Фалаа вии И да, пократок е и не е толку многу широко доле, а и во горниот дел нешто сменив И материалот ми е сатен.. само друга боја (праска)
Леле Од кај никна овај Боби, (смајлиштосекрсти) Инаку си купив фустан ама не знам дали тој ќе биде конечен или ќе купам уште еден па ќе бирам измеѓу два кој ќе носам.
Ајде и јас да се пофалам, пошто сум многу среќнаааааааааааа!!! Си купив фустан за матура, краток (но не непристојно краток), некоја праскаста-шеќер боја, таква нежна, со кристали околу градите, и позади машничка.. . Си купив и одговарајуча ташничка, препрепрекрасна и сеа ми останаа уште штикли да си најдам.. Накит скоро и имам, ама и да треба да купам не е голема работа тоа, се решава брзо.. важни се тие трите поголеми работи, фустан, штикли и ташна Косата најверојатно ќе ја виткам во локни и ќе ја оставам нежно да паѓа, или лежерно ќе ја соберам (секако на фризер ова), а за шминка се мислам дали сама да се шминкам или да идам на професионален, меѓутоа како што слушам многу скапи биле повеќето..дадар 3000-4000 илјади..многу е тоа не ми се даваат толку пари за шминка што следниот ден ќе ја нема Unique за колку шминка? Или некој друг да ми препорачате поефтин во Скопје...на крај краева, добра шминкерка сум, можам и сама Важно пресреќна сум што си најдов убав фустан и се поштедив од малтретирање и проби итн. итн А да ве прашам каде би можела да најдам нежни сребрени штикли (може да имаат некоја светка или кристалче и сл.) но не премногу високи, бидејќи инаку нема да издржам цела вечер.
Девојки ако некој знае кај може да најдам модерни фустани за полнички девојчиња низ Скопје ?? Имам сестра матурантка но малце полничка е и стварно не можеме никаде да најдеме фустан за неа , па мислам да одам во Скопје неделава со надеж дека ќе најдеме нешто.. Фала однапред
А зошто не сошиете нешто? Цената ќе биде слична, а вака ем мерка точна ќе даде, ем ќе си одбере моделче какво сака.
^ Да, шијте, тоа повеќето шијат и слаби и полнички, така што тоа ви е идеалното решение, таман ко за нејзе ќе биде. Инаку се вратив јас, и фустанот и тоа марамата за влегување ги зедов, и ја и останатите што го видоа сме презадоволни стварно алал да и е на женава си викам, истиот до детаљ го има направено. Сега не можев да се доловам точно како што ќе бидам без шминка, фризура, хулахопките какви што ќе носам и останати детали, но само фустанот гледајќи го прекрасен е.
сакавме да шиеме ама со надеж дека ќе најдеме нешто го оставивме тоа , инаку сега веќе е доцна , матурата и е на 20ти мај
Морам да се пофалам дека конечно средив се околу матурата. Фустанот го земав уште во средата и премногу ми се допаѓа, потполно е ист како што го замислив. Штиклите и плик ташната ги имам купено уште пред месец дена, накит вчера и за се имам закажано. Мислам дека ми падна камен од срце и останува уште да дојде 16ти
Женски, предлог за косава, за матурата ?? Фустанот ќе биди долг, корсетот во вид на срце ќе биди, значи, фустанов не е елегантен премногу. Одоздола е краток,една педа и пол од интимата е, а над кратково ќе има материјал пуштен, разигран, лесен материјал Сакав да ми биди фатена во кок, се заљубив во кок/овите од џенифер лопез Ама размислував, да не бидам премногу празна на рамениците, градите.. Пеглана ако ми биди знам дека ќе се накрши, виткана ако биди мора да биди со 1 тон лааааак и пластична ќе ми биди косата, а за матурава баш несакам таква коса,пластичнаа... И незнам идеа како да ја правам. Немам закажано на фризер, бидејќи бев убедена дека ќе ја правам кок и тоа го можам сама. А сеа... ХАХХАХАХА Предлооог? <3
За закажување на фризер не би требало да е толкав проблем ќе најдеш фризер. Јас имам другарки што сеуште немаат закажано. Но, изборот на фризурата треба да е твој. Ти најдобро знаеш што сакаш и што најдобро ти стои. Се согласувам со тебе дека премногу лак не изгледа баш најдобро и моето мислење е дека треба да се избере некоја поедноставна фризура што одговара на настанот, но и на годините.
Другарките што закажуваа претходнава недела, во средата одвај најдоа термин,пошто повеќе училишта ќе ја прават матурата во ист ден, исто време.. А сите сакаатпред матурата пред 2 до 3 саати најмногу, а и терминот со нокти можеби нема да ми се совпадни :/ Тоа е проблемот.. Сакам повеќе лежерна фризура, да не биди како штотуку станата до спиење, ама да биди доволно елегантна, но не нападна и со 1 тон лак или пак сарми
Честитки за сите матурантки ,ми треба мала помош од вас . Што би сакале за поклон да добиете за матура ,знам за секого е индивидуално но еве јас сум на матура и несакам да дадам пари туку да остане спомен ама за таа возраст незнам дали ке погодам некои обетки или саат дајте предлог во кои продавници да одам да не направам утка мислам да потрошам околу 3000 ден .
Кога јас бев матурантка, единствениот поклон кој ми беше погоден беа обетки што ми ги подари баба ми, но јас сама си ги избрав И еден часовник кој други го избрале, но ми се допадна и го носам. Добив и прстенчиња - а јас не носам прстени, а и да носев не ми беа по вкус. Добив едно специфично ланче кое само еднаш го носев, а не ни имам на што да го комбинирам. Така да... Значи искрено, најубав поклон се парите па после матурантот сам ќе си одлучи што со нив. Јас се радував ко прваче на 5ка, на секој плик со пари затоа што сакав да си соберам пари за одмор. И си собрав и плус ми останаа за некои тракатанци за мене. Е сега ако дефинитивно сакаш да купиш подарок, мој предлог е часовник, некој ваков едноставен и нема утка. Овие се околу 3000-3500 денари. Е сега па ризик ти е можеби веќе има, можеби не носи часовници и слично, но најчесто е супер подарок
Еве го моето чипче од фустанот . А ќе биде под градите Различна боја има на различна подлога Кај мене ќе е на шампањ
И јас сум матурантка годинава ама незнам дали е до мене или јас не ја доживувам како сите многу фама се крева според мене ...:/
И јас сум матурантка и фустанчето ми е готово уште пред пола месец утре штикли ќе си купам и ташна деновиве и готова сум По мене задоволна сум па сега кој како ме доживува тоа е друго ИИИИ нова сум на форумов се надевам ќе се дружиме