка на очите, т.е. на долните капаци и со некоја поприродна боја на кармин